Милков: Софија со нота ќе бара безбедност за Бугарите кои ќе отидат во Скопје - Канал 5

Милков: Софија со нота ќе бара безбедност за Бугарите кои ќе отидат во Скопје

Софија со нота ќе бара безбедност за Бугарите кои ќе отидат во Скопје за годишнината од раѓањето на Делчев.

Милков: Софија со нота ќе бара безбедност за Бугарите кои ќе отидат во Скопје

Бугарското Министерство за надворешни работи ќе испрати нота до Скопје со барање да се гарантира безбедноста на Бугарите кои на 4 февруари ќе отпатуваат во Македонија за одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, најави денеска шефот на бугарската дипломатија Николај Милков.

– Клучно во моментов е да се обезбеди спокојство за Бугарите таму. Сакаме да постигнеме деескалација на тензиите, додаде Милков.

Тој најави дека за таа цел ќе претстои и телефонски разговор меѓу премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев.

– Разговорот ќе биде со цел да се гарантира безбедноста на Бугарите таму, но и на оние кои ќе заминат на одбележување на денот на раѓањето на Гоце Делчев. Со нота ќе бараме од Република Македонија да им обезбеди пристап на Бугарите кои ќе отпатуваат таму. Во минимален обем ќе има присуство и на претставници на Бугарската амбасада, изјави Милков, додавајќи дека проблем во сегашната ситуација е тоа што Бугарите и лицата со бугарско национално чувство во земјава „немаат доверба во основните институции“.

Тој нагласи и дека Бугарија нема да стави ново вето на европскиот пат на земјава, бидејќи, како што рече, тоа не е неопходно затоа што Македонија „не ни почнала преговори“.

– Има јасен критериум. Кога Бугарите ќе бидат вклучени во Уставот – почнуваат преговорите. Тогаш веќе можеме да размислуваме до кој степен ги исполнуваат критериумите. Во моментов тоа не е потребно. Тие имаат јасен услов, тоа е европски услов, ратификуван од нашиот Парламент и прифатен од нивниот Парламент како услов. Можеби затоа што гледаат што произлегува од тие услови, затоа сега таму се создаваат овие тензии, додаде Милков.

Во однос на најавите за забрана за влез во земјава на еден пратеник во Европскиот парламент и неколку други лица од Бугарија, Милков изјави дека доколку се случи такво нешто, тоа би претставувало настан без преседан од повеќе причини.

– Не ми е познато дека досега две земји членки на ЕУ меѓусебно си прогласиле поединци за персона нон грата. Забрана за влез на европратеници во земја кандидат ми изгледа нелогична, додаде Милков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот

Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството за кубење коса судат 4 години, а за криминалот во Мазут и жртвите од Модуларната и Ласкарци одговорност ни на повидок.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот

СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот, туку судство со двојни аршини.

Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудните органи, за кубење коса судат четири години затвор, а за кражба на 150 ќебапи три години.

Додека пак, кога се работи за тешки криминали и дела со смртни последици во кои постојат сомненија дека се вклучени лица од или блиски на СДС и ДУИ, како што се Венко Филипче, Зоран Заев и блиски на Али Ахмети, одговорност нема.

Така за случајот Ласкарци, каде што загинаа 16 луѓе, за пожарот во модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 сограѓани, како и за криминалниот случај Мазут, тежок од 167 милиони евра, граѓаните со години чекаат правда, одговорност за никој нема.

Ова се двојните стандарди кои ја урнаа довербата на граѓаните во правосудството.

Кога треба да се испита одговорноста на моќни поединци и интереси поврзани со СДС и ДУИ, постапките се одолговлекуваат, а одговорноста изостанува.

Правдата не смее да има партиска книшка, правосудството не може да биде заштитник и партиски бастион и упориште на моќниците од СДС и ДУИ.

Времето на недопирливите моќници и на штетниците во правосудството инсталирани од Зајас и Струмица, треба и ќе заврши, како што заврши власта на СДС и ДУИ.

Законот мора да важи еднакво за сите и правдата мора да биде еднаква и достапна за сите граѓани.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу.

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони го бомбардираа Јемен, а Хутите кои се поддржани од Иран лансираа беспилотни летала и ракети врз саудиските градови.

Нападите го оштетија нафтоводот исток-запад на Саудиска Арабија, го проширија досегот на Техеран во војната и ги зголемија глобалните ризици за снабдување со нафта. Само неколку часа по извештаите за борбите меѓу Хутите и Саудиска Арабија, Трамп им рече на новинарите „па, се надевам дека сме при крајот на војната“.

Тој посочи дека Иран сака договор, и дека цената на нафтата е сè уште висока.Проширувањето на војната во Јемен се заканува да го влоши глобалниот недостиг на енергија предизвикан од војната, што го наруши превозот низ Ормутскиот теснец. Теснецот пренесуваше околу 20% од глобалната нафта и течен природен гас пред конфликтот.Трговците велат дека продолженото затворање на нафтоводот исток-запад на Саудиска Арабија би можело да го намали глобалното снабдување со нафта за дури 4%.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Битола домаќин на Меморијален кошаркарски турнир „Зоран Петковски – Петкото“

Синоќа во Битола во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше организиран првиот меморијален кошаркарски турнир посветен на битолската кошаркарска легенда Зоран Петковски. 

Битола домаќин на Меморијален кошаркарски турнир „Зоран Петковски – Петкото“

Турнирот го организираше новоформираниот кошаркарскиот клуб „Зоран Петковски – Петкото“, а на него присуствуваа и членови на семејството Петковски.

Во своето обраќање градоначалникот на Битола Тони Коњановски рече дека Зоран Петковски е името кои не се заборава, голем спортски работник, поранешен кошаркар. Своите кошаркарски почетоци ги имаше Пелистер, беше и младински репрезентативец на Македонија во одличната генерација предводена од Митко Луковски, а потоа настапуваше за Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер.

„Се уште со голема така се присетуваме на нашиот пријател, другар, поранешен советник, спортски работник. И за неговото семејство, но и за нас голема е загубата на толку млад човек за кој спортото беше толку многу важен и за кој, спортот зближуваше, рекреираше, бодреше и инспирираше. Тоа беа неговите зборови на кои се присетувам и денеска на овој Прв Меморијален кошаркарски турнир „Зоран Петковски – Петкото“ кој два дена ќе се одржува во нашиот град“ рече градоначалникот на Битола.

Петковски во еден мандат беше советник во Советот на Општина Битола, задолжен за спортските теми. Човек кој со својата посветеност, енергија и љубов кон спортот остави неизбришлива трага во спортскиот живот на Битола.

Неговата поддршка на спортските иницијативи и неговиот несебичен дух ќе останат запаметени како пример за вистински битолски патриот и спортски ентузијаст.

Велеше во Битола, ќе создадеме услови и за екипните и за индивидуалните, но и училишните и рекреативните спортови. Ќе успееме, умно ќе ги искористиме и споиме постојните ресурси со новосоздадените и новопронајдени можности. Овие негови зборовои за нас остана аманет.

Некои луѓе оставаат толку многу зад себе, што секој што ги познавал носи по една своја приказна за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер