Миљаниќ: Црна Гора е трета во светот по број на вооружени граѓани - Канал 5

Миљаниќ: Црна Гора е трета во светот по број на вооружени граѓани

Црна Гора е трета во светот по број на вооружени граѓани, веројатно повеќе има илегално од легално оружје.

Миљаниќ: Црна Гора е трета во светот по број на вооружени граѓани

Според некои истражувања спроведени од меѓународни истражувачки куќи, Црна Гора го дели третото и четвртото место со Србија по бројот на издадени дозволи за оружје на граѓани во светот, зад САД и Јемен, изјави утрово за ТВ Вијести црногорскиот министер без ресор и експерт за безбедност Зоран Миљаниќ. - Ако тоа не е предупредување, тогаш не знам што е, потенцираше министерот.

Тој рече дека 52.340 граѓани во Црна Гора имаат легални дозволи за држење оружје. „Според некои истражувања направени од странски компании, во Црна Гора веројатно има меѓу 40 и 80 илјади илегани парчиња оружје, додаде тој.

Најголем проблем во Црна Гора, како што рече, се „врските и протекцијата“, односно „што некој што не е во добра здравствена состојба“ може да добие дозвола за поседување оружје.

- Растот на врсничкото насилство, како и ескалацијата на насилството на улиците е сериозен проблем кој бара системско решение, бидејќи државата е должна на граѓаните да им обезбеди мир и безбедност, потенцира експертот за безбедност.

„Можеби не размислувале така во Србија, па дојде до ова што дојде“, рече тој, мислејќи на вчерашното пукање во белградско училиште, во кое ученик од седмо одделение е осомничен за убиство на осум ученици и еден чувар. .

- Мораме сериозно да го сфатиме врсничкото насилство како цело општество и мора да преземеме мерки за да спречиме ескалација“, посочи Миљаниќ.

Според него, единствено решение е да се зајакнат регионите на позорникарите, во кои спаѓаат не само училиштата, туку цели градски населби.

Полицајците- позорникари порано беа многу ефикасни, брзо добиваат информации, но и влеваат страв кај деликвентите. Ако нема доволно полицајци за секое училиште, позорникарите би биле преодно решение“, смета тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Специјалниот“ Жозе Мурињо прогласен за тренер на месец октомври во Ла Лика

Шефот на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Жозе Мурињо, денес беше прогласен за најдобар тренер во шпанската Ла Лига за месец октомври.

„Специјалниот“ Жозе Мурињо прогласен за тренер на месец октомври во Ла Лика

Португалскиот стратег, „Специјалнио“ Жозе Мурињо го доби ова признание благодарение на одличните резултати што Кралевите од Мадрид ги постигнаа во текот на изминатиот месец.

Во октомври, „кралскиот клуб“ одигра три натпревари во првенството и забележа исто толку победи.

Реал прво го совлада Виљареал со 1:0 на домашен терен, потоа беше убедлив против Севиља (4:1), а месецот го заокружи со голем триумф во „Ел Класико“, каде што како гостин го победи најголемиот ривал, Барселона со 2:1.

На тој начин, Мурињо го водеше тимот од Мадрид низ октомвриските предизвици со максимален учинок и сосема заслужено ја доби наградата за тренер на месецот.

Инаку, Реал Мадрид продолжи со добрите резултати и во меѓувреме, бидејќи пред два дена, во рамките на 12-тото коло од Ла Лига, славеше на гостувањето кај Валенсија со резултат 3:0. Екипата од Мадрид моментално се наоѓа на второто место на табелата, со три бода помалку од лидерот Барселона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Притвор за братот на Виктор Орбан?

Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. 

Видео: Притвор за братот на Виктор Орбан?

Во Унгарија се приведени четири лица осомничени за трговија со луѓе како дел од криминална група која дејствувала заради стекнување финансиска корист, а полицијата покрена постапка за нивно задржување во притвор, соопшти Националната полициска управа (ORFK).

Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Иако полицијата експлицитно не го именуваше во своето соопштение, пренесува порталот „Index“.

Националното биро за истраги (NNI) го заврши испрашувањето на осомничените, кои беа приведени во понеделникот. Во истрагата учествуваат и Националната канцеларија за повраток и заштита на имот (NVVH), како и Европол.

YouTube video

Полицијата се сомнева дека, во текот на неколку месеци во 2024 година, осомничените им помагале на виетнамски државјани да добијат унгарски визи и потоа да отпатуваат во Западна Европа, наплаќајќи им таканаречени „надоместоци за регрутирање“.

Според досегашните наоди од истрагата, тие на овој начин им помогнале на повеќе од 100 виетнамски државјани.

Надлежните наведоа дека странските државјани тврделе оти доаѓаат во Унгарија на краток престој за да посетуваат курсеви за стручна обука. Сепак, повеќето од нив не ги посетувале овие курсеви, ниту пак ја напуштиле земјата откако им истекле визите.

Истражителите се сомневаат дека нивната вистинска цел била да стигнат до Западна Европа преку Унгарија. При претреси на неколку локации во Будимпешта и во округот Пешта, запленети се документи, електронски податоци и уреди кои би можеле да послужат како докази во истрагата за трговија со луѓе и корупција.

Еден од осомничените се товари и за тргување со влијание.

Орбан се огласи

Виктор Орбан на социјалните мрежи изјави дека постапката претставува политичка одмазда и дека неговиот брат е само средство што се користи за напад врз него.

„Јас сум целта, мојот брат е само средство“, напиша Орбан, тврдејќи дека целта е да се елиминира политички противник и да се воспостави еднопартиски систем.

Петер Маѓар, унгарска политичка личност, реагираше на овие изјави, истакнувајќи дека поранешниот премиер веднаш се обидел да ја префрли одговорноста врз другите и да се претстави себеси како жртва. Претставници на Фидес тврдат дека постапката против Арон Орбан е политички мотивирана, додека членови на опозицијата и правни експерти покренаа прашања во врска со владеењето на правото, тајмингот на започнување на истрагата и протекувањето на официјални информации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расел Бренд осуден на 10 и пол години затвор

Британскиот комичар и актер Расел Бренд е осуден на десет и пол години затвор во Лондон, откако минатата седмица беше прогласен за виновен за силување на една жена и три дела на сексуален напад.

Расел Бренд осуден на 10 и пол години затвор

Пресудата беше изречена во Кралскиот суд во Саутворк, а веднаш потоа Бренд беше ставен во притвор, пренесува *Page Six*.

Поротата донесе одлука по тридневно разгледување на случајот. Бренд беше ослободен од обвиненијата за уште две силувања и еден обид за сексуален напад. Судијата Бенатан претходно го предупреди дека „значителна“ затворска казна е неизбежна, а неговото барање за пуштање на слобода со кауција беше одбиено.

Осудата за силување се однесува на инцидент од 2009 година, кога една жена го обвини Бренд дека ја нападнал во неговиот дом во Лондон.

Нејзина пријателка сведочеше дека, по средбата, жената ѝ кажала оти неколкупати му рекла „не“ на комичарот и дека потоа чувствувала силна болка. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, за време на судењето, Бренд тврдеше дека сексуалниот однос бил доброволен и дека жената никогаш не побарала од него да престане.

Сепак, тој призна дека ја искористувал својата слава за да стапува во сексуални односи со жени. Но, пред поротата, тој инсистираше на тоа дека согласноста е „фундаментална, суштинска и неопходна“.

Обвинувањата против него првпат излегоа во јавноста во септември 2023 година, по истрагата спроведена од „Сандеј тајмс“ (*The Sunday Times*).

Судскиот процес опфаќаше седум обвиненија поврзани со шест жени и настани што се случиле во периодот меѓу 1999 и 2009 година.

Бранд се изјасни за невин по сите точки од обвинението.

Проблемите на Бранд не завршуваат тука. Лондонската полиција (Метрополитен полиција) истражува уште две пријави за силување. Една од нив се однесува на жена која имала 16 години кога, според пријавата, била во врска со Бранд, кој во тоа време имал 30 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер