Милановиќ пред победа на претседателските избори во Хрватска

Поранешниот премиер Зоран Милановиќ е на чекор до победа на претседателските избори во Хрватска.

Славје во таборот на социјалдемократите, молк во Ха-Де-Зе на актуелната претседателка Грабар Китаровиќ. Првичните излезни анкети, кои ги пренесуваат хрватските медиуми, покажуваат дека Милановиќ има сериозна предност од околу шест проценти, која според неговиот стожер, се очекува да ја зачува и по целосното пребројување на гласовите. Милановиќ на социјалните мрежи се заблагодари на сите, за кои како што рече, му биле поддршка во последните шест месеци. Тој беше премиерот од 2011-та до 2016-та година, кога падна во сенка на политичките случувања.

26-годишник фатен при обид да краде возила

Дваесет и шестгодишник од полицајци бил фатен во обид да краде од возила ноќеска на една од тетовските улици. Полицајците го забележале половина час пред полноќ на улицата „Штипска" во Тетово.

– Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.И.(26) од Тетово поради сомнение дека претходно извршил обид за тешка кражба во две патнички возила, „фолксфаген голф" и „опел астра", со тетовски регистарски ознаки, кои биле паркирани на оваа улица. Џ.И. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, информираат од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.

Вакцини против грип кон крајот на месецов, бесплатни за ризични групи

Ќе има дополнителни вакцинални пунктови.

Вакцините против сезонскиот грип се очекува да пристигнат кон крајот на месецов, по што веднаш ќе почне процесот на вакцинација. Набавени се 40.000 дози на четири типни вакцини кои се производ на „Sanofi Pasteur", Франција (VAXIGRIP TETRA), информираат за МИА од Министерството за здравство.

Вакцините, како што истакнуваат, се наменети за бесплатна вакцинација на следните дефинирани ризични групи: лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до пет години.

Како и претходните две сезони, заинтересираните лица ќе можат да ја закажат бесплатната вакцинација преку својот матичен лекар. Со цел избегнување на дополнително оптеретување на епидемиолошките служби при центрите за јавно здравје, каде досега се спроведуваше вакцинацијата против сезонски грип, годинава изготвуваме Акциски план кој ќе вклучи дополнителни вакцинални пунктови. На овој начин вакцинацијата ќе биде подостапна за граѓаните. Kомерцијалните вакцини против сезонски грип ги набавуваат центрите за јавно здравје, посочуваат од Министерството за здравство.

Фото: Девојката на екс кошаркарот Марко Јариќ

Атрактивната манекенка Бони Милер веќе три години е во врска со поранешниот НБА кошаркар Марко Јариќ.

Првата година екс сопругот на Адриана Лима и убавата Бони ја криеле својата врска, но во последните години тие многу често заедно може да се видат во јавноста.

Марко и Бони уживаат во својата љубовна романса, убавата манекенка е многу активна на социјалните мрежи и на радост на фановите многу често објавува фотографии кои никого не оставаат рамнодушен.

Инаку, Марко Јариќ пред врската во Бони беше во долгогодишен брак со една од најубавите жени на светот, ангелот на Викторија сикрет Адриана Лима, со која има и две ќерки.

притисни ентер