Милошоски: Не ни треба движечка мета, туку остварлива понуда од ЕУ - Канал 5

Милошоски: Не ни треба движечка мета, туку остварлива понуда од ЕУ

Во своето обраќање, Милошоски се осврна на процесот на европската интеграција на Македонија и пошироката дебата за иднината на проширувањето на Европската Унија. 

Милошоски: Не ни треба движечка мета, туку остварлива понуда од ЕУ

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонијо Милошоски, денес учествуваше на панел-дискусијата на тема „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“, организирана од Вилфред Мартенс центарот и Фондацијата Конрад Аденауер, по повод Денот на Европа 2026 година.

Конференцијата се одржа под наслов „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, а поздравно обраќање имаше претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Покрај потпретседателот Милошоски, на панелот учествуваше и Н.Е. Петра Дракслер, амбасадор на Сојузна Република Германија.

Во своето обраќање, Милошоски се осврна на процесот на европската интеграција на Македонија и пошироката дебата за иднината на проширувањето на Европската Унија. Тој потсети на изјавата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која при посетата на Македонија посочила дека по промената на уставното име ќе се отвори европската перспектива за државата, но дека веднаш потоа следувало француското вето.

„Треба да ја разбереме комплексноста на Европската Унија. Европската комисија е наклонета кон процесот на проширување, но кај земјите членки постојат различни визии за идното проширување“, истакна Милошоски.

Тој посочи дека во рамки на ЕУ постојат неколку различни пристапи кон проширувањето – од поддршка на постојниот модел, преку концептот за помал број членки со подлабока интеграција, до гледишта кои новото проширување го поврзуваат со идниот мировен договор за Украина. Според него, постои и група земји членки кои не се против проширувањето, но немаат посебен интерес за ова прашање.

Милошоски нагласи дека Европската комисија не носи конечни одлуки за проширувањето и дека секој чекор што ќе го преземе државата треба да биде поврзан со јасна и остварлива цел.

„Нас ни треба искреност од страна на Европа, а не движечка мета во контекст на процесот на проширување. Сакаме да имаме кредибилна понуда која ќе биде остварлива, не само за нас, туку за сите земји аспиранти“, рече Милошоски.

Тој оцени дека темата за проширувањето сѐ помалку е присутна во политичките дебати во одредени земји членки, посочувајќи дека во актуелната претседателска дебата во Франција речиси и да не се отвора прашањето за проширување на Европската Унија.

Во однос на билатералните односи со Бугарија, Милошоски посочи дека последната официјална посета на претседател на бугарското Собрание во земјава била во 2008 година, додека последната официјална посета на претседател на македонското Собрание во Софија била во 2009 година.

„Парадоксално е што после потпишувањето на Договорот за добрососедство имаме реалност која е спротивна на насловот на овој договор“, истакна Милошоски.

На крајот од дискусијата, потпретседателот Милошоски нагласи дека државата и земјите од Западен Балкан имаат потреба од конкретни интеграциски придобивки и проекти кои ќе ја приближуваат регијата до Европската Унија, посочувајќи ги интеграцијата во СЕПА и иницијативата „роаминг како дома“ низ ЕУ како позитивни примери за практична европска интеграција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

Четвртиот нафтен танкер во последните 24 часа налета на мина во Ормускиот Теснец, соопшти Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГГ), пренесуваат иранските медиуми.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

„Четврти танкер во рок од 24 часа експлодираше во Ормускиот теснец откако удри во поморска мина“, се наведува во извештајот објавен синоќа на каналот на „Прес ТВ“ (Press TV) на „Телеграм“.

Иранската Револуционерна гарда претходно соопшти дека три нафтени танкери се запалиле и експлодирале додека се обидувале да користат, според тврдењата на Техеран, неовластени пловни патишта низ Ормускиот теснец.

Во соопштение од Морнарицата на Револуционерната гарда се наведува дека еден од танкерите превезувал два милиона барели сурова нафта кога налетал на мина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека досега нема никакво подобрување во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото присуство на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во американскиот град Атланта, јави ДПА.

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

„Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за дизел горивото“, додаде тој, осврнувајќи се на договорот меѓу САД и Кремљ за привремено укинување на санкциите, со цел да се овозможи набавка на руско дизел гориво и да се намалат цените на бензинските пумпи.

Лавров изрази незадоволство, наведувајќи дека „суштинските прашања не се решаваат, санкциите остануваат на сила, сите санкции воведени од (поранешниот американски претседател Џо) Бајден продолжуваат да се спроведуваат од страна на актуелната администрација, а се воведуваат и дополнителни санкции за нафтените гиганти ’Лукоил‘ и ’Роснефт‘“, пренесува германската агенција .

Осврнувајќи се на планираните трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија, Лавров истакна дека преговарачките позиции се јасни.

Според неодамнешните најави од Кремљ, делегациите планирале да се сретнат кон средината на ноември во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, за да ги продолжат разговорите за можно мировно решение, кои беа прекинати со месеци.

Истовремено, Лавров остро го критикуваше својот германски колега Јохан Вадепул, обвинувајќи го за одбегнувањето на министрите на вообичаената заедничка фотографиоја од состанокот.

Министрите за надворешни работи на Г20 ја откажаа заедничката фотографија на учесниците на разговорите во Атланта. Кратко пред почетокот на состанокот, шефот на германската дипломатија изјави дека „нема да има заедничка фотографија на која нашите европски партнери ќе бидат заедно со г-дин Лавров“.

„Јас тоа го нарекувам ’дипломатија на семејни фотографии‘“, рече Лавров. „Ако најважното нешто за нив е како изгледаат на една заедничка фотографија и кој стои до нив, тогаш тоа кажува сè“, пренесе ДПА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одземена дозволата за работа на АЛТА банка во Србија

Извршниот одбор на Народната банка на Србија (НБС) ѝ ја одзеде дозволата за работа на „АЛТА банка“ а.д. Белград. 

Одземена дозволата за работа на АЛТА банка во Србија

Банката е во сопственост на Давор Мацура, кој се смета за близок до Српската напредна странка – партијата на поранешниот претседател Александар Вучиќ, која претрпе пораз на изборите пред една недела.

Од НБС соопштија дека, со судска одлука, за стечаен управник ќе биде назначена Агенцијата за осигурување на депозити, пренесува nova.rs.

Во соопштение за јавноста, Народната банка на Србија наведува дека на оваа одлука ѝ претходеле контроли, преку кои се настојувало работењето на банката да се насочи кон зголемување на ликвидноста.

„Утврдено е дека во изминатиот период финансиската состојба на банката значително се влошила. Постои можност за дополнителен пад на ликвидноста, поради што се загрозени интересите на депонентите на банката“, се вели во соопштението на НБС.

Од централната банка додаваат дека одлуката е донесена со цел заштита на депонентите и зачувување на стабилноста на финансискиот систем, бидејќи се исполнети условите за одземање на дозволата, пропишани со Законот за банки.

Агенцијата за осигурување на депозити треба да обезбеди исплата на осигурените износи во рок од седум работни дена и да им овозможи на клиентите да располагаат со своите средства. Според податоците на НБС, сметката на „Алта банка“ е блокирана уште од 30 октомври.

Непосредно пред објавувањето на одземањето на лиценцата, компанијата „Алта пеј“ (Alta Pay), која работи во рамките на истата групација како и банката, ги известила своите деловни партнери плаќањата да ги вршат преку нејзините сметки во други банки – „Поштанска штедионица“ и ОТП (OTP), пренесува „Време“.

Овој потег бил невообичаелив, бидејќи „Алта пеј“ има сопствен платен промет и сметки, меѓу другото и во „Алта банка“. Компанијата, всушност, дала насоки да се заобиколат нејзините сметки во матичната банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер