Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени
2Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени
3Сали: Автопатот Скопје–Блаце е историска инвестиција што ги зближува граѓаните и ја поврзува нашата заедничка европска иднина
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
БалканМилановиќ прв поднесе официјална кандидатура за претседателските избори во ХрватскаАктуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ и кандидат за уште еден мандат во Пантовчак прв утрово и официјално ја поднесе својата кандидатура до Државната изборна комисија (ДИК).Милановиќ во краткото обраќање до медиумите ја оцени ситуацијата како сериозна и посочи дека треба да се бориме и додека не се преброи последниот глас, приказната не е завршена. Тој им се заблагодари на сите што застанаа на трибините и собраа потписи. „Ги собиравме нашите по улиците и плоштадите во хрватските градови“, рече Милановиќ и додаде: „Пред пет години со добра волја со ентузијазам и оптимизам верував дека ќе има мандат за соработка. Се кандидирав тогаш затоа што не е добро еден човек и една партија да ја потресуваат Хрватска, а сега ескалира. Ќе се спротивставам додека плурализмот е загрозен, се купува“. Тој порача дека таму ќе застане за хрватскиот народ, институциите и Уставот. „Го почитував и ќе го заштитам од туѓите напади“, изјави Милановиќ, кој се кандидира за уште еден претседателски мандат во Хрватска. Кандидатурата на Милановиќ ја поддржаа опозициските партии СДП, Независна платформа Север (НПС), Центар, Хрватската селска партија (ХСС), Далија Орешковиќ, Народна партија - реформисти, Партијата на пензионери (СУ), Блок на Пензионерите заедно (БУЗ), Граѓанската либерална алијанса (ГЛАС) и Демократската алијанса „Меѓумра“ (МДС). Од 14-те потенцијални претседателски кандидати, досега само тројца го објавија официјалното поднесување на кандидатурата до ДИК. Кандидатот на ХДЗ Драган Приморац утре ќе поднесе кандидатура, како и кандидатурата на независниот кандидат Дражен Пилиќ. На 10 декември на полноќ истекува рокот за собирање 10.000 потписи на граѓани со право на глас и поднесување кандидатура. После тоа, ДИК има рок од 48 часа да ја провери валидноста на потписите и да ја објави листата на кандидати за претседател на Хрватска. Претседателските избори во Хрватска се закажани за 29 декември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран планира атентат на еден од синовите на премиерот на Иразел НетанјахуВо дел од светските медиуми денес се појавуваат нови информации за атентатот врз Јаир Нетанјаху, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додека тој живеел на Флорида.Според порталот „Њузмакс“ (Newsmax), израелските разузнавачки служби ги известиле американските власти за ова кон крајот на минатата година. Според извор запознаен со истрагата, ирански оперативци веќе биле во областа на Мајами и го следеле движењето на Јаир Нетанјаху, вклучително и во неговата резиденција во Халандејл Бич. Јаир Нетанјаху (35), кој имаше постојано обезбедување од израелските служби, веднаш ја напуштил Флорида по предупредувањето и се вратил во Израел, оставајќи ги своите лични работи во САД, соопшти изворот. Во понеделникот, во интервју за израелскиот Канал 14, израелскиот премиер потврди дека Иран се обидел да убие еден од неговите синови, но не прецизираше за кој син станува збор. „Иран целеше кон еден од моите синови. Се обидоа да го убијат“, изјави Нетанјаху. Нетанјаху има двајца синови, Јаир и Авнер. Авнер живее во Израел, додека Јаир помина подолг период во областа на Мајами, каде што стана познат како конзервативен политички коментатор и јавен бранител на својот татко. Израелскиот Канал 12 објави дека некои медиуми со месеци знаеле за планот за атентат, но дека неговото објавување претходно било спречено од воената цензура.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаСтојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет.Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%. Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година. За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети. Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени. Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците. Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бојан Стојаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Шоу бизФото:Иванка Трамп знае и да сурфаЕдна од најмоќните жени во светот покажа скриен талент и ги воодушеви фановите на социјалните мрежи.Иванка Трамп замина на нов одмор со семејството, каде што ужива во своето омилено хоби, а фотографиите од одморот фуриозно се проширија на социјалните мрежи. 44 годишната Иванка која е ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, покрај тоа што привлекува внимание на јавноста со својот изглед, во последно време фасцинира и со своите спортски вештини. Таа очигледно е љубител на адреналински возбудувања, бидејќи поголемиот дел од летото го помина сурфајќи, а својот талент го покажа и за време на семејниот одмор во Костарика, каде што често патува. Претходно Иванка со семејството летуваше на Исланд, а сега, е време за нови авантури во потоплите краишта. Ivanka Trump Turns Heads With Surfing Skills During Costa Rica Family Getaway . #IvankaTrump #CostaRica #FamilyVacation #Surfing #CelebrityNews pic.twitter.com/WBBZXYywp2 — JL News Today 🇺🇸 (@JLNewsToday) August 24, 2026 Иванка ги искористи брановите и ги покажа своите вештини на зелената даска, а притоа одлично се забавуваше со својот инструктор. Таа носеше горен дел од костим за нуркање и црн долен дел од костим за капењеТагови: Иванка Трамп костарика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook