Милевски: В недела движењето „Одлучно" ќе биде вистинско изненадување на локалните избори

Кандидатот за градоначалник на Битола, Милевски посочи дека граѓаните го имаат последниот збор и тој е уверен во нивната доверба што ја имаат кон нив.

Задоволен сум од приемот што го имавме кај граѓаните и од средбите што ги одржавме добивме уверување дека во оваа кампања, ова движење и јас како кандидат за градоначалник, сите ние ќе постигнеме многу добар успех и ќе бидеме вистинско изненадување на локалните избори, изјави Горан Милевски од движењето „Одлучно за промени".

Кандидатот за градоначалник на Битола, Милевски посочи дека граѓаните го имаат последниот збор и тој е уверен во нивната доверба што ја имаат кон нив.

-ЛДП и ДОМ имаат советничка листа која произлегува од граѓаните и ќе работат за интересите на граѓаните, а јас како кандидат за градоначалник целосно ќе се посветам во активноста да го продолжиме чесното работење на актуелната градоначалничка, да ги завршиме проектите што таа ги започнала и да направиме нови проекти. Ќе ја отвориме општината за граѓаните, ќе го помагаме спортот и културата и другите области што ги ветивме со оваа програма затоа што народот тоа од нас го очекува. Градот се развива и има нови потреби, а ние ќе излеземе во пресрет на тие барања за Битола да биде модерен град каков што заслужува да биде, истакна Милевски.

Претседателката на политичката партија ДОМ, Маја Морачанин за време на престојот во Битола повика масовно излегување и гласање на неделните избори.

-Граѓаните во Битола и низ другите градови низ земјава ја препознаа чесната намера и визијата на движењето „Одлучно за промени". Нашата отвореност кон граѓаните, кон граѓанските здруженија и кон експертите овозможи масовно приклучување кон нашето движење и во таа смисла мислам дека ја постигнавме нашата цел, да ги обединиме сите без разлика на етничката, партиската припадност или професионална кариера. За Битола имаме одличен тим со чесни и добронамерни луѓе кои ќе се посветат во реализирање на потребите на граѓаните, а не како што често се случувало во овие 30 години, гледање на лични или бизнис интереси. Тоа е одлика на нашите кандидати, работа во интерес на граѓаните. Со нас во Битола ќе се врати сјајот на градот, а предводен со Горан Милевски ќе придонесе во развојот на градот, град со дигитализација, заштитено културно наследство и со голема понуда за младите, истакна Морачанин.

Првите луѓе на движењето „Одлучно", Морачанин и Милевски заедно со кандидатите за членови на Советот на Општина Битола остварија средби со целни групи од тој град.

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

притисни ентер