Милионер нудел 80 000 долари за убиство на жена му, луд од љубомора што се сликала за насловна! - Канал 5

Милионер нудел 80 000 долари за убиство на жена му, луд од љубомора што се сликала за насловна!

52 годишниот тајкун Дино Џулиелмели од Калифорнија е тајно снимен како нуди 80 000 долари за убиство на неговата сопруга Моника Олсен (32) која по раѓањето на две деца и се вратила на кариерата во манекенството.

Милионер нудел 80 000 долари за убиство на жена му, луд од љубомора што се сликала за насловна!
Моника во 2003 се откажала од кариерата и родила две ќерки во бракот со богатиот Дино. Но, по сето тоа, во 2010 решила да и се врати на својата кариера. Дино се противел. Таа сепак направила фото сесија во која промовира долна облека со фотографот Кенет Метјуз. По објавувањето на овие фотографии Дино полудел од љубомора.

Jealous: 'It was a professional shoot in an LA  studio, there was a team of assistants, make up artists and stylists. But Dino accused Monica and Kenneth of getting too close,' a source said

- Тој стана ужасно љубоморен. Не можеше да поднесе други мажи да ја гледаат неговата жена во списанија како „Максим“ Кога во 2012 виде дека .Моника ја фотографирал Кенет Метјуз во долна облека, полуде! Ја обвинуваше Моника дека има нешто со фотографот - вели извор за Дејли меил.

И забранил да се фотографира и рекол дека никогаш не смее тоа да го повтори. И рекол дека ќе седи дома и ќе ги гледа децата. Но таа се загрижила за својата безбедност бидејќи тој не можел да ја контролира лутината. Моника му се спротивставила и рекла дека нема намера да престане да работи, а тој и уништил неколку договори меѓу кои и нејзин ангажман во филм. Тогаш решила да го напушти, а тој со тоа не можел да се соочи бидејќи мислел дека треба секогаш да има се под контрола. Веројатно тогаш разговарал со поранешен армиски ветеран да ја убие Моника - вели изворот.



Model and mother: Olsen gave up her successful modelling career in Manhattan to move to LA when she fell in love with her husband at the age of 22 and they had two daughters together. But then their relationship soured



Армискиот ветеран Ричард Фурман на кој му биле понудени 80 000 долари од Дино за убиство на Моника, отишол во полиција! Од таму повторно се чул со Дино и целиот нивен 90 минутен разговор бил снимен!

Taped: A horrified friend of Guglielmelli (left) went to detectives after the bitter husband allegedly discussed 'specifics' about having his wife killed. He was said to be recorded saying: 'I'll be happy when it is all over'


На снимките, преслушани во судот во Сан Фернандо, Дино вели дека „ќе биде среќен кога се ќе биде готово“. Потоа го уверува Фурман дека ќе му биде платено и го прашува дали има начин полицијата да најде врска со нарачателот на убиството!

Terror: A source told MailOnline: 'He basically wrecked her life and if his alleged hitman-for-hire plan had worked she probably wouldn¿t be here to tell the tale'


Дино Џулиелмели е во притвор од октомври 2013. Не успеал да собере кауција од 10 милиони долари колку што му била одредена. набргу потоа го изгубил богатството и бизнисот. Неговата екс сопруга ќе се обиде нешто да спаси од бизнисот за здравје и убавина кој порано вработувал 300 луѓе. И ќе се обиде да почне со актерската кариера на која многу се надева.

Claim and counter-claim: While Monica says she still lives in fear her husband's lawyer, from a noted Mafia family, said Guglielmelli was set up by the hitman

Дино пак, го ангажирал адвокатот Тони Брулкиер, водечкиот адвокат на мафијата, чиј татко Доминик бил бос на Ла Коза Ностра - мафијата од Лос Анџелес. Тони инсистира на тврдењето дека Дино бил наместен од воениот ветеран!/ извор: Дејли меил


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Пентагон објави нови снимки од НЛО?

Владата на САД објави нови снимки од неидентификувани воздушни појави, забележани од американските воени сили на Блискиот Исток. 

Видео: Пентагон објави нови снимки од НЛО?

Ова претставува осма серија документи поврзани со НЛО што Пентагон ги објави оваа година.

Најновата објава содржи 43 документи и снимки, вклучувајќи три видеа забележани во 2020, 2023 и 2026 година. Сите три снимки се направени од американски воени летала или други воени платформи на Блискиот Исток.

Снимките се направени со помош на воени камери и сензори способни да детектираат објекти врз основа на топлинско зрачење. Пентагон ги класифицира овие случаи како нерешени примери на неидентификувани аномални појави, познати под акронимот UAP.

Видеото од 2020 година трае 20 секунди, снимката од 2023 година трае 13 секунди, а онаа од 2026 година трае 54 секунди. Материјалите ѝ биле доставени на американската канцеларија за истражување на неидентификувани феномени од страна на Централната команда на САД.

Американските власти сè уште немаат утврдено што точно се гледа на објавените снимки. Нивното објавување не значи дека Пентагон го потврдил постоењето на вонземски летала или каков било вид вонземска технологија.

Американската војска го користи терминот „UAP“ за појави што не можат веднаш да се идентификуваат врз основа на достапните податоци.

Ова не значи дека станува збор за вонземски летала; туку, тоа значи дека нивното потекло сè уште не е утврдено. Некои од овие појави подоцна можат да се објаснат како летала, беспилотни летала, балони, атмосферски појави или грешки во сензорите. Во други случаи, нема доволно податоци за сигурно да се утврди причината.

Американските власти продолжуваат со постепено отворање на своите архиви кои се однесуваат на неидентификувани појави. Според Пентагон, се подготвуваат нови групи документи за јавно објавување, кои чекаат процес на проверка и отстранување на нивниот доверлив статус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Калас повикува на прекин на војната; Русија вели дека не сака да преговара со неа!

Русија изјави дека учеството на шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, во преговорите за ставање крај на војната во Украина би можело да доведе до нивен колапс. 

Калас повикува на прекин на војната; Русија вели дека не сака да преговара со неа!

Москва се противи на нејзиното вклучување во разговорите и ја доведува во прашање нејзината способност да придонесе кон мировниот процес.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Калас е неприфатлива за Москва како преговарач.

Таа ја обвини поранешната естонска премиерка дека е непријателски настроена кон Русија и дека ги отфрла нејзините безбедносни барања.

„Ако некому во Брисел му е важен таков преговарач со Русија, тоа јасно ни покажува какви резултати сакаат да постигнат во дијалогот – а тоа е поткопување на какви било мировни иницијативи“, рече Захарова на прес-конференција во Москва.

Захарова додаде дека Калас би ја извршила оваа задача „со леснотија“. Со ова, таа јасно стави до знаење дека Москва не сака да преговара со актуелната висока претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика.

Овие руски изјави доаѓаат во момент кога европските влади се обидуваат да обезбедат официјална улога во мировните преговори меѓу Украина и Русија, кои се одвиваат со американско посредување.

Европските лидери инсистираат на тоа дека мора да учествуваат во одлуките што се однесуваат на безбедноста на континентот. Досега, Европа не беше директно вклучена во преговорите организирани од Вашингтон.

Постигнат е договор дека, во следната рунда, Европа би можела да биде претставена од Франција, Германија, Италија, Полска, Обединетото Кралство и институциите на Европската унија.

Калас претходно изјави дека Русија нема право да одлучува кој ќе ја претставува Европската унија. Таа нагласи дека не настапува во лично својство, туку како претставник на сите 27 земји-членки – без оглед на противењето на Москва кон нејзиното учество.

Москва ја обвинува Калас за непријателски став Захарова ја обвини Калас дека зазема „отворено русофобичен став“ и дека ги игнорира безбедносните интереси на Русија. Таа тврди дека шефицата на надворешната политика на ЕУ се обидува да го блокира секој договор што би ги зел предвид барањата на Москва.

Руската портпаролка изјави дека Москва е подготвена да соработува со европски претставници кои можат конструктивно да придонесат кон преговорите. Сепак, таа смета дека Калас не го исполнува овој критериум, имајќи ги предвид нејзините претходни изјави и политички ставови.

Калас беше премиерка на Естонија пред да ја преземе европската функција. Таа стана Висок претставник на ЕУ за надворешни работи во декември 2024 година, а оттогаш се залага за построги санкции против Русија и за продолжување на воената помош за Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пред 31 година, на денешен ден, беше парафиран Дејтонскиот договор за мир во Босна и Херцеговина

 На денешен ден во 1995 година, во воздухопловната база „Рајт-Патерсон“ во Дејтон, САД, беше парафиран Општиот рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина.

Пред 31 година, на денешен ден, беше парафиран Дејтонскиот договор за мир во Босна и Херцеговина

На денешен ден во 1995 година, во воздухопловната база „Рајт-Патерсон“ во Дејтон, САД, беше парафиран Општиот рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина – заедно со неговите 12 анекси – со што заврши војната во Босна и Херцеговина и се воспостави нејзиниот уставен и правен поредок.

Овој договор, пред 31 година, ја воспостави државната заедница БиХ, составена од два ентитета – Република Српска и Федерацијата БиХ – кои се и потписници на сите анекси.

По тринеделни преговори, Дејтонскиот договор беше парафиран на 22 ноември 1995 година од страна на тогашните претседатели: Слободан Милошевиќ од Србија, Алија Изетбеговиќ од таканаречената Република БиХ и Фрањо Туѓман од Хрватска.

Договорот беше парафиран во присуство на тогашниот државен секретар на САД, Ворен Кристофер, покрај него, клучни американски посредници беа Ричард Холбрук и генералот Весли Кларк.

Дејтонскиот договор беше официјално потпишан на 14 декември 1995 година во Елисејската палата во Париз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер