Милошоски: Дали Коларевиќ поради свои интереси и насоки од Абази, кои доѓаат од Ахмети, Заев и Филипче, ја сопре постапката за случајот „Мазут” вреден 167 милиони евра? - Канал 5

Милошоски: Дали Коларевиќ поради свои интереси и насоки од Абази, кои доѓаат од Ахмети, Заев и Филипче, ја сопре постапката за случајот „Мазут” вреден 167 милиони евра?

​Денес ќе изнесеме два податоци кои упатуваат на блискоста на обвинителката Коларевиќ, со моминско презиме Маркова, со партиите СДС и ДУИ.

Милошоски: Дали Коларевиќ поради свои интереси и насоки од Абази, кои доѓаат од Ахмети, Заев и Филипче, ја сопре постапката за случајот „Мазут” вреден 167 милиони евра?

Таткото на Коларевиќ, Павле Марков, е избран за државен правобранител од владата на СДС во 1998 г. Мајката на обвинителката Колеревиќ, Вера Маркова, во 2004 од коалицијата СДС и ДУИ е избрана за уставен судија. Овие фамилијарни кариери на родителите во семејството Коларевиќ се цврсто поврзани со политичките номинации на владите на СДС.

Прашањето е дали затоа обвинителката Коларевиќ , за осомничени како Васко Ковачевски, Адријан Муча, Асмир Јахоски и други блиски до Ахмети, Заев и Филипче, не постапувала со мотив да ја открие вистината, туку со мотив да го заташка предметот Мазут тежок 167 милиони евра.

Обвинителката Коларевиќ, која што е блиска до СДС и ДУИ, добро знае дека во економскиот криминал, како што е случајот со ТЕЦ Неготино, штетата се утврдува со економско вештачење, а не со изјава дадена од некомпетентен или поткупен сведок или вработен во ЕСМ. Ваквото селективно постапување им дава повластена позиција на осомничените Васко Ковачевски, Адријан Муча, Асмир Јахоски и другите, а го деградира владеењето на правото.

И самото ЕСМ во соопштение јасно кажува дека тие коишто биле испитани во постапката, не биле ниту одговорни лица, ниту компетентни лица да проценат штета и да утврдат економски криминал со мазутот во ТЕЦ Неготино. Но, со прекинувањето на истрагата за овој 167 милионски евра скандал со силни индиции за перење на пари и тендерски криминал станува јасно дека решението на Абази и Коларевиќ не е поткрепено со правно-обвинителски аргументи, но веројатно е добро подмачкано со прескап мазут.

За да имаме владеење на правото и за довербата во правосудството да биде поголема од 2%, треба и обвинителите да подлежат на професионална, на дисциплинска, па и на кривична одговорност, кога има докази за истото.

Дали Коларевиќ како обвинителка поради свои интереси и насоки од блискиот до ДУИ, Ислам Абази, кои што доѓаат од врхушката на СДС и ДУИ, односно од Ахмети, Заев и Филипче, ја сопреа постапката за овој случај вреден 167 милиони евра?

Јавноста има право да знае, а Советот на јавни обвинители има обврска да се позанимава со професионалното или непрофесионално работење на обвинителите Абази и Коларевиќ.

YouTube video

Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Во Брвеница денеска се спроведува гласањето на болни и немоќни лица

Денес се спроведува гласањето на болни и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница., информира Државната изборна комисија. 

ДИК: Во Брвеница денеска се спроведува гласањето на болни и немоќни лица

Вкупно 107 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница.

Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Гласањeто денес започна во 7 часот утринава.

Вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Брвеница ќе го набљудуваат вкупно 61 акредитиран набљудувач од кои 56 домашни и 5 меѓународни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

Четвртиот нафтен танкер во последните 24 часа налета на мина во Ормускиот Теснец, соопшти Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГГ), пренесуваат иранските медиуми.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

„Четврти танкер во рок од 24 часа експлодираше во Ормускиот теснец откако удри во поморска мина“, се наведува во извештајот објавен синоќа на каналот на „Прес ТВ“ (Press TV) на „Телеграм“.

Иранската Револуционерна гарда претходно соопшти дека три нафтени танкери се запалиле и експлодирале додека се обидувале да користат, според тврдењата на Техеран, неовластени пловни патишта низ Ормускиот теснец.

Во соопштение од Морнарицата на Револуционерната гарда се наведува дека еден од танкерите превезувал два милиона барели сурова нафта кога налетал на мина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека досега нема никакво подобрување во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото присуство на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во американскиот град Атланта, јави ДПА.

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

„Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за дизел горивото“, додаде тој, осврнувајќи се на договорот меѓу САД и Кремљ за привремено укинување на санкциите, со цел да се овозможи набавка на руско дизел гориво и да се намалат цените на бензинските пумпи.

Лавров изрази незадоволство, наведувајќи дека „суштинските прашања не се решаваат, санкциите остануваат на сила, сите санкции воведени од (поранешниот американски претседател Џо) Бајден продолжуваат да се спроведуваат од страна на актуелната администрација, а се воведуваат и дополнителни санкции за нафтените гиганти ’Лукоил‘ и ’Роснефт‘“, пренесува германската агенција .

Осврнувајќи се на планираните трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија, Лавров истакна дека преговарачките позиции се јасни.

Според неодамнешните најави од Кремљ, делегациите планирале да се сретнат кон средината на ноември во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, за да ги продолжат разговорите за можно мировно решение, кои беа прекинати со месеци.

Истовремено, Лавров остро го критикуваше својот германски колега Јохан Вадепул, обвинувајќи го за одбегнувањето на министрите на вообичаената заедничка фотографиоја од состанокот.

Министрите за надворешни работи на Г20 ја откажаа заедничката фотографија на учесниците на разговорите во Атланта. Кратко пред почетокот на состанокот, шефот на германската дипломатија изјави дека „нема да има заедничка фотографија на која нашите европски партнери ќе бидат заедно со г-дин Лавров“.

„Јас тоа го нарекувам ’дипломатија на семејни фотографии‘“, рече Лавров. „Ако најважното нешто за нив е како изгледаат на една заедничка фотографија и кој стои до нив, тогаш тоа кажува сè“, пренесе ДПА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер