Милошоски: Незаконски избор на судии во Апелација, Камбовски изврши и кривично дело - Канал 5

Милошоски: Незаконски избор на судии во Апелација, Камбовски изврши и кривично дело

Потпретседателот на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски го коментираше вчерашениот избор на судии во Апелацискиот суд нарекувајќи го незаконски.

Милошоски: Незаконски избор на судии во Апелација, Камбовски изврши и кривично дело

Потпретседателот на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски го коментираше вчерашениот избор на судии во Апелацискиот суд нарекувајќи го незаконски, а за претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски на својот профил на Фејсбук напиша дека извршил и кривично дело. Трагично или не, вели тој, но реформи на судството со оваа постава во Судскиот совет не би можел да изведе ниту илузионистот Дејвид Коперфилд.

-Првата незаконитост е што ниту записниците, ниту двете ранг-листи на кандидати за избор на судии за Апелационен суд Скопје, не се потпишани и верифицирани во полн состав од Комисијата за рангирање на кандидати за избор на судија во повисок суд, која мора да има тројца членови, а потпишани се само двајца. Оваа Комисија, формирана со Одлука на РСС на 15.12.2023г., била во состав: Миљазим Мустафа-Претседател, Мирсад Суроји и Ивица Николовски, членови. Меѓутоа, Записниците и Предлог ранг-листите на кандидати за избор на судии на скопска Апелација од 14.01.2025 се потпишани од само двајца членови – Миљазим Мустафа и Ивица Николовски. Осум дена после некомплетното потпишување на записниците и ранг-листите на некого во РСС му станало јасно дека работат спротивно на чл.2 и чл.11 од Правилникот за начинот на рангирање на кандидатите за избор на судија во повисок суд, па на 22.01.2025 е донесена Одлука за дополнување на одлуката за формирање на комисијата, така што на местото од Мирсад Суроји, да членува Аритон Ала, но со оваа одлука не може да се поправи веќе сторената груба повреда. Поради наведеното, предложената ранг-листа е НИШТОВЕН акт врз кој не може да се остваруваат права, ниту можело да се продолжи со процесот на селекција, пишува Милошоски.

Како второ, тој посочува дека сегашниот претседател на Советот, Александар Камбовски, сторил кривично дело неизвршување на судска одлука во врска со овој процес на рангирање на кандидати за избор во повисок суд.

-Имено, иако бил известен 5 месеци пред вчерашната седница, тој како претседател на РСС не постапил по конечно решение на Врховниот суд и правосилна пресуда на Управниот суд, со кои се укажува на сторени суштински повреди од страна на Судскиот совет на Законот за општата управна постапка и погрешно утврдена фактичка состојба во постапката на оценување на еден од кандидатите, што е спротивно на одредбите од Законот за Судскиот совет. Неизвршување на судска одлука претставува посебно кривично дело предвидено со член 377 од Кривичниот законик, во кој со став 2 е предвидена санкција парична казна или затвор до три години. Судскиот совет изборот на судии вчера го извршил без да го сочека одлучувањето на Управниот суд по тужба и предлогот за времена мерка поднесени против решение на Судскиот совет во постапката на оценување на кандидатите, наведува Милошоски.

Трето, пишува тој, решенијата за оценување на кандидатите (донесени во 2023г.) се потпишани од неовластено лице - Сашко Георгиев, кој немал овластување за потпишување на посочените акти.

- Бидејќи со Пресуда од 14.12.2023 на Управниот суд, се поништува Одлуката бр.02-934/1 на Судскиот совет со која В.Дамева се разрешува од функцијата Претседател на Судскиот совет. Дејството на оваа пресудата е ex tunc, односно се смета дека оспорената Одлука бр.02-934/1 не ни постоела во правниот промет, ниту пак можела да произведе било какво дејство. Со други зборови, во време кога се донесени решенијата за оценување на кандидатите Претседател на Судскиот совет била Весна Дамева, и таа требало да ги потпише решенијата, а не Сашко Георгиев, тогаш член на Судскиот совет. За отстранување на оваа противречност, решенијата за оценување на кандидатите можел да ги потпише новиот Претседател на РСС, Камбовски, но истиот не превземал дејствија за да го корегира овој пропуст, наведува Милошоски.

Како четврто, тој го наведува фактот дека добар дел од решенијата за оценување на кандидатите немаат образложение како и на кој начин е утврдена основата за пресметување на оцената, како се применети квалитативните критериуми, како е утврдена средна образложена оцена од Комисијата при РСС, како е извршена пресметка на бодови според квантитативните критериуми, со што на сомнителен начин, арбитрерно, со голема врски и субјективизам е креирана конечната ранг-листа, со што е сторена повреда на одредбата од член 89 од Законот за Судскиот совет.

Во продолжение наведува дека сериозна неправилност е и фактот што се врши избор по оглас распишан пред скоро 3 години, како и дека и ранг листата е правена за резултатите и достигнувањата што судиите ги имале до пред три години, но, не се земени во предвид подобрите (или влошените) резултати, дополнителната едукација, менторство и/или преземањето дополнителна работа во вршење на судиската функција, во прилично долгиот период од распишувањето на огласот до вчерашниот избор, што на секој од кандидатите можело значително да му влијае на промена на вкупните бодови во рангирањето.

-Дополнително, со вчерашниот избор се дискриминирани и оние судии кои кога бил распишан огласот во 2023 година не ги исполнувале условите, но сега во моментот на избор веќе ги исполнуваат, а сепак вчера им било ускратено правото да учествуваат како кандидати и со тоа неосновано биле дискриминирани, наведува Милошоски.

Како шесто, посочува тој, легитимноста на процесот на одлучување е компромитирана, бидејќи е спорен легитимитетот на петмина членови на Судскиот совет на кои им е изгласана недоверба од Собранието на Македонија, законодавен дом кој ги избрал и пред кого даваат отчет. Затоа, наведува Милошоски, сите одлуки за кои овие членови гласале можат да бидат оспорени во соодветна постапка пред надлежен суд, со што би бил оспорен и вчерашниот избор на судии во повисок суд.

-Сума сумарум, во постапката за избор на судии во скопска Апелација се направени суштински повреди на процедурата на Судскиот совет, има погрешна примена на материјалното право и нецелосно утврдена фактичка состојба. Ова се сериозни незаконитости заради кои при евентуална тужба на било кој од кандидатите пред надлежен суд ќе се поништат одлуките за избор во скопска Апелација, слично како што пред скоро време беше поништена и незаконитата постапка на Судскиот совет за предлог на еден член на Уставниот суд. Истовремено, доколку Јавното обвинителство или било кој од кандидатите ја обезбеди целата документација каде РСС ги игнорирал конечното решение на Врховниот суд и правосилната пресуда на Управниот суд, со кои по тужба на еден од кандидатите се укажува на сторени суштински повреди од страна на Судскиот совет во оваа постапка за рангирање, тогаш ќе имаат сериозна основа за покренување на обвинение против претседателот на Советот, Александар Камбовски, за неизвршување на судска одлука, казниво според чл.377 од Кривичниот законик. Трагично или не, но реформи на судството со оваа постава во Судскиот совет не би можел да изведе ниту илузионистот Дејвид Коперфилд, завршува Милошоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж и жена направиле „фабрика за деца“, ги злоставувале новороденчињата- хорор во Лос Анџелес

Брачна двојка од Калифорнија ја претворила својата вила во округот Лос Анџелес во морничав објект за сурогат мајчинство, каде што најмалку 14 деца се родени од сурогат мајки, вклучувајќи бебиња на возраст од само два месеци. 

Маж и жена направиле „фабрика за деца“, ги злоставувале новороденчињата- хорор во Лос Анџелес

Тие наводно биле постојано злоупотребувани и тепани од нивните „дадилки“, соопштија обвинителите, според „Law&Crime“.

Гваџун Сјуан (66) и Силвија Жанг (39) беа обвинети во вторник по едно обвинение за заговор за извршување злоупотреба на деца. Сјуан е обвинет и за кривично дело злоупотреба на деца, помагање и поттикнување на кривично дело и пет обвиненија за заплашување на сведоци.

Двојката ангажирала „повеќе дадилки за да ги надгледуваат и дисциплинираат децата“ кои живееле во нивната вила во Аркадија. Меѓу нив имала жена која веќе е обвинета за злоупотреба на деца под околности што веројатно би резултирале со сериозни повреди или смрт, соопшти Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Лос Анџелес.

Според обвинителите, 21 дете живееле во домот на Шуанг и Жанг. 15 од нив наводно биле подложени на „повторено физичко малтретирање“, додека 14 се родени преку сурогат мајчинство. Двојката беше под истрага и уапсена минатата година, но подоцна беше ослободена без обвинение.

„Бројот на деца кои биле подложени на оваа наводно ужасна злоупотреба е без преседан“, изјави во вторникот окружниот обвинител на округот Лос Анџелес, Натан Џ. Хохман.

Случајот беше откриен откако полицијата добила пријава дека 2-месечно бебе претрпело повреда на главата. Шуанг и Жанг се обвинети за создавање дом каде што децата биле „систематски тепани и казнувани ако не го стореле она што им било кажано“.

Според кривичната пријава, Шуанг и Жанг воделе сопствена компанија за сурогат мајчинство и наводно им давале лажни информации на најмалку две жени кои се согласиле да бидат сурогат мајки. На една од нив наводно ѝ било кажано дека Жанг е „самохрана мајка која се бори да има дете“.

„Дадилките“ кои биле одговорни за грижата за децата родени преку сурогат мајчинство поминувале по неколку часа секој ден во импровизирани училници во домот Аркадија, се тврди во обвинението.

Според обвинителството, Шуанг и Жанг поставиле три соби во домот како „центри за учење“, каде што бројни мали деца поминувале по неколку часа секој ден седејќи на бироа под надзор на дадилките. Низ целиот дом биле инсталирани околу 32 камери активирани со движење, снимајќи видео и аудио, вклучувајќи ги и собите каде што биле децата и дадилките.

Во текот на 11 дена, од 27 април до 7 мај 2025 година, камерите наводно ги снимиле дадилките како ги удираат, удираат и тепаат децата. Во еден случај, дадилката наводно удрила дете со чевла, додека Жанг и друга дадилка „се смееле додека го гледале видеото“.

Обвинителите тврдат дека на 30 април 2025 година, Сјуан влегол во една од училниците и ѝ рекол на дадилката која го казнувала детето да „го удри посилно“. Потоа постојано го удирал детето по телото, го удирал по главата со отворена дланка, а потоа го кренал држејќи го за едната рака додека продолжувал да го удира, според обвинението.

Камерите не го покривале секој дел од куќата, тврдат обвинителите. Една соба не била под видео надзор, а некои дадилки биле видени како „внесуваат деца во таа соба“ на видеото.

„Врисоците на децата можеле да се слушнат одвнатре“, тврдат обвинителите.

Двомесечното момче кое претрпело повреда на главата наводно било удрено од дадилката на 4 мај 2025 година. Шуанг и Жанг чекале два дена пред да побараат медицинска помош, според обвинението, и наводно им кажале на здравствените работници дека бебето „паднало од кревет“.

Двојката е обвинета и за тоа што ги советувала децата што да им кажат на полицајците за да ги молчат за злоупотребата и за криење стапчиња што наводно биле користени за тепање на децата.

„Жанг им наложил на децата... да негираат дека биле тепани“, се наведува во обвинението.

Издаден е налог за дадилката, Чунмеи Ли, која веќе е обвинета, со кауција од 105.000 долари, велат обвинителите. Шуанг и Жанг требало да се појават на суд во Пасадена во вторник.

Како што претходно беше објавено, државата им одзела 21 дете кое живеело со Шуанг и Жанг. Двојката наводно пронашла сурогат мајки преку Фејсбук.

Доколку биде осуден, Шуанг се соочува со затворска казна до 17 години и четири месеци, додека Жанг може да биде осуден на максимум 11 години и осум месеци. Чунмеи Ли се соочува со затворска казна до 12 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Петгодишно момче почина откако голем видеоекран падна врз него вчера во основно училиште во Флорида. 

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува „Пипл“.

Заменик-шефот на полицијата во Палм Беј, Ник Шчепански, потврди на прес-конференција дека вработените во училиштето веднаш се јавиле на 911 и почнале сами да му помагаат на момчето додека не пристигнале болничарите. Семејството го идентификувало момчето како Белами Докинс-Морис.

„Според првичните информации, се чини дека станува збор за трагична несреќа. Сепак, нашите истражители од Одделот за специјални жртви и сериозни кривични дела, заедно со форензичарките, спроведуваат детална истрага“, објасни Шчепански.

„Очекувавме да биде безбеден во училиштето“

Полицијата и училишниот округ Бревард сè уште не објавија точно како паднал екранот. Семејството на детето им кажа на локалните медиуми дека им било кажано дека Белами го нишал екранот пред структурата да се преврти врз него. Поради ова, тие се прашуваат дали екранот бил правилно обезбеден и дали момчето било надгледувано.

„Очекувавме да биде безбеден во училиште, но не се врати кај нас“, рече тетката на Белами, Миријам Родригез. „Тагата се претвори во гнев. Бараме одговори, и тоа сега“, додаде таа.

Надзорникот на училишниот округ, Марк Рендел, го опиша вчерашниот ден како „неверојатно тежок ден“ за целата училишна заедница. „Денес изгубивме скапоцен млад живот и нема зборови со кои би се опишала таа загуба“, рече тој на прес-конференција. „Се сретнав со семејството пред малку. Се занимавам со оваа работа повеќе од 30 години и навистина не знаев што да кажам за да ја пренесам мојата болка и тага што сите ја чувствуваме“, рече тој.

Рендел им се заблагодари на службите за итни случаи за нивниот брз одговор и на болничкиот персонал за нивните напори да го спасат момчето. Тој нагласи дека негов приоритет сега е да им пружи поддршка на учениците, наставниците и на сите во училишната заедница. „Постои празнина во срцата на членовите на семејството и јас го чувствувам истото. Загубата е неопислива“, рече тој и ја замоли јавноста да биде со семејството на момчето и со училишната заедница на Ривиера во нивните мисли и молитви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селин Дион падна среде концерт во Франција (ВИДЕО)

Селин Дион падна на сцената за време на концерт во Франција, но брзо се опорави и продолжи да настапува како ништо да не се случило.

Селин Дион падна среде концерт во Франција (ВИДЕО)

Несреќата се случи во среда вечерта во Нантер, каде што пејачката одржува концерти како дел од серијата настапи „Селин Дион Париз 2026 - 2027“. За време на изведбата на една од песните, Дион отскокна на едната нога, потоа ја изгуби рамнотежата и падна. Падна на задникот и успеа да го ублажи падот со раката. Веднаш стана, крена палец нагоре за да ѝ покаже на публиката дека е добро и продолжи да пее.

YouTube video

Видеото од падот привлече внимание

Гари Франк, кој ја сними несреќата, за Storyful изјави дека падот на пејачката го изненадил и го загрижил. Сепак, тој бил воодушевен од тоа колку брзо таа се навикнала и продолжила да настапува. Тој додаде дека несреќата воопшто не влијаела на остатокот од концертот.

Враќање на сцената по повеќегодишна пауза

Селин Дион се повлече од концертните сцени во последните години поради синдром на вкочанета личност, ретко невролошко нарушување кое предизвикува мускулна вкочанетост и болни грчеви. И покрај здравствените проблеми, пејачката се врати во јавноста во 2024 година со настап на отворањето на Олимписките игри во Париз, а со нова серија концерти се враќа на редовните настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер