Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати
1Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати
3Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, ДЗР потврди дека парите се за македонската економија
КултураМилица Стојанова е наградена со „Голема ѕвезда" на ДФПМ Филмската и театарска актерка Милица Стојанова е добитник на наградата „Голема ѕвезда“ на Друштвото на филмските професионалци на Македонија (ДФПМ) Наградата ќе и биде врачена на отворањето на 39. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола на 22 септември. Одлуката на ДФПМ беше соопштена денеска на прес-конференција посветена и на соопштување на програмата на претстојниот фестивал. Во 60-годишната професионална актерска кариера, 86-годишната Стојанова имала стотици театарски улоги, како и значаен број филмски и телевизиски, а најчесто играла лик на мајка, рече режисерот Игор Иванов-Изи, претседател на ДФПМ. Досега добитници на наградата „Голема ѕвезда“ се македонските автори Кирил Ценески, Милчо Манчевски, Дарко Марковиќ, како и британскиот продуцент Сајмон Пери кој има значаен придонес во македонскиот филм. - Тоа се звучни имиња кои силно блескаат зад филмското платно. Оваа година се одлучивме за исчекор и да доделиме награда на една легендарна македонска актерка, рече Иванов. Стојанова се појавува токму во филмовите на претходните лауреати на оваа награда, Ценески и Манчвески, како и во филмовите на Столе Попов, („Исправи се, Делфина“, Среќна Нова ’49“, „Тетовирање“, „Пред дождот“, „Прашина“...), а и покрај нејзината возраст таа се уште работи и беше дел од краткиот филм „Види ја ти неа“ кој неодамна освои награда на фестивалот „Санденс“. Иванов рече дека тоа што Стојанова немала главни улоги се должи на положбата на жената во целата македонска кинематографија, особено кога била во своите најдобри години. - За жал, нашите филмови се 90 отсто со историска тематика каде мажите водат некакви војни, а жените, според сценаријата, се приморани да бидат мајки или некакви за жалење теткички. Но Милица Стојанова има остварено многу улоги и сите тие се значајни. Тоа што оваа македонска дива ќе биде со нас во Битола на 86-годишна возраст по 60 години присуство на филмското платно е голема работа, истакна претседателот на ДФПМ. Откри и малку познат податок дека Стојанова го позајмувала својот глас на речиси сите српски и хрватски актерки што се појавувале во македонските филмови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРеформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултатиРеформата во одбраната веќе ги дава првите позитивни резултати, носејќи сигурност и трајно решение за нашите професионални војници. Денеска во Министерството за одбрана беа потпишани договори за вработување со професионални војници кои навршуваат 45 години возраст, како цивилни лица во Министерството чиј статус ќе се трансформира во цивилни лица во македонската Армија. Денешното потпишување договори е токму резултат на реформата која професионалните војници претходно не беа во можност да ја користат. Војниците кои денеска ги потпишаа договорите за вработување на неопределено време, претходно планираа да заминат со финансиски надомест (испратнина). Наместо да ја напуштат службата, тие по 45-тата година ќе продолжат да работат како цивилни лица сè до нивното пензионирање. Оваа суштинска реформа која е резултат на заедничката работа со претставниците на синдикалните здруженија и со Генералштабот, по повеќе децении става крај на неизвесноста и на професионалните војници им отвора нова, дополнителна можност — трансформација на работниот статус од определено на неопределено време. Притоа, досегашните законски опции, како испратнината во висина од две просечни плати во државата за секоја помината година во Армијата, како и префрлањето во органите на државната и локалната власт, и понатаму остануваат во сила за оние кои тоа ќе го изберат. Ставот на Министерството за одбрана и Генералштабот е едногласен: не постои подобар, поискусен и пообучен персонал за извршување на задачите од луѓето кои го поминале својот работен век во Армијата. Професионалните војници се еден од столбовите на нашата безбедност и ова е вистинскиот начин државата да им се оддолжи за нивниот придонес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноChatGPT ѝ рекол на жена со епилепсија да ја намали дозата на лековите? Таа почина, нејзиното семејство поднесе тужба против OpenAIПоднесена е тужба против компанијата OpenAI и нејзиниот извршен директор, Сем Алтман за смрт предизвикана од несовесно постапување . Тужбата следи по наводите дека нивниот чет-бот, ChatGPT, му советувал на 31-годишен пациент со епилепсија да престане да ги зема своите лекови. Тужителите тврдат дека таа го послушала овој совет, по што починала. Тужбата е поднесена од Кун Ван и Мејчин Сју во врска со смртта на нивната ќерка, Бовен Ван – инженерка во „Амазон“ која боледувала од епилепсија уште од 14-годишна возраст, пренесува „International Business Times“. Според тужбеното барање поднесено до Вишиот суд во округот Сан Франциско, моделот GPT-4o на ChatGPT генерирал детален 25-дневен план за постепено прекинување на употребата на лекот ламотригин, намалувајќи ја дозата од 400 милиграми на нула. Овој план не бил одобрен од ниту еден лекар. Ван ја зела својата последна доза околу 10 февруари, а починала на 12 февруари. Истражниот лекар (коронер) утврдил дека причина за смртта е „ненадејна неочекувана смрт кај епилепсија“ (SUDEP). Аутопсијата покажала дека нивото на лекот во нејзиниот организам било пет пати пониско од минималната терапевтска доза. Во тужбата, исто така, се тврди дека четботот ја охрабрил Ван да го скрие својот план од нејзините лекари. Се тврди дека, пред лекарскиот преглед, моделот ја советувал да не го споменува намалувањето на дозата и ја пофалил за одбивањето на крвен тест што би открил пад на нивоата на лекови. Нејзиниот невролог, д-р Николас Пулос, изјавил за „Њујорк тајмс“ дека, со оглед на нејзината медицинска историја, никогаш не би размислувал за постепено прекинување на нејзината терапија. Правната теорија зад тужбата се базира на интерниот документ на OpenAI, „Model Spec“, кој ги дефинира правилата на однесување за моделите на вештачка интелигенција. Адвокатите на семејството истакнуваат дека овој документ ја третира забраната за репродукција на текст заштитен со авторски права како строго правило што корисниците не можат да го заобиколат. Спротивно на тоа, упатствата против давање регулирани медицински совети имаат помала тежина. Во тужбата се тврди дека советите во врска со лековите требало да подлежат на исто толку строга забрана. Понатаму се наведува дека компанијата можела да ја спречи нејзината смрт доколку го прогласела за недозволено давањето упатства за лекови што се издаваат на рецепт. Портпаролот на OpenAI, Дру Пусатери, го опиша случајот како „исклучително вознемирувачка ситуација“, но напомена дека Ван користела модел кој во меѓувреме е повлечен. Моделот GPT-4o, кој беше критикуван поради тоа што бил премногу попустлив, беше отстранет од апликацијата на 13 февруари – ден по нејзината смрт. Наводите во тужбата сè уште не се докажани на суд, а OpenAI сè уште нема дадено официјален одговор. Овој случај е една од неколкуте тужби поднесени во врска со моделот GPT-4o. Од OpenAI изјавија дека повеќе од 300 милиони луѓе секоја недела поставуваат прашања поврзани со здравјето на ChatGPT. Во јануари 2026 година, компанијата го лансираше „ChatGPT Health“, посебен дел наменет за медицински прашања, при што нагласија дека тоа не претставува замена за стручна медицинска грижа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот„Внимавај за да стигнеш. За да стигнеме сите“ е главната пораката на новата општествено одговорна кампања во рамки на едукативната платформа „Јас внимавам“.„Внимавај за да стигнеш. За да стигнеме сите“ е главната пораката на новата општествено одговорна кампања во рамки на едукативната платформа „Јас внимавам“, која започнува на 29 октомври, а ќе ја спроведува ОКТА, во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБПС). Тргнувајќи од идејата дека во сообраќајот секој од нас е дел од поширока целина, кампањата го става акцентот на вниманието, присутноста и одговорноста за сопствената и за безбедноста на другите учесници. Преку платформата „Јас внимавам“, ОКТА континуирано инвестира во подигнување на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот. Годинава кампањата е насочена кон поттикнување на поголема лична одговорност и самосвесност кај сите учесници во сообраќајот, охрабрувајќи ги да застанат за момент и да размислат што можеби превидуваат додека управуваат возило, преминуваат улица или се движат со велосипед, мотоцикл или тротинет. „Веруваме дека преку одговорно однесување и поголема грижа кон луѓето околу нас можеме заеднички да придонесеме кон побезбедна сообраќајна средина Бидејќи, нашата цел не е секој поединец безбедно да стигне до својата дестинација, туку сите безбедно да стигнеме до својата цел,“ изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор во ОКТА. Со креативниот концепт „Што пропушташ кога не внимаваш?“, кампањата ги поттикнува граѓаните да препознаат ризици што лесно остануваат незабележани во сообраќајот, како и опасностите од одвлекување на вниманието, особено од мобилните телефони. Истата ќе се спроведува преку различни комуникациски канали, како и преку теренски активности насочени кон подигнување на свеста за важноста на безбедното учество во сообраќајот. „Безбедноста во сообраќајот започнува со почитување на правилата, но и со свесност дека секоја наша постапка може да влијае врз другите. Возачите треба постојано да ја следат сообраќајната ситуација, да ги проверуваат ретровизорите и мртвите агли и да не дозволат мобилниот телефон или други фактори да им го одвлечат вниманието. Истовремено, сите учесници треба да бидат внимателни и одговорни во своето движење. Преку поддршката на кампањата „Јас внимавам“ сакаме дополнително да ја нагласиме важноста на превенцијата и на одговорното однесување во сообраќајот“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. Посебен акцент во кампањата се става на видливоста и правилната процена на ризиците. Не е доволно само да ги забележуваме другите учесници во сообраќајот, туку е важно и самите да бидеме видливи, да ги почитуваме правилата и да не претпоставуваме дека другите секогаш нè забележале. Ова е особено значајно за пешаците, велосипедистите и корисниците на тротинети, кои се повеќе изложени на ризици во сообраќајот. „Секојдневното учество во сообраќајот бара постојано внимание, добра процена и одговорност. Затоа е важно да не се потпираме на претпоставки, туку да провериме уште еднаш, да го насочиме вниманието кон патот и да бидеме свесни за сите околу нас. Со ваквите иницијативи сакаме да поттикнеме сообраќајна култура во која секој учесник се грижи не само за сопствената, туку и за безбедноста на другите“, изјави Горан Ангеловски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во 2017 година, ОКТА официјално започна со спроведување на националната платформа „Јас внимавам“, со цел да придонесе кон подигнување на јавната свест за безбедноста во сообраќајот и развивање поодговорни навики кај сите учесници. Во изминатите години, преку едукативни активности, кампањи и конкретни иницијативи, компанијата поддржа различни аспекти на сообраќајната безбедност, од едукација на децата и обезбедување рефлектирачки ознаки за првачињата, до подобрување на безбедноста на пешаците и поддршка за ранливите категории учесници во сообраќајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook