МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
1МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
2Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
Шоу бизМилиони и изразија поддршка на Криси Тајген Емоционалната и искрена објава на Криси Тајген, манекенка и сопруга на музичарот Џон Леџенд, за загубата на бебето во петтиот месец од бременоста допре до многумина и предизвика бран реакции и поддршка.Повеќе од пет милиони луѓе и изразија поддршка за Криси и нејзиното семејство со реакции на Инстаграм, а илјадници луѓе одговорија во коментарите со пораки за поддршка и емотивни приказни. „Ние секогаш сме тука за вас и многу ве сакаме“, изјави Ким Кардашијан, на која Криси инаку и е блиска пријателка. "Моето срце се скрши за тебе и Џон, многу ми е жал за твојата загуба. Ви испраќам љубов. Ги сакам тие убавици", рече Парис Хилтон. „Во моментот ви испраќам многу љубов“, одговори актерот Чанинг Тејтум. Покрај многу познати личности, Криси во коментарите ја контактирале и многу жени кои поминале низ слични ситуации и и рекле дека е многу храбра штом објавува фотографии и вести на социјалните мрежи. "Јас обично не објавувам работи на профили на славните, но многу ми е жал за вашата загуба. Срцето ми е скршено за вас и за вашето семејство", напиша еден од нив. „Мислам дека не сфаќате колку сте силна за да го споделите ова со нас“, „Ох, јас бев на твое место. Роденденот на мојата Маја ќе беше во понеделник ... Дишете, прегрнете ги Луна и Мајлс, потпрете се на вашите блиски“ ,,Не сте ни свесни колку им помагате на многу луѓе споделувајќи ја оваа приказна. Им помагате на толку многу мајки кои поминале низ истата работа, сега тие се чувствуваат помалку сами. Ви благодарам за вашата храброст и искреност ", се само некои од коментарите. Најавата на Криси на тој начин охрабри многу жени да споделат свои приказни што досега ги чувале за себе. Некои од нив дури споделија песни посветени на нивните изгубени деца. "Јас ви испраќам љубов, од една мајка на ангел, ќе биде во ред. Еден ден ќе можете да го запомните без да плачете и да го имате во срцето без болка. Ќе биде добро" "Кога го изгубив бебето, чувствував толку многу болка и имав чувство дека тој никогаш нема да замине. И тогаш прочитав дека болката е само љубов која нема каде да оди. Денес има денови кога срцето ми е мирно, и има денови кога сè уште плачам. Жал ми е за твојата загуба ... ", „Овие фотографии се толку важни, не само затоа што кршите табуа, туку и вам“, „Ви благодарам што ја нормализиравте болката и загубата, премногу луѓе страдаат во тишина“, пишуваат луѓето. View this post on Instagram We are shocked and in the kind of deep pain you only hear about, the kind of pain we’ve never felt before. We were never able to stop the bleeding and give our baby the fluids he needed, despite bags and bags of blood transfusions. It just wasn’t enough. . . We never decide on our babies’ names until the last possible moment after they’re born, just before we leave the hospital. But we, for some reason, had started to call this little guy in my belly Jack. So he will always be Jack to us. Jack worked so hard to be a part of our little family, and he will be, forever. . . To our Jack - I’m so sorry that the first few moments of your life were met with so many complications, that we couldn’t give you the home you needed to survive. We will always love you. . . Thank you to everyone who has been sending us positive energy, thoughts and prayers. We feel all of your love and truly appreciate you. . . We are so grateful for the life we have, for our wonderful babies Luna and Miles, for all the amazing things we’ve been able to experience. But everyday can’t be full of sunshine. On this darkest of days, we will grieve, we will cry our eyes out. But we will hug and love each other harder and get through it. A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on Sep 30, 2020 at 8:58pm PDT Криси Тајген беше хоспитализирана пред три дена поради обилно крварење, а пред тоа мораше да се грижи за бременоста и не и беше дозволено да се движи. Дека очекуваат трето дете, објавија таа и нејзиниот сопруг Џон пред месец и половина во неговиот спот за новата песна Wild. Денес, во коментарите под видеото доминираат изрази на сочувство до семејството. "Шокирани сме и од длабоката болка за која само слушате, од болката што никогаш порано не сме ја чувствувале. Не успеавме да го запреме крварењето и да му дадеме на бебето потребна течност, и покрај трансфузијата крв. Едноставно не беше доволно", напиша синоќа Криси во црно бела фотографија на која седи на болнички кревет и плаче. "Никогаш не одлучуваме за имињата на бебињата до последниот можен момент, непосредно пред да ја напуштиме болницата. Но, поради некоја причина, започнавме да го викаме ова мало момче во мојот стомак Џек. Значи, тој секогаш ќе биде Џек за нас. - Жал ми е што имаше толку многу компликации што не можевме да ти го дадеме домот што ти беше потребен за да преживееш. Секогаш ќе те сакаме “, напиша нажалената манекенка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПо повеќе од 80 години: Пронајдени остатоци од брод потопен од нацистичка подморницаОстатоците од канадскиот пароброд „Корнвалис“, кој бил потопен од германска подморница во декември 1944 година, се пронајдени на длабочина од речиси 120 метри, повеќе од 80 години по неговото потонување, соопшти истражувачкиот тим „Номад експлорејшн.Остатоците од канадскиот пароброд „Корнвалис“, кој бил потопен од германска подморница во декември 1944 година, се пронајдени на длабочина од речиси 120 метри, повеќе од 80 години по неговото потонување, соопшти истражувачкиот тим „Номад експлорејшн“ (Nomad Exploration). Истражувачите првично ги забележале остатоците користејќи сонар за скенирање на морското дно, а идентитетот бил потврден при последователните нуркачки истражувања. Студената вода, силните морски струи и оддалечената локација ја отежнале потрагата. „За нашиот тим, откривањето на остатоците е резултат на долгогодишна упорност. За семејствата и заедниците поврзани со бродот, ова откритие повторно го насочува вниманието кон една трагедија која во голема мера беше падната во заборав“, изјави Дени Алан, член на нуркачкиот тим. Паробродот „Корнвалис“, изграден во 1921 година во Ванкувер, превезувал шеќер и меласа од Барбадос кон канадскиот град Сент Џон, кога на 3 декември 1944 година бил забележан од германската подморница „У-1230“ (U-1230), под команда на Ханс Хилбиг. Подморницата испалила торпедо кое го погодило прамцето на бродот, по што тој потонал за помалку од десет минути. Од вкупно 48 луѓе на бродот, шестмина успеале да стигнат до сплавовите за спасување, но едно лице починало од хипотермија. Петтемина преживеани биле спасени од рибарски бродови, а потоа префрлени на брод на Морнарицата на САД. Подморницата „U-1230“ ја преживеала војната и била потопена во 1945 година, додека локацијата на потонатиот брод „Корнволис“ останала непозната сè до откритието годинава. Истражувачкиот тим процени дека потонатиот брод претставува еден вид „временска капсула под морето“, која сведочи за еден од најнеобичните настани од Втората светска војна долж брегот на американската сојузна држава Мејн.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНајлошиот Манчестер Јунајтед во последните 42 години! Англискиот великан, Манчестер Јунајтед загуби со 2-0 на гостувањето кај Челси, со што ја продолжи серијата без победа на девет натпревари во сите натпреварувања.Ова е најдолгата низа без триумф на клубот уште од септември 1984 година . Челси победи со головите на Морган Роџерс и Кол Палмер од пенал, додека Лисандро Мартинез имаше лош настап во редовите на гостите. Аргентинецот асистираше за првиот гол на домашниот тим, а потоа спречи гол со играње со рака (пенал), за што доби и црвен картон. Притисокот врз тренерот Мајкл Керик се зголемува, но тој очекува да го предводи тимот на следниот натпревар против Рома. Кризата е особено изразена на гостувањата, бидејќи „Јунајтед“ нема победа на последните седум натпревари на гостински терен во сите натпреварувања. Клубот немал ваква серија уште од сезоната 1973/74, кога последен пат испадна од елитниот ранг на англискиот фудбал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапкаСВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело "насилство" по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело "насилство" по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, кога група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар. Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди. П.А. е лишен од слобода и по насоки на Јавен обвинител од ОЈО Скопје за кривично правниот настан поднесена е кривична пријава по брза постапка. Во врска со насилството полициски службеници од СВР Скопје во полициска станица ги приведоа и М.М.(18) и Д.П.(18) двајцата од Скопје. Воедно СВР Скопје продолжува со повикување на лица кои ќе се утврди дека биле учесници на слученото насилство и против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. МВР апелира до навивачките групи за фер и спортско однесување, а од страна на полицијата нема да биде толерирано ниту едно насилство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook