Милер не пронајде докази за вмешаност на Русија во претседателската кампања на Трамп

Милер во петокот ја затвори својата истрага, која во последните две години фрлаше сенка врз мандатот на Трамп.

Министерството за правда на САД објави дека истрагата на специјалниот обвинител Роберт Милер не пронашла докази оти претседателската кампања на Доналд Трамп била заговарана или координирана со Русија, со цел да се влијае врз изборите во 2016.

Милер исто така испитуваше дали Трамп ја попречувал истрагата, но за ова нема конечен заклучок, стои во писмото што министерот за правда Вилијам Бар го испратил до конгресот.

„Милер, сепак, не го ослободува Трамп од попречувањето на правдата“, додава Бар, кој го објави извештајот на Милер во скратена форма од четири страници.

Милер во петокот ја затвори својата истрага, која во последните две години фрлаше сенка врз мандатот на Трамп.

„Во извештајот се нагласуваат напорите на Русија да влијае врз изборите и се документираат направените криминали. Сепак, специјалниот обвинител Милер не открил дека некој американски државјанин или официјално лице од кампањата на Трамп свесно соработувал со Русија“, вели Бар.

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека користеле хемиско оружје

 Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва останува обврзана со договорот за забрана на употреба на хемиско оружје.

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот. /МИА

притисни ентер