Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
1Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
Други спортовиМиленковски и Ѓорѓиев од Атина: На натпреварот со Грција пред сè ќе го дадеме нашиот максимумЌе се бориме, го видовме составот на Грција, тие се практично сите исти иако се веќе пласирани на Европското првенство. Гледам дека не калкулираат.Атмосферата како и секогаш е позитивна, мотивираноста на ниво, играчите подготвени, пред сè да го дадат својот максимум,вели селекторот на македонската одбојкарска репрезентација Јошко Миленковски пред денешниот натпревар со Грција во Атина во квалификациите за Европското првенство 2026, додека пак капитенот Никола Ѓорѓиев посочува дека пред сè очекуваат добра игра. Машката одбојкарска репрезентација вчера пристигна во грчката метропола, синоќа тренираше во спортската салата на Олимпијакос каде што вечерва ќе ги измери силите со домаќинот, а на 24 часа пред еден од клучните натпревари, во разговор со дописничката на МИА од Атина Миленковски и Ѓорѓиев ги пренесуваат нивните очекувања за претпоследниот натпревар во квалификациите што може да го отвори патот кон учество на Европското првенство, што ќе биде четврто за нас. Капитенот Ѓорѓиев вели дека имале напорно патување до Атина и видлив е уморот на играчите, но сепак изразува надеж дека брзо ќе се адаптираат на салата што е со капацитет за прими околу 1.800 гледачи и е доста помала од „Борис Трајковски“ каде што тренираа постојано, но и истакнува дека „атмосферата во репрезентација е на многу високо ниво“. - Ќе се бориме, го видовме составот на Грција, тие се практично сите исти иако се веќе пласирани на Европското првенство. Гледам дека не калкулираат. Ние ќе си ја гледаме нашата игра, за нас претставува голем натпревар меѓутоа нема да си поставуваме никаков императив, победа и сл. Одиме прво да одиграме добро и сè што можеме да направиме. Оваа генерација секогаш оди на победа, сигурно ова потсвесно постои, а крајната цел е Европското првенство е сега дали тоа ќе го постигнеме со еден или два сета, па победа над Грузија или како, ќе видиме, вели Ѓорѓиев. Селекторот Миленковски нагласува дека мотивираност ќе биде голема и кај двете репрезентации. - Атмосферата како и секогаш е позитивна, мотивираноста на ниво, играчите подготвени, пред сè да го дадат својот максимум. Резултатот каков ќе биде не зависи само од нас, играме против една репрезентација која е меѓу најдобрите европски репрезентации. Во европската лига игра фајналфор се пласираше во самата завршница. Во составот имаат играчи од најдобрите грчки клубови Олимпијакос, Панатинаикос, ПАОК со големо искуство играат во силна лига како што е грчката и тие сигурно ќе бидат мотивирани да го покажат најдоброто и да го обезбедат првото место, затоа што со победа тие би го обезбедиле првото место што носи потоа предност понатаму во ждрепките за европското првенство. Значи мотивираноста ќе биде обострана и на двете страни и едните и другите ќе пробаат да го дадат својот максимум, посочува Миленковски. Објаснува дека денешниот натпревар е еден од клучните, меѓутоа не и најклучен, затоа што во недела играме со Грузија, натпревар што најмногу ќе одлучува, но од друга страна со добар резултат вечерва, тој натпревар за репрезентацијата ќе биде поопуштен. -Јасно е дека секој поен, секој сет е многу значаен и ќе ни помогне многу за да ни ја отвори вратата кон Европското првенство. Нема да биде лесно, меѓутоа веруваме во нашите сили, во нашите можности. Играме против силна репрезентација и неизвесно ќе биде до самиот крај. Најважно е што мислиме дека имаме сили да го постигнеме она што ни треба. Дали ќе биде тоа победа или ќе биде сет или два, без разлика, секој резултат освен, се разбира, убедлив пораз, понатака ќе ни ги отвори вратите на тоа Европско првенство и натпреварот со Грузија да го играме поослободено и да одиме на уште едно Европско првенство, четврто по ред, Домашниот терен предност за Грција, но само теоретски Грција, која важи за фаворит и во групата Ф е на првата позиција без пораз, игра на домашен терен, во сала што никој не знае дали ќе биде исполнета, со оглед на тоа што влезот е бесплатен и не постојат податоци за бројот на гледачи што ќе го следат натпреварот. Во однос на тоа дали сето ова ќе значи и предност за домаќините, селекторот и капитенот на македонската репрезентација за МИА коментираат дека нашите одбојкари имаат искуство и на потешки натпревари. -На гостински терен е многу тешко да се игра, посебно во вакви сали како што е оваа на Олимпијакос, каде што овие играчи кои настапуваат за грчката репрезентација имаат освојувано бројни титули. Меѓутоа и ние сме навикнати да играме големи натпревари, Всушнот имаме три европски првенства по ред. Имаме победувано и подобри репрезентации, посочува селекторот. Капитенот пак категоричен, не верува дека Грција вечерва преку играњето на домашен терен ќе има играч повеќе. - Сите ние сме многу искусни, имаме одиграно многу натпревари зад себе, така што домашниот терен, барем за мене, од моја гледна точка не би требало да претставува некоја многу голема предност за нив. Што се однесува до нас, ние некогаш играме подобро на страна, отколку дома, бидејќи дома нели имаме повеќе притисок, нели фамилии, пријатели, цела Македонија те гледа, така што мислам дека ќе бидеме на нивото на задачата и ќе биде една убав и тежок натпревар, истакнува Ѓорѓиев. Машката репрезентација, освен успесите со учество на три Европски првенства, има и искусни одбојкари со голема и богата кариера, па со селекторот Миленковски и капитенот Ѓорѓиев поразговаравме и за состојбата со одбојката во нашата земја и колку конкретниот спорт е популарен меѓу младите. Миленковски, кој е тренер на грчки ПАОК, вели дека одбојката е популарна кај нас, можеби не на ниво како што е во Грција или во други европски земји, но сепак младите го сакаат овој спорт, особено девојчињата. - Кај женската популација е најпопуларен спорт и најброен затоа што има најмногу девојчиња во овој спорт. Кај мажите, можеби има одредена стагнација по бројноста на одбојкари, меѓутоа и овие кои се тука, веќе подолго време, на подолг период помагаат, работат и играат за популаризација на нашиот спорт. Сигурно дека тоа не е на нивото како што е грчката одбојка или многу водечки европски сили, меѓутоа фактот што сме учесници на три Европски првенства по ред, дека и во третото учество во Златната европска лига каде што играат екипи што се сите учеснички на европските првенства и го задржуваме статусот на евролигаши на екипи кои играат во Златната лига зборува дека квалитетот постои, играчите се доста популарни во нашите медиуми, така да мислам дека сме на добар пат да го продолжиме сето тоа, вели Миленковски. Посочува дека она што треба да се подобрува е бројот на одбојкари, бројот на квалитетни тренери кои ќе произведуваат квалитетни одбојкари. Капитенот Ѓорѓиев кој има богата кариера смета дека за жал одбојката не е многу популарна, со исклучок на машката национална репрезентација, за која вели дека е малку повеќе популарна за разлика од клубовите. - Клубовите си се популарни во своите градови, на пример играчите на ОК Струмица, играчите на ОК Штип се популарни во нивните градови. Надвор од тоа не сум сигурен доколку не се членови на македонската национална машка репрезентација. Меѓутоа се надевам дека со нашите успеси, еве дај Боже и со четврто Европско првенство коешто сите го сонуваме и работиме за тоа, ќе успееме уште повеќе да ја подигнеме, а сигурно и дека еден убав успех на еден клуб на европско ниво од споменатите два кои оваа година играат во Европа, сигурно некако уште повеќе ќе ја популаризира одбојката но и самит играчи, истакнува капитенот. Вчерашниот тренинг на одбојкарите, на кој присуствуваше дописничката на МИА од Атина, беше речиси во исто време со денешниот натпревар, а пред македонската репрезентација, тренинг одржаа и домаќините. Затворената спортска сала „Мелина Меркури“ во населбата Ренти во близина на Пиреја, што го носи името на грчката актерка и политичарка, ја користат машкиот и женскиот одбојкарски тим на Олимпијакос, како и младинските категории и има капацитет од 1.800 седишта. Натпреварот е закажан за 20 часот по локално, 19 часот по македонско време, а влезот е слободен. /МИА.Тагови: одбојкарска репрезентација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЖивотТркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите. Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент. ⚠️ CCTV footage captures the moment a rogue wheel came flying, seemingly out of nowhere, before striking a 19-year-old pedestrian in Santiago, Chile. https://t.co/SRBU6fODCV — TMZ (@TMZ) November 5, 2026 Тркалото удрило и во два автомобила Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида. Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.Тагови: момче тркало Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00