Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање специјална државна комисија за борба против ковид-19

Опозицијата уверува дека нема да ги блокира здравствените мерки кои ги предложи Владата до Собранието.

Иако расправата за измените во законот беше одложена на барање на ВМРО ДПМНЕ, денеска од партијата побараа да се закаже седницата, но велат нема да дадат поддршка.

- За да не им послужи како изговор тоа што законот кој го предлагаат има недостиг од суштински мерки за борба против пандемијата и да не почнат со спинови за тоа кој е виновен за слабото работење на Комисијата на министерот за здравство, ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта уште во текот на денешниов ден, да закаже собраниска седница. Знаеме дека немаат кворум, но ние ќе бидеме коректни, ќе го направиме кворумот на собраниската седница. Иако ќе бидеме воздржани, сепак ќе овозможиме овој предлог закон да помине, вели Антонио Милошоски – пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека одговорноста за високиот број на заболени и починати е кај Комисијата за заразни болести, па затоа бараат на нејзино место Собранието да формира нова Комисија, во која би влекле истакнати експерти, а одлуките би биле задолжителни, а не советодавни како сега..

Оваа идеја лично на Филипче вчера му ја презентирал инфектолот Вело Марковски, кој од скоро е нов член на ИК на партијата, но предлгоот бил одбиен.

Министерот во ова гледа обид за блокада на мерките поради дневно-политички поени.

-Барањето за формирање на нова Комисија која ќе ја избира Собранието е само начин да се прикаже наводна грижа и конструктивност и истото е целосно неиздржано. Во Комисијата за заразни болести членуваат врвни професионалци, експерти во својата област. – пишува Филипче на фејсбук.

Повик до опозицијата за побрзо да се изгласаат законските измени, упатија и од СДСМ.

-Наместо носење на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои се важни за поголема заштита од коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Христијан Мицкоски прават се за да го кочат процесот. Тоа е опасно по јавното здравје и спротивно на интересите на граѓаните и здравствените работници,изјави Костадин Костадинов – пратеник од СДСМ.

Оваа точка според најавите ќе се најде на дневен ред во Собранието следниот вторник. Доколку ваквите измени се усвојат во Собрание, заштитните маски ќе бидат задолжителни и на отворено, ќе се ограничи групирањето по 22 часот и ќе биде забрането да се примаат повеќе од четворица гости во домовите.

Tаравари се сретна со европскиот емисар Питер Ванхоуте

Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце .

Претседателот на Алијанса за Албанците , Арбен Таравари во текот на денешниот ден одржа средба со европскиот емисар, Питер Ванхоуте.

"Денеска имавме добра и продуктивна средба со европскиот емисар г. Ван Хојтен. Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце!", пишува Таравари.

Потсетуваме дека дипломатот Питер Ванхоуте има мандат од Европската Унија како посредник за уставни измени.

Израелците со двеминутно молчење им оддадоа почит на жртвите на холокаустот

Израелците денеска одржаа двеминутно молчење за жртвите на Холокаустот, 80 години по убиството на шест милиони Евреи од страна на нацистите во Европа и Северна Африка.

Сирените се огласија низ Израел точно во 10 часот по локално време за комеморацијата на загинатите Евреи во Втората светска војна.

Пешаците и возилата запреа на улиците и главните автопати, а возачите и патниците излегоа со наведнати глави, јавија израелските медиуми.

По двеминутно молчење, почна церемонијата во Меморијалниот центар на холокаустот Јад Вашем во Ерусалим по повод Денот на сеќавањето на жртвите.

Синоќа во Јад Вашем, на почетокот на одбележувањето на Денот на сеќавање на холокаустот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека денес, како и тогаш, пред осум децении, доколку Евреите бидат принудени сами да се спротивстават на непријателот, Израел ќе го направи тоа.

- Пред осумдесет години во холокаустот, еврејскиот народ беше целосно беспомошен против оние кои тежнееја кон наше уништување. Ниту една земја не дојде да ни помогне. Денес повторно се соочуваме со непријател кој сака да не уништи, рече израелскиот лидер, алудирајќи на меѓународно спротивставување на воената операција во Рафа во Газа, закани со потерници од Меѓународниот кривичен суд во Хаг и критики за однесувањето на израелската армија во борбите на палестинската територија.

Нетанјаху рече дека нема притисок, одлука, меѓународен форум што ќе го спречи Израел да се брани. Тој го отфрли меѓународниот притисок да се запре војната во Газа.

- Како премиер на Израел, една и единствена еврејска држава, ветувам овде од Ерусалим на Денот на сеќавањето на холокаустот, ако Израел биде принуден да стои сам, Израел ќе застане сам, рече израелскиот премиер и оцени дека Израел не е сам затоа што безброј достојни луѓе ширум светот ја поддржуваат каузата на земјата.

Тој го спомена и американскиот претседател Џозеф Бајден, велејќи дека американскиот лидер е посветен на одговорноста научена од холокаустот.

- На Денот на сеќавањето на Холокаустот, жалиме за шесте милиони Евреи кои беа убиени во едно од најтемните поглавја во човечката историја, објави Бајден на X, додавајќи дека ја повторува својата посветеност на лекциите од Холокаустот и ветувањето за „никогаш повторно“.

Стано: ЕУ се уште не решила дали ќе учествува на инаугурацијата на Путин, Борел е против

 Европската Унија и нејзините земји членки засега се уште не решиле дали ќе присуствуваат на утрешната инаугуративна церемонија во Москва со што официјално треба да започне новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин

Европската Унија и нејзините земји членки засега се уште не решиле дали ќе присуствуваат на утрешната инаугуративна церемонија во Москва со што официјално треба да започне новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Можам да потврдам дека поканата од Кремљ за утрешната инаугурација на Путин е пристигната и до земјите членки и до Делегацијата на ЕУ во Москва. Ние секогаш имаме за цел да изградиме координиран европски пристап кога е во прашање надворешната политика, па во моментов меѓу земјите членки се дискутира како да се одговори земајќи ги предвид сите релевантни елементи, истакна Стано.

Тој нагласи дека засега не е донесена никаква конечна одлука во однос на поканата, но потенцира дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика безбедност Жозеп Борел е против учество на претставници на Унијата на овој настан во Москва.

притисни ентер