Милиони Американци го гледаат ,,настанот на векот “ (ВИДЕО) - Канал 5

Милиони Американци го гледаат ,,настанот на векот “ (ВИДЕО)

По 99 години , денеска за прв пат Американците може да го видат целосното затемнување на Сонцето .

Милиони жители ги преплавија местата од Орегон , преку Ајдахо и Илиноис , се до Северна Каролина ,од источниот до западниот брег , за да може да го видат целосното затемнување на Сонцето .

Овој феномен последен пат низ целата територија на САД е виден во 1918 година .

Денеска милиони американци кои живеат во деловите на државата каде нема целосно да се види затемнувањето , ги преплавија патиштата за да стигнат до државите каде феноменот може да се види во целост . НАСА емитува видео во живо , додека најголемиот број Американци се на отворено за да може да го видат затемнувањето .

,,Денот кога згасна сонцето над САД “ , така медиумите го опишуваат неколку минутното затемнување .

На спектаклот не можеше да му одолее ниту претседателот Доналд Трамп , кој заедно со семејството го гледаше затемнувањето од балконот на Белата куќа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венко Филипче во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Венко Филипче во „Само интервју“

Кој ги кочи вистинските реформи, а кој се меша во независноста на институциите?

Каде водат трагите за криминалот, а кому му се во функција „судиите од тефтерчињата“?

Кој брои публика, а кој провизија? Кој бара алиби, а кој не сака предвремени избори?

На неколку дена до објавување на новата стратегија за проширување на ЕУ -можни ли се изненадувања?

Што ќе донесе посетата на Фон Дер Лајен? Можни ли се гаранции за уставни измени за деблокада на процесот?

Има ли крај на политичкиот пинг-понг меѓу власта и опозицијата, како да се стави крај на длабоката поделеност во општеството?

Утре лидерот на СДСМ Венко Филипче во Само Интервју со Гоце Михајлоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му испраќа на Израел 40.000 бомби со огромна моќност

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри продажба на 40.000 бомби од еден тон на Израел, што е една од најголемите досега одобрени пратки на таква муниција.

Трамп му испраќа на Израел 40.000 бомби со огромна моќност

Пакетот оружје, вреден 2,8 милијарди долари (2,1 милијарди фунти), вклучува 20.000 бомби МК-84, 20.000 бомби БЛУ-117 и 20.000 боеви глави за разбивање бункери И-2000, објави „Њујорк тајмс“.

Пакетот ќе биде финансиран преку програмата за финансирање на странска војска, според која Израел купува оружје со пари од американските даночни обврзници. Тоа значително би ги обновило резервите на тешка муниција на Израел по години конфликт во Газа, Либан и низ целиот Блиски Исток.

Бомбите, со тежина од околу 907 килограми, се меѓу најдеструктивните конвенционални оружја во западните арсенали.

МК-84 може да пробие бетон и метал и да создаде голем кратер, додека И-2000 е дизајниран да пробие утврдени цели, како што се бункери, пред да експлодира.

Производството и испораката може да траат со месеци

Израел ја користеше бомбата од 1 тон интензивно против Хамас и Хезболах, тврдејќи дека групите намерно дејствуваат од цивилни области и користат подземни бункери и мрежи од тунели чие уништување може да бара тешко оружје.

Минатата година, Трамп одобри пакет муниција од 2,04 милијарди долари, кој вклучуваше повеќе од 35.500 бомби МК-84 или БЛУ-117 и 4.000 пенетрирачки боеви глави И-2000.

Производството и испораката може да траат со месеци или години, иако Вашингтон има механизми за забрзување на трансферот.

Конгресните лидери би можеле да се спротивстават на продажбата, но американскиот државен секретар Марко Рубио на крајот би можел да продолжи со договорот. За да блокира формално одобрена продажба, Конгресот би морал да донесе резолуција што би можела да го поништи претседателското вето.

Соединетите Држави се соочија со обвинувања дека им недостигаат залихите на оружје по месеци борба против Иран. Во извештајот од оваа недела на генералниот инспектор на Министерството за одбрана на САД се вели дека има недостиг од американска муниција и „тесни грла“ во синџирите на снабдување.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ги отфрли тие тврдења, додека Трамп претходно се пофали дека САД имаат „практично неограничени“ залихи на муниција.

Стејт департментот и израелската амбасада не коментираа јавно за предложениот договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кајли Џенер летала само 17 минути со приватен авион- сите ја нападнаа: Тоа е одвратно (ФОТО)

Кајли Џенер е критикувана поради 17-минутниот лет со приватен авион, а многумина го нарекоа нејзиниот потег „навистина одвратен“ на социјалните мрежи.

Кајли Џенер летала само 17 минути со приватен авион- сите ја нападнаа: Тоа е одвратно (ФОТО)

Страницата на Инстаграм „Shit you should care about“ ја критикуваше Џенер за летот од Камарило до Ван Најс, Калифорнија, кој наводно чинел околу 3.000 долари (околу 2.600 евра).

Според достапните податоци, нејзиниот авион слета недалеку од местото каде што вообичаено е паркиран.

„За исто растојание со автомобил, ви треба иста сума“

Одлуката предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а корисниците оставија остри коментари. „Ова е навистина одвратно“, напиша едно лице. „На овие милијардери воопшто не им е грижа за планетата“, додаде друг корисник.

Еден коментатор ги критикуваше богатите за начинот на кој трошат пари за да им го олеснат секојдневниот живот. „Тие мислат дека со пари можат да решат секоја мала непријатност и да прават што сакаат. Тоа е болно. Употребата на приватни авиони треба да се регулира“, напиша тој.

Друг истакна дека истото растојание може да се помине со автомобил за речиси исто време. „Ужасно. Потребно е исто време за да се помине истото растојание. Тотално разгалено и претерано. Штета“, напиша тој. Имаше и коментар: „Таа жена никогаш немала вистинска работа ниту пак направила нешто во животот.“

Некои застанаа во нејзина одбрана

Сепак, не беа сите критични кон Џенер. Дел од корисникот се присети на сообраќајните метежи во Калифорнија. „Искрено, тоа возење со автомобил понекогаш трае 45 минути, а понекогаш три часа“, напиша еден корисник. Друг кратко рече: „И јас би сакала да имам приватен авион.“

Нејзиниот авион вреди 72 милиони долари

Уште во јуни, Џенер го покажа својот приватен авион од 72 милиони долари додека патуваше со пријатели на островите Туркс и Кајкос. Таа објави видео на Инстаграм од нејзината ќерка Сторми како шета низ внатрешноста на авионот осветлен со розови неонски светла.

Луксузниот авион има кожни седишта, телевизори и вградени потпирачи за нозе. На една од фотографиите, Џенер позира со качулка над главата под розово осветлување. Таа и нејзините пријателки наздравуваа со мимози за време на летот, носејќи светло розови тренерки и маски за спиење во иста боја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер