Милијардер бара осум луѓе за да ги однесе на Месечината (ВИДЕО) - Канал 5

Милијардер бара осум луѓе за да ги однесе на Месечината (ВИДЕО)

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава поканил осум лица да му се придружат на патувањето околу Месечината во ракетата SpaceX на Илон Маск.

Милијардер бара осум луѓе за да ги однесе на Месечината (ВИДЕО)

„Сакам да ми се придружат луѓе од различни групи“, рече тој во видеото што го објавил на Твитер, заедно со деталите за аплицирањето.

Милијардерот најави дека ќе ги плати сите трошоци, па секој што ќе му се придружи ќе лета бесплатно. Летот е планиран за 2023 година.

Кандидатите кои аплицираат треба да исполнуваат два критериума: тие треба да напредуваат во „секоја активност“ со која се занимаваат „на некој начин да им помагаат на другите луѓе и на општеството како целина“ и треба „да бидат подготвени да ги поддржат другите членови на екипажот во нивните аспирации“,пишува Би-Би-Си.

Маезава направил цело богатство во модната индустрија, а минатата година снимил документарец во потрага по нова девојка која ќе му се придружи на летот. Проектот на крајот бил откажан поради „мешани чувства“.

Во 2018 година било објавено дека Маезава ќе биде првиот приватен патник што ќе лета околу Месечината со SpaceX, компанијата на Илон Маск.Цената што ја платил не е објавена во јавноста, но самиот Маск рече дека станува збор за „многу пари“.

Мисијата е планирана за 2023 година и треба да биде првото патување на Месечината со екипаж од 1972 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина

Лицата безбедно се спроведени до регионалниот пат кај с.Лешок, каде пристигнала екипа на Итна медицинска помош од Тетово.

Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина

На 11.07.2026 во 18:46 часот во СВР Тетово, А.Ч.(38) од село Жеровјане побарал помош за него и уште две лица, Н.М. од с.Слатино и Б.А. од с.Глоѓи. Пријавителот известил дека со возило пристигнале до местото викано „Три води“, атар на село Теарце, по што пешки се упатиле кон Бистрица на Шар Планина, каде поради тежок и непристапен терен останале заглавени, а притоа оддеднаш му се влошила здравствената состојба со болки во градите и отежнато дишење.

Веднаш по добиената пријава се известени Полициското одделение Теарце и Територијалната противпожарна единица лоцирана во село Лешок. Н.М. и Б.А. успеале да го симнат А.Ч. до местото викано „Бачило“, каде биле пречекани од спасувачката екипа на Територијалната противпожарна единица.

По пронаоѓањето, групата заедно со спасувачите пешки се спуштила до нивното возило, а во 20:40 часот кај местото „Три води“ биле прифатени од полициски службеници од ПО Теарце. Лицата безбедно се спроведени до регионалниот пат кај с.Лешок, каде пристигнала екипа на Итна медицинска помош од Тетово, при што А.Ч. на 12.07.2026 во 00:55 часот со амбулантно возило е пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Оризот скапува по амбарите, Владата на Мицкоски ги остави оризопроизводителите без откуп

Оризопроизводителите се соочуваат со една од најтешките кризи во последните години, како директна последица на погрешните политики на Владата на Христијан Мицкоски.

СДСМ: Оризот скапува по амбарите, Владата на Мицкоски ги остави оризопроизводителите без откуп

Половина од ланското производство сè уште стои по амбарите затоа што нема организиран откуп.

Наместо државата да обезбеди пласман на домашното производство, илјадници тони ориз пропаѓаат, а земјоделците стравуваат дека ќе ги изгубат плодовите од својот труд.

Дополнителен проблем е што Владата на Мицкоски сè уште не кажува каква ќе биде откупната цена за новата реколта, ниту кога ќе бидат исплатени субвенциите.

Земјоделците влегуваат во нова производствена сезона без никаква сигурност и без поддршка од институциите.

Во исто време, најавите за драстично ниска откупна цена не ги покриваат ниту основните трошоци за производство. Со вакви политики, оризопроизводството се турка кон целосен колапс.

Огромни количини ориз остануваат изложени на пропаѓање, што претставува дополнителна економска штета за земјоделците и ризик за целиот регион.

Оризот со децении беше препознатлив македонски производ и значаен извозен потенцијал.

Откупната цена во времето на СДСМ беше над 40 денари е сега не е ниту 20 денари за килограм.

Поради неспособноста на Владата на Мицкоски, производителите ја губат довербата во институциите, а сè повеќе се доведува во прашање опстанокот на ова стратешко производство.

По две години владеење, ВМРО го уништи земјоделство, ги осиромаши и понижи земјоделците.

СДСМ бара Владата итно да обезбеди организиран откуп на заостанатите количини ориз, да ја објави откупната цена за новата реколта, да ги исплати заостанатите субвенции и да преземе конкретни мерки за спас на оризопроизводството пред да биде предоцна.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е со најниска инфлација во регионот, СДС се обидува да шири паника, но бројките ги демантираат

СДС секојдневно шири невистини и се обидува да создаде чувство на економска несигурност, но официјалните податоци повторно ги демантираат нивните тврдења.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е со најниска инфлација во регионот, СДС се обидува да шири паника, но бројките ги демантираат

Бројките и податоците јасно покажуваат дека Македонија има најниска инфлација во регионот. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е намалена за 0,5 проценти. Тоа се официјални факти.

Уште поважно, инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува само 2,5 проценти, а кај облеката и обувките 2,1 процент. Тоа се категориите што најдиректно влијаат врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните.

Во исто време, Македонија има најниска инфлација во регионот меѓу земјите кои досега ги објавија податоците за јуни.

Македонија – 3,4%

Словенија – 3,6%

Грција – 3,9%

Хрватска – 4,5%

Бугарија – 5,6%

Турција – 32,1%

Ова се бројки што не можат да се сокријат ниту да се релативизираат.

Додека СДС се обидуваат да градат дневна политика врз измислени кризи и ширење паника, Владата работи со конкретни мерки што даваат резултати.

Намалената инфлација е директен доказ дека економските политики се правилно поставени и дека се води одговорна грижа за стандардот на граѓаните.

Наместо манипулации и лажни сценарија од СДС јавноста заслужува мерки и проекти. А фактите се јасни, Македонија денес има една од најстабилните ценовни политики во регионот и најниска инфлација меѓу соседните земји што ги објавија податоците за јуни.

Владата ќе продолжи со одговорни економски политики, стабилни јавни финансии и мерки што носат резултати, без разлика на обидите тие резултати да бидат оспорени од оние што немаат што да понудат освен дезинформации.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер