Милиони се згрозени од она што го прави пица мајстор со тестото: Ова е одвратно (ВИДЕО) - Канал 5

Милиони се згрозени од она што го прави пица мајстор со тестото: Ова е одвратно (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи клип од локал на познат синџир пицерии.

Милиони се згрозени од она што го прави пица мајстор со тестото: Ова е одвратно (ВИДЕО)

Снимен е во Јапонија, а предизвика бурни реакции. Главната улога ја игра неименуван пица мајстор.

На почетокот гледаме работник како го меси тестото. Зборува со колега, а потоа го става прстот длабоко во носот.

Како тоа да не е доволно одвратно, работникот го пика прстот во тестото!

Неколку часа откако беше објавено на јапонските мрежи, видеото стана вирално, пренесува LadBible.

Познатата компанија упати јавно извинување и објаснување дека станува збор за „непримерно однесување на хонорарен работник“ во градот Амагасака.

Се додава дека „евидентирано е надвор од работното време“ и дека се преземени мерки нешто слично да не се повтори.

„Тестото не беше искористено за правење пица и веднаш беше уништено“, се вели во соопштението.

YouTube video

Работникот е казнет, ​​а ресторанот е привремено затворен заради темелно чистење.

„Длабоко се извинуваме што им нанесовме непријатности на нашите ценети клиенти“, беше објавено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус

Предводникот на кралевите од Мадрид, Жозе Мурињо не сакал да се појави на прес-конференцијата по натпреварот меѓу Реал и Виљареал.

Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус

Реал Мадрид успеа да излезе како победник во дуелот со Виљареал во шпанското првенство (1:0).

Единствениот гол го постигна Јан Диоманде, но во центарот на вниманието сепак бил Винисиус, кој предизвика скандал.

Контроверзниот ас на Реал доби директен црвен картон бидејќи го повлече противникот за коса.

Поради што, неговиот гол за водство од 2:0 беше поништен, бидејќи спорниот момент се случи за време на самата акција што доведе до погодокот.

И не само тоа, Вини вербално го нападна судијата Кордеро Дијаз, кој му покажа црвен картон откако ја прегледа снимката по сугестија од ВАР-собата.

Тука не заврши сè, бидејќи Жозе Мурињо дополнително ја влоши ситуацијата.

Португалскиот стручњак одби да се појави на прес-конференцијата по натпреварот. Шпанските медиуми пренесуваат дека тој наводно изјавил оти „стравува дека ќе биде суспендиран доколку зборува“.

Тоа би значело и дека би можел да го пропушти дербито против Барселона на 25 октомври. Токму тоа е натпреварот што би можел да го пропушти и Винисиус, доколку биде строго казнет за своето однесување.

Ситуацијата во Реал Мадрид е, благо кажано, проблематична. Тие моментално се трети на табелата во Шпанија со 18 бода, шест помалку од Барселона, додека Атлетико Мадрид е пред нив со 19 бода. Тешкотиите продолжуваат и за Мурињо и за клубот...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократски сојуз: Честит 11 октомври – ден на востанието на македонскиот народ

11 Октомври е еден од најзначајните датуми во македонската историја – симбол на слободата, храброста, националното достоинство и непокорот.

Демократски сојуз: Честит 11 октомври – ден на востанието на македонскиот народ

На овој голем празник, со длабока почит им оддаваме признание на сите борци кои се кренаа против фашизмот, жртвувајќи се за слободата, мирот и иднината на македонскиот народ.

Востанието од 11 октомври 1941 година останува траен симбол на стремежот за слобода и право на сопствена државност. Неговото историско наследство е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации.

11 Октомври е празник на сите граѓани и ден што треба да нè обединува. Тој нè потсетува дека слободата, правдата, солидарноста и љубовта кон татковината се вредности што нè поврзуваат и нè обврзуваат заеднички да ја градиме иднината.

Демократскиот сојуз останува посветен на демократска, просперитетна и европска Македонија, во која ќе се почитуваат слободата, достоинството и правата на секомј граѓанин.

Со гордост кон историското наследство, со единство во сегашноста и со одговорност кон иднината!

Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ!

Вечна слава на борците за слобода!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Несреќа во БиХ, автобус со фудбалери излета од патот, натпреварот веднаш бил откажан!

Натпревар од деветтото коло на Втората лига на Федерацијата Босна и Херцеговина – Центар, меѓу Горажде и Фамос од Храсница, кој требало да се одигра денес, е одложен по сообраќајна несреќа што ја доживеле гостите на пат кон стадионот! 

Несреќа во БиХ, автобус со фудбалери излета од патот, натпреварот веднаш бил откажан!

Во еден момент, автобусот со фудбалерите и стручниот штаб на Фамос излетал од патот, а инцидентот предизвикал голема загриженост.

За среќа, од Храсница пристигнале охрабрувачки вести – ниту еден фудбалер не е повреден, додека возачот се здобил само со полесни повреди.

Иако сите фудбалери поминаа без повреди, стресот и шокот по несреќата оставија последици. Во такви околности, тимот не беше во состојба да настапи на натпреварот, па членовите на клубот се упатија назад кон дома по инцидентот. По повод овој настан се огласи и ФК Горажде, од каде официјално потврдија дека натпреварот нема да се одигра во предвидениот термин.

- Ја известуваме јавноста, навивачите и спортската јавност дека натпреварот меѓу Горажде и Фамос е одложен. До одложувањето дојде поради сообраќајна несреќа во која учествуваше екипата на Фамос на пат кон Горажде. Поради сите околности и состојбата во која се наоѓа тимот, натпреварот нема да се одигра во предвидениот термин. Новиот термин за натпреварот ќе биде дополнително одреден и објавен штом ќе се исполнат сите услови – соопштија од Горажде, упатувајќи благодарност за разбирањето.

Најважно е што играчите на Фамос поминале без повреди, а новиот термин за натпреварот ќе биде дополнително објавен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер