Милијардер и натаму го вози авотмобилот, во кој што некогаш живеел- причината е поучна - Канал 5

Милијардер и натаму го вози авотмобилот, во кој што некогаш живеел- причината е поучна

Американскиот актер, продуцент и режисер Тајлер Пери пораснал во сиромашно семејство, а во еден момент од животот бил бездомник.

Милијардер и натаму го вози авотмобилот, во кој што некогаш живеел- причината е поучна

Сега тој откри дека се уште повремено вози автомобил сличен на оној во кој живеел кога бил бездомник. Тој откри многу трогателна причина зад тоа.

Имено, тој на Инстаграм објави снимка на која се вози во сино возило Гео Метро. „Постојано се возам со моето Geo Metro. Кога бев бездомник, ваков автомобил ми беше засолниште“, напишал тој. Со ова тој навестил дека тогаш не го возел неговиот стар автомобил, туку е многу сличен.

„Ако погледот наназад не те прави благодарен за она што го имаш сега, не знам што ќе биде. Не можеш да бидеш неблагодарен ако го цениш секој благослов што го имаш. А ако се уште се бориш, продолжи да се бориш“. вели Тајлер.

Тајлер пораснал сиромашно, го напуштил средното училиште и останал бездомник додека се обидувал да влезе во театарот. Претставите навистина го направија познат и му помогнаа да ја започне кариерата.

Во 2020 година, актерот влезе на листата на милијардери на Форбс. „Ми се допаѓа кога луѓето велат дека имав скромен почеток. Бев навистина скршен“, рече тој тогаш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арсенал во проблеми, Раја се повреди и ги загрижи сите на „Емирати“

Голманот на англискиот шампион Арсенал, Давид Раја, мораше да го напушти теренот поради повреда на левото рамо за време на натпреварот од Премиер лигата против Њукасл, кој заврши нерешено 2:2.

Арсенал во проблеми, Раја се повреди и ги загрижи сите на „Емирати“

Ова се случи во момент кога актуелните шампиони на Англија се соочуваат со серија тешки натпревари.

Раја се повреди при пад на тревата по дуел со напаѓачот на Њукасл, Вилијам Осула, откако ја фати топката по изведен корнер. Шпанскиот репрезентативец изгледаше како да трпи големи болки уште додека му се укажуваше помош, а потоа го напушти теренот придружуван од член на медицинскиот тим на Арсенал.Засега се уште не е познато колку Раја ќе биде надвор од стативите.

Во следните две и пол недели, Арсенал го очекуваат дуели против Борусија Дортмунд и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство, во истиот период, ќе играат против Манчестер Сити, Брентфорд и Тотенхем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.

Што значи ова за граѓаните? Ако уплатата во вториот столб не се уреди со друга одредба во овој или во друг закон, сите придонеси би останале во првиот столб, во Фондот за ПИОМ.

Ако остане вака, ова значи дефинитивно рушење на вториот пензиски столб.

Криминалната власт ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои членуваат во вториот пензиски столб.

Фондот за ПИОМ е доведен во сериозно тешка финансиска состојба. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра. Во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се тие пари, власта не даде одговор.

Ова се пари на работниците. Ги заработиле со својот труд и секој месец ги издвојуваат од своите плати за идните пензии.

Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори.

Зошто се предлага бришење на членот 120? Каде ќе одат придонесите што сега се уплаќаат во вториот столб?

Кој ќе одговара што ПИОМ со месеци нема префрлено 50 милиони евра иако му се законска обврска?

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

YouTube video

Скопје, 22.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Регистриран земјотрес во Србија

Земјотрес со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди околината на Горњи Милановац рано утринава, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија. 

Регистриран земјотрес во Србија

Според Заводот, земјотресот се случил околу 5 часот и 25 минути, на длабочина од 12 километри.

Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат поголема материјална штета во епицентралното подрачје.

Сепак, жителите на овој дел од Србија го почувствувале потресот – најверојатно оние што биле најблиску до епицентарот – и го коментирале настанот на социјалните мрежи.

„Има ли некој буден што се разбудил од земјотресот утрово?“, напиша еден корисник. „Јас бев буден, точно во 5:25“, потврди друг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер