Милошоски: Владата нарачува, Обвинителството спроведува политички случаи

Владата нарачува случаи, обвинителството испорачува политички случаи и очекувам во тој дел обвинителството да го користи аргументот на силата пред судот.

Почитувани, во врска со овој случај ги известив Коалицијата за правично судење, Мисијата на ОБСЕ, Мисијата на Европската унија, да проследат целиот случај од почеток до крај, бидејќи сакаме и тие да се уверат дека се работи за политички арбитререн, правно неоснован, но за жал политички мотивиран случај.

Втората работа која сакам да ја истакнам е тоа што самото обвинение е компромитирано, од две причини, прво обвинението го има почнато како истрага г-ѓата Катица Јанева како поранешна специјална обвинителка, која како што видовме се занимавала и со рекетирање, а го продолжува нејзината другарка Фетаи, за која што Државниот завод за ревизија утврди дека истата незаконски земала 87 илјади евра хонорари токму од Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство.

И третата работа која што сакам да ја споменам е дека сум свесен дека дел од Обвинителството е под силно влијание на Владата. Владата нарачува случаи, обвинителството испорачува политички случаи и очекувам во тој дел обвинителството да го користи аргументот на силата пред судот. Но, како одбрана спремни сме да ги користиме силата на аргументите и сите други потребни докази за да ја увериме и јавноста која што е поканета да го следи овој случај дека се работи за правно не основан и политички монтиран предмет.

Прашање: Врз основа на што го темелите тврдењето дека е политички случај, настрана судскиот дел каде што велите дека е неосновано обвинението?

Одговор: Зборам за обвинението, точно за обвинителниот акт, ако го прочитате ќе видите дека е паушален, арбитререн, политички мотивиран и без издржани докази и затоа сметам дека се работи за политички мотивиран случај, кој што ве поканувам како медиуми да го следите на сите рочишта за да може и самите да бидете уверени.

Прашање: Велите политички процес, но сепак и вие сте пратеник, доаѓате од политичка партија, доаѓате во својство на пратеник нели е тоа своевиден притисок и за судот и за обвинителството, ако зборуваме за политички притисок?

Одговор: Јас во моментот не би го коментирал судот, само би го коментирал обвинителството и обвинителниот акт. Обвинителството е под силно влијание дел од обвинителството на актуелната влада, а самиот обвинителен акт е арбитререн, правно неиздржан и политички мотивиран и во самиот суд ќе го докажеме ова со силата на аргументите.

Прашање: Кои се вашите најсилни аргументи?

Одговор: Па тоа ќе го кажеме на самите рочишта, не би сакал да преудицирам.

Бројот на Австријци кои живеат во сиромаштија се зголеми за повеќе од 50 проценти

 Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто, од 201.000 во 2022 година на 336.000 минатата година, соопшти Заводот за статистика на земјата.

Според бројките презентирани од Статистика Австрија, погодените луѓе не можеле да си дозволат многу секојдневни работи како кирија, греење или храна.

Децата и младите се релативно почесто погодени од сиромаштија отколку возрасните.

Во опасност од сиромаштија се 41 отсто од самохраните родители и 31 отсто од семејствата со најмалку три деца.

Според податоците, процентот на жители во ризик од сиромаштија би изнесувал дури 42 отсто без државна социјална помош.

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

притисни ентер