Милатовиќ: Црна Гора во рок од пет години ќе стане членка на ЕУ

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ во интервју за Гардијан истакна дека Брисел има можност да ја обнови својата посветеност на проширувањето на Европска Унија, така што Црна Гора ќе стане земја-членка.

- ЕУ може да ја покаже својата обновена посветеност на принципот на проширување, така што во рок од пет години ќе ја прифатат Црна Гора, наведе Милатовиќ.

Претседателот на Црна Гора неделава ќе го посети Лондон и ќе се сретне со кралот Чарлс и со британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Руската агресија против Украина делуваше како повик за будење во Брисел и другите европски престолнини дека пристапувањето мора да биде геополитички аспект. Нашето членство ќе ѝ покаже на скептичната јавност дека проширувањето сè уште е живо и оти не е прашање само на елитите, истакна Милатовиќ. /МИА

Кабинет на Пендаровски: Претседателот следната неделаќе извести за неговата кандидатура

Претседателот следната недела официјално ќе извести за неговата кандидатура.

Канал 5 побара став и од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски..Оттаму предмалку за неговата кандидатура за втор претседателски мандат соопштија дека се работи за информации за одлуки кои не се официјално донесени, а претседателот ќе ја информира јавноста во текот на следната недела.

Бундестагот го одби барањето за испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина

Германскиот Парламент Бундестагот денеска со мнозинство гласови на владејачката социјалдемократско-зелено-либерална коалиција го отфрли барањето на опозициските демохристијани за испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина.

Опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ поднесе барање во Бундестагот за „пресврт во германската надворешна и безбедносна политика“, што ќе овозможи испорака на ракетниот систем „Таурус“ во Украина.

Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и претставничката група на Унијата ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, Фридрих Мерц, ги повика претставниците на партиите на владејачката коалиција на социјалдемократите, зелените и либералите (ФДП) да гласаат според нивната совест и да ја одобрат испораката на „Таурус“.

„Украина и натаму не добива во целосна мерка средства што ѝ се потребни за успешно да се одбрани од руската агресорска војна“, рече Мерц.

Советот за безбедност на Германија, во кое германскиот канцелар Олаф Шолц го има одлучувачкиот збор, ја отфрла испораката на германскиот ракетен систем воздух-земја за Украина.

Набљудувачите сметаат дека Шолц ја отфрла испораката на ова вооружување со оглед на тоа дека овие ракети со дострел од 500 километри би можеле да се користат и против цели длабоко на територијата на Русија и да служат за можна ескалација на конфликтот.

Обвинителство: Опожарен автомобил на јавен обвинител

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска.

Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело.

Според првичните сознанија, за сега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета.

Јавното обвинителство на Република Македонија и Здружението на јавни обвинители силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност.

притисни ентер