Милиони долари се исплаќале на починати Американци- Трамп потпиша нов закон: На мртвите не им требаат чекови - Канал 5

Милиони долари се исплаќале на починати Американци- Трамп потпиша нов закон: На мртвите не им требаат чекови

Американските федералните агенции годишно губат стотици милиони или милијарди долари поради непотребни или грешни исплати на бенефиции, вклучително и исплати на починати лица. 

Милиони долари се исплаќале на починати Американци- Трамп потпиша нов закон: На мртвите не им требаат чекови

Причината за несоодветните исплати најчесто е ненавременото споделување на податоците помеѓу федералните агенции, но и слабата контрола.

Во обид да стави крај на несоодветните исплати и одлевање на буџетските средства уште во 2020 година усвоен е Закон за прекин на несоодветни исплати на починати лица, со траење од три години.

Со цел привремената мерка да стане трајно законско решение сенаторот Џон Кенеди (републиканец од Луизијана) на 28 јануари 2025 поднесе Предлог-закон за прекин на несоодветните исплати на починати лица. Законот на Кенеди беше усвоен од Претставничкиот дом и од Сенатот на 12 јануари годинава. Законот за прекин на несоодветните исплати на починати лица на 10 февруари го потпиша американскиот претседател Доналд Трамп, а ќе стапи во сила на во декември следната година.

„Користењето на починати Американци за измама на даночните обврзници е најниско што може да се постигне. Многу Американци ги виделе овие измами како се одвиваат низ целата земја и се уморни од тоа како измамниците го изигруваат системот, исто така и јас. Затоа го напишав овој закон, заснован на здрав разум за трајно да се стави крај на оваа скандалозна злоупотреба и сум благодарен што претседателот Трамп го потпиша за да можеме да осигуриме дека парите на даночните обврзници ќе одат кај живи Американци на кои навистина им е потребна нашата помош, изјави сенаторот Кенеди.

Според новиот закон Администрацијата за социјално осигурување (ССА) од декември годинава ќе мора трајно да ги споделува податоците од својата база за починатите лица со Министерството за финансии за да се избегнат погрешни исплати. Податоците ќе бидат достапни и за другите федерални агенции, што се овластени да го користат системот на Министерството за финансии – Не плаќај. Се претпоставува дека со тоа ќе се спречат милиони долари неправилни исплати, какви што беа забележани за време на пандемијата, кога значителни суми отидоа на починати лица. Се проценува дека ќе се заштедат околу 33 милиони долари годишно.

Како и претходниот така и овој закон беше поддржан и од републиканците и од демократите.

„Министерството за финансии е цврсто посветено на унапредување на стратегии базирани на податоци кои го зајакнуваат интегритетот на плаќањата и ги заштитуваат парите на даночните обврзници. Законот на сенаторот Кенеди е голем чекор напред во постигнувањето на таа цел, изјави потсекретарот во Министерството за финансии, Џонатан Меккернан.

Законот на Кенеди беше поддржан и од претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон (републиканец од Лујзијана) и лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом Стив Скалис (републиканец од Лујзијана).

Џонсон исплатите на починати лица го нарече расипничко, наведувајќи оти со законот „американските даночни обврзници повеќе нема да ја плаќаат за грешките на федералната влада“.

„Благодарение на Законот за прекин на несоодветните плаќања на починати лица на сенаторот Кенеди, Министерството за финансии ќе стави крај на оваа скандалозна употреба на федералните долари. Ова е уште еден начин на кој републиканците го исполнуваат ветувањето за намалување на расипништвото, измамите и злоупотребите во Вашингтон. Му благодарам на мојот добар пријател од Лујзијана за неговото водство по ова прашање и сум среќен што го гледам ова критично законодавство потпишано од претседателот Трамп“, истакна Скализ.

Законот на Кенеди беше поддржан и од сенаторите Гари Питерс (демократ од Мичиген) и Рон Вајден (демократ од Орегон).

„Овој витален закон ќе помогне во заштедата на милиони долари на даночните обврзници со тоа што ќе се осигури дека Администрацијата за социјално осигурување ќе може трајно да споделува важни податоци со системот „Не плаќај“ на Министерството за финансии, спречувајќи несоодветни исплати на починати лица. Горд сум што ја поддржувам оваа двопартиска легислатива за да помогнам во заштитата на парите на даночните обврзници“, наведе Питерс.

Додека сенаторот Вајден потенцира дека со двопартискиот закон ќе бидат заштедени милиони долари на даночните обврзници секоја година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп за масовните насилни протести во Франција: Исламот сака да ја преземе државата (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп ги најави големите протести во Франција и тврдеше дека нивната причина не се проблемите во училиштата, туку масовната миграција и исламот.

Трамп за масовните насилни протести во Франција: Исламот сака да ја преземе државата (ВИДЕО)

„Она што се случува во Франција не е ништо повеќе од неконтролирана масовна миграција. Не станува збор за училишта, туку за исламот што сака да ја преземе некогаш големата земја“, напиша Трамп на Truth Social.

Ве потсетуваме дека протестите започнаа како студентско движење поради состојбата во средните училишта, недостатокот на персонал, условите за работа и другите проблеми во образовниот систем, а потоа се проширија на други групи.

Ученици, наставници, родители и синдикати учествуваат во протестите, додека дел од собирот беше обележан со судири со полицијата, палежи и немири.

Француското Министерство за внатрешни работи објави дека денес низ целата земја протестирале 256.000 луѓе, вклучувајќи 56.000 во Париз. Синдикатите тврдат дека имало 450.000 од нив, од кои 100.000 биле во главниот град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сталоне откри како се степал со Ричард Гир за време на снимање (ВИДЕО)

Силвестер Сталоне во своите нови мемоари опиша физичка конфронтација со Ричард Гир што се случила на снимањето на филмот во 1974 година. 

Сталоне откри како се степал со Ричард Гир за време на снимање (ВИДЕО)

Во книгата „Скалите“, објавена кон крајот на септември, 80-годишниот Сталоне пишува за тензиите за време на снимањето на „Господарите од Флатбуш“ што кулминирале со тепачка.

Почнува од аудицијата

Сталоне наведува дека проблемите со Гир (77) започнале уште на аудициите, на кои учествувал и Роберт Де Ниро. Иако импровизацијата со Де Ниро била продуктивна, со Гир тргнала во лоша насока. „Се сеќавам дека на почетокот со Де Ниро, сè одеше прилично добро. Се обидувавме да се надгласаме еден со друг и уживав во процесот“, пишува Сталоне.

Работата со Гир беше поинаква. „Импровизациите со Ричард Гир тргнаа наопаку. Тој ме зграпчи за кошулата и ноктите ми се забија во кожата. Му реков да се повлече, но тој го направи тоа повторно од вториот обид. Не можеше да знае, но почна да беснее во мене“, се вели во мемоарите.

Потоа Сталоне го праша режисерот Стивен Верона дали може да реагира на начинот на кој би реагирал во реалниот живот. „'Што би направил?' ме праша тој. 'Што? Ќе му ги скршев забите.' Тој одговори: 'Те молам немој.'“

Тепачка поради пилешко

Физичката пресметка се случила за време на паузата за ручек. Сталоне тврди дека го предупредил Гир да не прави неред со храната, по што Гир намерно го полил со пилешка маст. „Млад пилешка маст течеше од алуминиумската фолија врз мојата нога“, се присети Сталоне.

„Го удрив со лактот во градите, излегов од автомобилот, отидов до него и го извлеков од задното седиште“, опишува Сталоне. „„Еј човече, не сакам да се навредувам“, рече Гир. Јас реков: „Премногу доцна е...“ Стивен Верона застана пред Гир. На сите им беше јасно дека ова не функционира. Еден од нас мораше да си оди.“

Отказ и ново пријателство

По инцидентот, Гир беше отпуштен, а Де Ниро го напушти и проектот. Тие беа заменети со актерите Пери Кинг и Хенри Винклер. Промената во глумечката екипа доведе до доживотно пријателство меѓу Сталоне и Винклер, за кого Сталоне вели дека многу го поддржувал на почетокот на неговата кариера. Портпаролот на Гир не одговори на барањето за коментар за обвинувањата на Сталоне.

Тоа не беше единствениот забележан конфликт меѓу двајцата актери. Елтон Џон напиша во своите мемоари од 2019 година дека Сталоне и Гир речиси се скарале поради принцезата Дајана во деведесеттите години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Норвешка ги забранува паметните очила на плажи, во паркови и теретани

Норвешка подготвува привремена забрана за паметни очила на одредени јавни места. Забраната би се однесувала на паркови, плажи, музеи, трговски центри, училишта, градинки, здравствени установи, теретани и јавни настани. 

Норвешка ги забранува паметните очила на плажи, во паркови и теретани

Приватната употреба останува дозволена.

Торгеир Микаелсен, норвешки министер за дигитални работи, вели дека е загрижен што се воведува нова и моќна технологија каде што луѓето можат да бидат фотографирани, снимани со камера или микрофон без тие да знаат за тоа. Тој додаде дека не сака општество во кое луѓето се плашат дека некој ги снима без нивно знаење на места каде што се навикнати да не бидат следени.

Каде уште се ограничени паметните очила

Норвешка не е прва. Ограничувањата се множат низ целиот свет, а паметните очила веќе се забранети од судниците во Велика Британија и САД, како и од некои пабови, кина и ресторани чии сопственици се плашат за приватноста на своите гости.

Во Велика Британија, угостителот Џереми Кинг и синџирот пабови Wetherspoons веќе го кажаа тоа. Кино салите почнаа да го забрануваат или ограничуваат носењето очила во август, наведувајќи ги загриженоста за приватноста и пиратството на филмови.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, минатата недела стави вето на закон со кој би се забранувало снимањето на луѓе што носат очила без дозвола во соблекувални, лекарски ординации и други простории што се сметаат за приватни. Државата веќе има закони против нелегално снимање.

Француската група за заштита на децата E-enfance соопшти дека годинава добила околу 20 пријави за жени кои биле снимани без нивно знаење, од кои повеќето се однесуваат на очила Мета. Моделот е ист: млада девојка или жена на јавно место се снима, а снимката се објавува на социјалните медиуми како шега или улична анкета.

Мета, водена од Марк Закерберг, продава паметни верзии на очила за сонце Ray-Ban и Oakley. Продала најмалку девет милиони пара модели на Ray-Ban од почетокот на 2023 година. Компанијата вели дека секој пар со камера има LED светло што трепка бело додека снима, дека не може да се исклучи и дека камерата е оневозможена ако е покриена или оштетена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер