Милијарда корисници мора да купат нов телефон - проверете дали сте меѓу нив!! - Канал 5

Милијарда корисници мора да купат нов телефон - проверете дали сте меѓу нив!!

Според податоците обезбедени од Google, дури 40% од сите Android телефони моментално се ранливи на нови напади со малициозен софтвер и шпионски софтвер.

Милијарда корисници мора да купат нов телефон - проверете дали сте меѓу нив!!

Ако вашиот Android уред е во оваа незаштитена група, препораката е јасна - време е за купување на понов телефон.

Еден од клучните проблеми е што Google повеќе не објавува безбедносни алатки за телефони што работат со Android 12 или постара верзија. Ова значи дека уредите прозведени во 2021 година и порано повеќе не се заштитени од најновите и најопасните форми на малициозен софтвер.

Најновите податоци за дистрибуцијата на верзиите на Android покажуваат дека само 57,9% од уредите користат Android 13 или понов систем. Поточно, дури 42,1% од телефоните со Android остануваат отворени за потенцијални напади, објавува PhoneArena.

Проценките велат дека околу една милијарда корисници на Android ширум светот се уште се изложени на ризик.

Главната причина, како и многу пати досега, лежи во големата фрагментација на екосистемот на Android. За разлика од Apple, кој истовремено развива iOS и iPhone, Google развива Android, додека самите телефони се произведуваат од голем број различни компании. Ова го прави речиси целосно невозможно истовремено и брзо ажурирање на оперативниот систем на сите уреди.

Како резултат на тоа, постои исклучително мал процент на корисници кои ја имаат најновата верзија на Android.

Според податоците од декември, само 7,5% од Android уредите работат со Android 16, што дополнително го истакнува обемот на безбедносните проблеми на оваа платформа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните  на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот

Протестот е најавен во 17 часот.„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град“ порачаа организаторите на протестот.

Тие порачуваат дека ова е протест на гнев и солидарност и непомирување со фактот дека насилството е секојдневие и ги повикуваат граѓаните да кажат „ниту една повеќе“.Граѓански организации бараат итни истраги за институционалното постапување во случаите на фемицид, законски измени и обезбедување средства за заштита на жртвите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Компании поврзани со наводната кинеска шпиунка Алис Хуанг која имаше афера со првиот човек на Нвидија финансирале набавка на компјутерска опрема за центри за вештачка интелигенција во Кина, покажуваат документи пишува  „Ројтерс“.

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион долари.

Голем дел од опремата се наоѓа во центар за податоци во Шангај, развиен во партнерство со технолошкиот гигант „ТЕНСЕНТ“документите покажуваат дека компании поврзани со семејството и соработниците на Хуанг учествувале во финансирањето на кинеската индустрија за вештачка интелигенција.

Случајот добива дополнително внимание поради истрагите дали нејзината компанија „Мегаспид“, со седиште во Сингапур, им помагала на кинески клиенти да дојдат до ограничени процесори на „Нвидиа“.Во понеделникот, американското министерство за трговија ја стави „Мегаспид“ на црната листа за трговија. Нејзината врска со извршниот директор на компанијата, Јенсен Хуанг, предизвика дополнителни проверки на деловните врски на „Нвидиа“ со Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка

Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе присуствува на надзорната расправа посветена на „АЛТА банка“. Како што потврдија од нејзиниот кабинет за Канал 5, нејзината агенда била прилагодена да може да биде присутна на расправата, која почнува во 11 часот во Комисијата за финансирање и буџет, а потоа да се посвети на активностите

За состанокот на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони в петок, чиј домаќин е таа.. Вчера од СДСМ ја прозваа Сиљановска дека по втор пат не одговорила на поканата за присуство на расправата.

На првата надзорна расправа која се одржа пред две недели сведочеа Мицкоски, Славески, министерката Димитриеска-Кочоска, вицегувернери, претставници на државни органи и граѓански организации, како и јавниот обвинител Ненад Савески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер