Руска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформации
1Руска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформации
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
3„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
КултураМилчо Манчевски доби Награда за кариера во ПортугалијаМакедонскиот режисер Милчо Манчевски е добитник на Награда за кариера на меѓународниот филмски фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија.Манчевски дојде во Порто од Њујорк за лично да ја прими наградата, а во негова чест на фестивалот се прикажа и ретроспектива со неговите филмови “Прашина”, “Сенки” и “Мајки”. Посебна почест Фантаспорто му укажа на неговиот филм „Пред дождот“ со кој изминатиот викенд беше свечено затворено годинашното 36 издание на фестивалот, со што овој филмски класик повторно го стави во центарот на вниманието и по 22 години од создавањето. Фестивалот Фантаспорто што веќе 36 години се одржува во градот Порто, е најголем во Португалија и од страна на холивудското филмско списание „Вараети“ е вброено меѓу 25-те најразновидни во светот според својата уникатна комбинација на филм и други уметнички форми. На фестивалот, што годишно има над 110.000 гледачи, се прикажани филмови од најпознатите светски режисери, а меѓу досегашните добитинци на наградата за кариера се на пример и Дени Бојл, Гилјермо дел Торо, Вим Вендерс, Пол Шредер, Сергеј Параџанов, Маноел де Оливеира,... Ретроспективата на Манчевски во Португалија доаѓа по ланските во Бразил и Канада. Португалија е меѓу бројните земји каде филмските дела на Манчевски се популарни и почитувани. Филмовите на Манчевски се предаваат на стотици универзитети во светот, а во Италија „Пред дождот“ е дел од обавезната наставна програма во средните училишта. Неговите филмови се обработуваат во бројни есеи, книги и филмски енциклопедии; прикажани се на над 200 фестивали, но и во над 50 земји на сите континенти во редовна кино-дистрибуција и на ТВ програмата. „Пред дождот“, кој е најтрофеен македонски филм, е вброен во 1.000 најдобри филмови во историјата од страна на Њујорк тајмс и има освоено над 30 меѓународни награди, меѓу кои и Златниот лав, Номинација за Оскар, ФИПРЕСЦИ, Давид ди Донатело, Сребрен кондор, награда на УНЕСКО, итн. Во САД, реномираната „Крајтерион колекција“ го издаде видеото од филмот во едиција со Бергман, Антониони, Тарковски, Бресон,.../МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
ЗдравјеКлековски: Современа терапија за 126 пациенти со цистична фиброзаДецата од две до 12 години со цистична фиброза се вклучени на терапија и имаат одлични резултати. Вкупно има 79 деца, додека седум деца не се бидејќи имаат одредени мутации за што лекот не може да помогне.Најважно е што за сите пациенти има лекови и нема на листа на чекање, објасни министерот за здравство Сашо Клековски. Од 2027 година на листата за лекување на цистична фиброза ќе има нови лек што треба да им помогне на сите пацинети кои имаат гентески мутации. По објавувањето на ревизорскиот извшетај со забелешки за системот „Мој Термин“ што во периодот од 2021 до 2026 година, од вкупно 1.945 дена, системот „Мој Термин“ поминал дури 737 дена без активен договор. Министерот Клековски објасни дека побарал да се видат сите недостатоци и ќе реагираат за тоа која фирма ќе продолжи да работи. Конечниот извештај на ревизорите открива дека државното здравство се потпира на застарена опрема, додека листите на чекање за хируршки интервенции се манипулираат со упати без термин, оставајќи илјадници пациенти во неизвесност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаРуска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформацииПропагандна мрежа која преку клонирани псевдо-портали со македонски интернет-домени ширела лажни вести и дезинформации во функција на руски интереси е предмет на истрага на безбедносните институции. Агенцијата за национална безбедност во координација со МВР и Обвинителството преземаат опсежни активности за откривање и попречување на мрежата, која работела во корист на странски интереси, наведуваат од АНБ. Во рамки на истрагата, на 18 септември бил извршен и претрес во домот на македонски државјанин, за кого постои основано сомнение дека бил дел од странскиот пропаганден апарат.При претресот биле пронајдени и одземени предмети кои во моментов се на дополнително вештачење, А лицето е осомничено за три кривични дела... -Поради основано сомнение дека е сторител на КД „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ по член 319 од КЗ, „Одавање службена тајна“ по член 360 од КЗ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ, извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени предмети кои во моментов се предмет на дополнително вештачење. ---Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во фунција на руски интереси се кријат преку креиорани псевдо портали, регистрарни преку кои се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост. – соопштија од АНБ Според информации на „Слободен печат“, лицето во чиј дом бил извршен претресот е А.С., македонски државјанин кој бил во постапка за добивање бугарско државјанство и бил поврзан со мрежа интернет-портали преку кои се пласирале пробугарски содржини. Истото лице се поврзува и со сомнежите за оддавање службена тајна, односно со дипломатската нота поврзана со патувањето на семејството на премиерот Христијан Мицкоски во Пампорово, Бугарија, која подоцна беше објавена и споделувана низ бугарски и македонски портали. Од АНБ велат дека актуелните активности се продолжение на претходно попречени проруски хибридни активности поврзани со македонски државјанин, против кого претходно била поднесена кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКостадиновски на средба со амбасадорот на Словенија, Грегор ПрескерПретседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и заменик-амбасадорката Ника Ротар.Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Прескер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Уставниот суд, како и за активностите насочени кон зголемување на ефикасноста, транспарентноста и зголемување на довербата на јавноста во Судот. На средбата беше нагласено и значењето на добрата соработка меѓу уставните судови на Македонија и Словенија, како и потребата таа и во иднина да се развива преку организирање на заеднички активности и настани на кои ќе се разменуваат искуства и добри практики. Соговорниците ги истакнаа традиционално пријателските односи меѓу двете земји како добра основа за натамошно продлабочување на соработката, соопштуваат од Уставниот суд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45