3Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби, Бајрами, и уште шест лица
ФудбалМилевски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Белгија и Казахстан Селекторот на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, Благој Милевски го објави списокот на репрезентативци за престојните квалификациски натпревари, против Белгија и Казахстан за пласман на СП во 2026 година, На списокот на селекторот Милевски на кој се 27 фудбалери очекувано недостасуваат повредените Дарко Велковски и Никола Серафимов.Дебитант на подготовките на сениорскиот тим ќе биде фудбалерот на ОФК Београд, Стефан Деспотовски. Нашиот национален тим јунскиот квалификациски циклус го започнува на 6 јуни на арената Тодор Проески против фаворизираната Белгија, три дена подоцна гостува во Астана кај Казахстан.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
ЕвропаВидео- фото: Протести низ Франција, затворени 400 училишта Се очекува денес во Франција да останат затворени околу 400 училишта, откако студентските протести – поттикнати од прашања поврзани со образовниот систем – во некои области прераснаа во насилство. „Според информациите со кои располагам, нешто повеќе од 400 училишта и други образовни установи ќе бидат затворени“, изјави синоќа францускиот министер за образование Едуар Жефре на телевизискиот канал „Франс 2“. Des blocages ont eu lieu un peu partout en France ce jeudi 1er octobre dans le cadre de la mobilisation lycéenne. En tout, 340 actions étaient en cours dans la matinée devant des lycées et 169 blocages ont été comptabilisés, selon les remontées policières. Dans de nombreuses villes de France, la mobilisation a dégénéré, occasionnant d’importants dégâts dans et autour des établissements scolaires. Retour en images sur ces manifestations à Paris, Marseille, Lille, ou encore Nantes et Toulouse. ➡️ https://t.co/zN7ELcKVr4 — 20 Minutes (@20Minutes) October 1, 2026 Според извор близок до министерот Себастиен Лекорну, разузнавачките служби на кризниот состанок во четвртокот известиле дека протестното движење било поттикнато од крајната левица, вклучително и од членови на партијата „Непокорена Франција“ (LFI). Пратеникот од LFI, Луј Бојар, ги отфрли овие тврдења во изјави за француските медиуми. Протестите поради недостигот на наставници и дотраените училишни згради избија во областа на Париз минатиот месец, но станаа сè понасилни како што се ширеа низ земјата. Во четвртокот, ученици подметнале пожари во најмалку две средни училишта, додека наставници во трето училиште во јужниот град Марсеј биле случајно испрскани со бензин, соопштија надлежните. Најмалку еден автомобил бил запален во Стразбур, на истокот на земјата, а полицијата за разбивање демонстрации се судрила со млади луѓе во Тулуз, на југозапад.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски од Брисел- Посветно ги спроведуваме реформските процеси и Планот за раст на ЕУПоддршка за проширувањето на ЕУ е голема , јавното мислење е со голема подршка за членство во ЕУ. Македонија успешно ги спроведува реформските процеси, бележи трет најголем економски раст во Европа од 4,3% раст на БДП во вториот квартал, целосно сме посветени и целосно усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, истакна заменик претседателот на Владата на панел дискусијата посветена на проширувањето на ЕУ, во организација на тинк тенк орагнизацијата “Пријатели на Европа” што се оддржува денеска во Брисел. “Што се однесува до реформите, генерално добро се справуваме. Беше споменат Планот за раст, сè што беше побарано од нас, направивме. Економијата буквално бележи рапиден раст. Во вториот квартал од оваа година имаме раст на БДП од 4,3%, што е трет највисок во Европа. Она што е многу важно за мојата земја: имаме политичка, економска, но и меѓуетничка стабилност и кохезија, нешто кон кое стремевме во минатото. кога ќе јагледнете целата слика, земјата се движи во добар правец. Целосно сме посветени и усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија — не 80%, не 90%, туку 100%. Единствената причина зошто не напредуваме, за жал е ова вето од Бугарија” – се обрати Николоски. Тој истакна дека поддршка од ЕУ е голема за Македонија. Голем сигнал е тоа што претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен доаѓа во Скопје. “Сега работите дефинитивно се менуваат. Секако, ситуацијата со Украина и Молдавија му помага на целиот процес на проширување и тоа треба да се искористи. Постои интерес за регионот. Претседателката Фон дер Лајен доаѓа во Скопје — беше во Албанија, Црна Гора, Косово и доаѓа во Македонија, што е одличен сигнал. Се надевам дека ќе се најде механизам што Европската Комисија ќе може да го искористи и да ги отвориме пристапните преговори. Отворените прашања со соседите мора да се решат на еден или друг начин, но сметам дека атмосферата ќе биде многу порелаксирана и позитивна ако ги започнеме преговорите” – рече Николоски. На панелот, тој потенцира дека успехот на регионот е заедничкиот настап и тоа веќе се препознава преку економскиот раст на регионот, преку развој на туризмот и развој на ависообраќајкот.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
МакедонијаПродолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби, Бајрами, и уште шест лицаДенеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.Според обвинението, тие со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од над 9 милиони евра сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.Тагови: Артан Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook