Милионер ги разлути луѓето во авион: Ѝ понудив 100.000 доалри за да ја симне маската - Канал 5

Милионер ги разлути луѓето во авион: Ѝ понудив 100.000 доалри за да ја симне маската

Стив Кирш, американскиот претприемач и милионер кој е заслужен за измислувањето на оптичкиот глушец, се пофалил со бизарна понуда што ѝ ја дал на личноста која седела до него во авион.

Милионер ги разлути луѓето во авион: Ѝ понудив 100.000 доалри за да ја симне маската

Тој на Твитер напишал дека ѝ понудил на жената 100.000 долари (околу 94.300 евра) доколку ја тргне маската од лицето.

„Во моментов сум на лет, ѝ понудив на жената што седеше до мене да ја симне маската. Почнав со сто долари, завршив со сто илјади. Таа одби. Го направив тоа откако ѝ објаснив дека маските не делуваат. Таа работи за фармацевтска компанија“, изјави Кирш во првиот твит и подоцна додаде:

„Ѝ реков дека ќе ја симне маската кога ќе дојде појадокот. Тоа значи дека може да се зарази со еден здив. Штом дојде појадокот, таа ја извади маската. Сите знаат дека не може да се заразите кога јадете. “, опиша сопственикот на неколку бизниси, за кој The New York Post објави дека постојано ширел дезинформации за коронавирусот и пандемијата.

„Се обложувам дека жената сакаше да седне на друго место во авионот“, „Вознемирување жена која не те предизвикала во затворен простор од кој не може да излезе. Убаво“, „Само да седев до него.Би бил побогат за сто илјади долари и на моите ќерки би им купил дом од соништата“, „Би ја извадил маската и би ги земал парите дури и да значи дека ќе добијам корона“, се само некои од коментари на корисниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чешкиот премиер се извини за берењето цвеќе на планина

Чешкиот премиер Андреј Бабиш се извини што набрал цвеќе во заштитено подрачје на планината Лиса Хора, во источниот дел на земјата, наведувајќи дека ќе плати парична казна доколку се утврди дека ги прекршил прописите. 

Чешкиот премиер се извини за берењето цвеќе на планина

Во видеото објавено на Фејсбук, Бабиш објасни дека го набрал цвеќето во спомен на починат колега од неговото политичко движење АНО, со кого претходно се искачувал на планината.

„Можеби сум прекршил закон, за што се извинувам, и секако ќе платам казна доколку е потребно“, рече тој. Видеото од саботното искачување, објавено на Фејсбук-страницата на Бабиш, го прикажува чешкиот премиер како се искачува со мал букет цвеќе, кој подоцна го положил на споменик на планинскиот врв.

На врвот висок 1.324 метри – највисоката точка на Моравско-шлеските Бескиди – на Бабиш му се придружија двајца министри кои се членови на движењето АНО, како и бројни поддржувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Denza N8“-Може да помине над 1.000 километри на електричен погон со едно полнење

Кинескиот автомобил „Denza N8“ е опремен со батерија од 130,15 kWh или 105,792 kWh.

„Denza N8“-Може да помине над 1.000 километри на електричен погон со едно полнење

Најновите регулаторни документи објавени од кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија (MIIT) открија детали за претстојниот модел на BYD, Denza N8, како и за продолжената верзија Denza N8L.

Електричниот Denza N8 сега има максимален досег од 1.003 км. Denza N8 е опремен со батерија од 130,15 kWh или 105,792 kWh, а моделот N8 нуди опции за досег од 1.003 км, 970 км, 840 км и 800 км.

Во меѓувреме, Denza N8L, користејќи LFP батерија од 130,15 kWh, нуди електричен досег од 960 км според кинескиот систем за мерење (CLTC).

Denza N8 е долг 5.150 мм, додека Denza N8L достигнува должина од 5.200 мм. Верзијата со погон на задните тркала и еден мотор е достапна со две нивоа на моќност: 320 kW (429 КС) и 370 kW (497 КС).

Достапен е и погон на сите тркала со три мотори. Оваа конфигурација се состои од еден преден мотор (270 kW/362 КС) и два задни мотори (секој со 310 kW/416 КС), што резултира со вкупна моќност од 890 kW (1.193 КС), пишува Car News China.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Вечерва се спроведува 13-тата дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје.

Град Скопје: Вечерва се спроведува 13-тата дезинсекција против комарци во Скопје

Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци.

Активностите продолжуваат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, ќе се изврши авионска дезинсекција, додека во периодот од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Сите активности се спроведуваат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, одобрен од надлежните здравствени власти.

Во текот на сезоната досега се реализирани повеќе третмани за сузбивање и на ларвите и на возрасните форми на комарци.

Дезинсекција против ларви:

7 мај – авионска дезинсекција

11 јуни – авионска дезинсекција

26 јуни – теренска дезинсекција

10 јули – авионска дезинсекција

23 јули – теренска дезинсекција

11 август – теренска дезинсекција

Дезинсекција против возрасни форми на комарци:

1 и 2 јуни – авионска дезинсекција

18 и 20 јуни – теренска дезинсекција

27 и 28 јуни – авионска дезинсекција

13 и 15 јули – теренска дезинсекција

30 и 31 јули – авионска дезинсекција

4 и 6 август – теренска дезинсекција

До крајот на сезоната се планирани повеќе од 20 дезинсекции против комарци, со што се обезбедува континуирано спроведување на мерките согласно однапред утврдена динамика.

Градот Скопје продолжува навремено и системски да работи на намалување на бројноста на комарците и на заштита на колективното здравје и благосостојбата на граѓаните.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер