КултураМиланската Скала вечерва ја стартува сезоната со руската опера „Борис Годунов“ Осамен во моќта, лудилото, насилството, каењето и смртта...Вечерва миланскиот театар Ла Скала ја отвора оперската сезона со ремек дело на руски композитор и верува дека токму сега е вистинскиот момент да се постави парабола за диктатурата на царевите. . Идејата за премиера на руската опера Борис Годунов се појави пред три години, многу пред почетокот на руската агресија во февруари, а Ла Скала опстојуваше на неа и покрај протестите на украинскиот конзул во Милано, Андриј Картиш. Украинскиот дипломат можеби се плашел од руската пропаганда, но операта во Милано немале дилеми. „Ние не браниме никого, поставуваме опера која е ремек дело на историјата на уметноста“, изјави режисерот Доминик Мајер. Премиерата од кралската ложа ќе ја следат претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, италијанската премиерка Џорџија Мелони и претседателот Серџо Матарела. Модест Петрович Мусогрски (1839-1881) го компонирал Борис Годунов врз основа на истоимената драма на Александар Пушкин, која раскажува за продлабочувањето на јазот меѓу автократскиот водач и неговиот народ. Операта беше постојано цензурирана, и за време на Руската империја и за време на Советскиот Сојуз. Музичкиот директор на Ла Скала, Рикардо Шајли, се одлучи за оригиналната верзија за да остане доследен на духот на композиторот, иако е „посилна и потешка“, вели Мајер. „Борис Годунов е апсолутно ремек дело кое изненадува со својата модерност“, оценува Шајли. Изведбата на таа опера во театарот Марински во Санкт Петербург во 2012 година ги разбранува духовите поради споредбите меѓу владеењето на Борис Годунов, рускиот император кој владеел од 1598 до 1605 година, и актуелниот претседател Владимир Путин, кој се соочил со невидени протести. Десет години подоцна, вистински момент е да се прикаже Борис Годунов затоа што „Мусоргски и самиот беше уметник кој се бореше против системот и би било сосема погрешно да се цензурира опера која ја демаскира власта“, вели режисерот Каспер Холтен. Осаменост во власта, лудило, насилство, каење... сложениот и опседнат лик на Борис Годунов, кој ја презеде власта откако беше убиен легитимниот престолонаследник, се чини дека израсна од трагедијата на Вилијам Шекспир (1564-1616) од која бил инспириран Пушкин. Насловната улога ја толкува рускиот бас Илдар Абдразаков, кој Борис го гледа како „човек кој има и душа и срце, а го обзема каење затоа што оставил да се убие дете“ и таа „мисла во него прераснува во вознемиреност и во постојано растечко оптоварување додека не доведе до лудило и смрт“. Монахот Григори го игра Естонецот Аин Ангер, кој важи за еден од најдобрите басови во светот. Руската сопранистка Ана Денисова ја пее ќерката на царот, Ксенија, а мецосопранот Лили Јорстад го пее неговиот син Фјодор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДраган Павловиќ Латас и Иво Рангеловиќ вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Драган Павловиќ Латас и Иво РангеловиќКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
ЗабаваПет клучни вештини за здрава и среќна врска според психотерапевтитеЉубовните врски честопати од луѓето го вадат најлошото, бидејќи бараат да бидеме ранливи и да ѝ веруваме на другата личност. Во таквата динамика, конфликтот, стравот, несигурноста, па дури и огорченоста се речиси неизбежни. За среќа, постојат вештини што можат да ни помогнат полесно да се снајдеме во интимните односи, пишува Vice. Еве кои пет клучни вештини е добро да се развијат за да можете да се потпрете на себеси и на партнерот во врската. Активно слушање Иако изразувањето на сопствените чувства и потреби е од суштинско значење за секоја врска, многумина забораваат колку е важно да се слуша другата личност. Според психотерапевтите, активното слушање му покажува на вашиот партнер дека ви значи она што го кажува и дека сте навистина присутни во тој момент. При тоа, целта е да го разберете искуството и перспективата на вашиот партнер и да одговорите внимателно, наместо да реагирате инстинктивно. Емоционална свест Недостатокот на самосвест е еден од најтешките проблеми во врските, а ова особено се однесува на емоционалната свест. Развивањето на емоционалната свест им помага на партнерите појасно да разговараат за своите потреби и да реагираат повнимателно за време на стрес и конфликт. Клучен чекор во спречувањето на импулсивни реакции е да застанете и да се обидете да разберете што ве мачи и како обично реагирате кога емоциите ве преплавуваат. Емоционална регулација Покрај емоционалната свест и емоционалната регулација е клучна. Ако не можете да управувате со сопствените емоции, не можете да очекувате некој друг да го стори тоа наместо вас. Без оваа вештина, може да реагирате импулсивно наместо внимателно, што може да биде штетно за вашата врска. Кога партнерот може да се справи со сопствените емоции во време на вознемиреност, стрес или други тешкотии, тоа може да направи голема разлика. Емоционалната регулација или заедничкото смирување партнерот создава безбеден психолошки простор што овозможува ранливост. Ранливост Ако не можете да бидете ранливи во интимна врска, си ја одземате можноста да се поврзете подлабоко. Во силните емоционални врски партнерите си веруваат еден на друг и си се доверуваат еден на друг за своите стравови, потреби, разочарувања и надежи. Ранливоста создава можност партнерите навистина да се запознаат и да се поддржуваат еден со друг. Способност да се поправи односот Никој не е совршен и ниедна врска не е идеална. Конфликтот е неизбежен, но важна е и способноста односот после конфликт да се поправи. Паровите кои успеваат во тоа, на расправијата гледаат како на ситуација „ние против проблемот“, а не „јас против тебе“. Тие заедно работат на компромисот и на подобро меѓусебно разбирање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЛуѓето кои заработуваат најмногу имаат една заедничка особина, покажува една студијаМногумина веруваат дека клучот за напредок во кариерата и повисока плата е едноставно посветеност на работата и надминување на очекувањата, или агресивен пристап кон деловните можности. Но, иако продуктивноста е важна за професионален развој, и нашата личност игра голема улога. Студија на група економисти од Универзитетот во Кембриџ покажа дека една особина на личноста е особено важна за оние кои сакаат да заработат повеќе. Совесноста како индикатор за приход Истражувањето се базира на теоријата „Големите пет“ особини на личноста, според која личноста може да се опише преку пет димензии: отвореност, совесност, екстровертност, прифатливост и невротицизам. Додека претходните истражувања покажаа како овие особини влијаат на романтичните врски и развојот на кариерата, економистите беа заинтересирани за тоа како тие влијаат на приходот. Вејлонг Жанг, еден од авторите на студијата, објасни дека совесноста е често најсилниот индикатор дека едно лице ќе заработи повисока плата. Тој ја опиша оваа особина како „силна предност на пазарот на трудот“, што генерално е поврзано со повисоки приходи и помала веројатност за невработеност. Луѓето со високо ниво на совест се познати по тоа што се одговорни и организирани. Тие работат напорно за да ги постигнат своите цели и се стремат мудро да го користат своето и туѓото време, поради што често се поврзуваат со трудољубивост и сигурност. Според Жанг, „Совесните луѓе често се перципираат како сигурни и вредни, додека емоционалната стабилност им овозможува поефикасно да се справат со стресот, а работодавците високо ги ценат овие два квалитета.“ Зошто оние што угодуваат се во неповолна положба Ова се однесува на некој кој лесно се сложува со другите луѓе. Како што истакнува Жанг, оваа особина може да биде голема предност во меѓучовечките односи, но можеби не е секогаш корисна кога станува збор за преговори за плата. „Конформистите имаат тенденција да избегнуваат конфликти, што може да ги направи помалку решителни во преговорите“, вели тој. Ваквите поединци често се поподготвени да ги прифатат понудените услови без понатамошни преговори, бидејќи не сакаат да создадат тензии или да им отежнат на другите. „Жените, кои во просек покажуваат повисоко ниво на конформизам, се соочуваат со двоен хендикеп на пазарот на трудот“, вели Жанг. „Не само што често се перципираат како помалку решителни преговарачи, туку економската вредност на нивниот конформизам е често помала од онаа на мажите“. Вештините не се единственото нешто што ја одредува платата Иако би било идеално ако платата се базира исклучиво на знаење и вештини, реалноста на пазарот на трудот е многу посложена. Пристрасноста е појава која ретко кој сака да ја признае, но лесно може да се вовлече во работната средина, честопати несвесно. Истражувањата покажуваат дека менаџерите понекогаш не ги забележуваат таквите форми на неправедност, додека вработените се многу посклони да ги воочат. Висината на платата зависи од многу повеќе фактори отколку само од вештините. Денешниот пазар на труд често ги наградува луѓето кои се посамоуверени, амбициозни и организирани. Ова може да биде предизвик за оние кои ги немаат овие особини, но ваквите обрасци често се појавуваат на работното место. Совесноста може да се развие Добрата вест е дека совесноста може да се развива во текот на целиот живот. Ова вклучува сериозно сфаќање на повратните информации, промена на начинот на кој пристапувате кон вашата работа и вложување поголем напор во соработката и односите со колегите. Со тоа, покажувате одговорност и професионализам, дури и додека сè уште работите на сопствениот развој. Долгорочно, токму ова може да ве доближи до унапредување и повисока плата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter