Миланов: Груевски ми се јави од Унгарија

Адвокатот Еленко Миланов рече дека Никола Грувески дента кога објави на неговиот фејсубк профил дека побарал политички азил во Унгарија му се јавил и му кажал дека е во Будимпешта и дека ќе го застапува во сите судски предмети што се водат против него

Денот кога излезе на фејсубк неговата објава каде се наоѓа, доцна вечерта добив повик од Груевски, рече Миланов и додаде дека телефонски повик од Груевски добиле сите од неговиот адвокатски тим.

Груевски го побарал Миланов од странски телефонски број за кој, како што нагласи адвокатот, им е познат и на македонските власти.

-Ви гарантирам дека го ѝимаат бројот. Она што го има како комуникација во мојот телефон, веројатно го имаат. Сигурно го имаат и тоа не од мојот телефон туку од еден куп други информации што верувам дека нашите служби можат да го обезбедат, рече Миланов.

Адвокатот и Груевски имале уште една комуникација со пораки за правни прашања. За азилот не разговарале.

-Јас му вратив со порака дека е направена повреда и во делот на определување мерка притвор пред да му биде одземен имунитетот, а исто така и во делот да Судечкиот совет го направи тоа зошто согласно законот тоа може да го направи само Кривичниот совет по правосилен обвинителен акт, рече Миланов во емисија на телевизија Телма. .

Од МВР се уште нема потврда дека го имаат телефонски број од кој Груевски му се јавил на адвокатот Миланов, кој, пак, вели дека полицијата веројатно го има. /МИА

Нова Алтернатива: Сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Во изминатите две години на место каде имаше дива депонија од над 50 илјади метри квадратни направивме мега парк во Ѓорче Петров, исчистивме над 280 диви депонии, каде некој трупа отпад, загадува и заработува.

Први поднесовме кривична пријава против еден од најголемите загадувачи во Македонија и без компромис се бориме против секој што се обидува да ги труе нашите сограѓани.

Затоа за обезбедување услови за Македонија во која ќе живееме здраво и во чиста животна средина мора да се пристапи кон:

-Кривично гонење на сите кои ќе се утврди дека извршиле дело против животната средина и здравјето на граѓаните

-Да се донесе Закон за комунална полиција

-Спречување на заадувањето од големите индустриски капацитети

-Нема да дозволиме рестартирање на рудниците и мора да се изврши ревизија на сите долгорочни договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

НБА кошаркар дивее на теренот- намерно со топка ги гаѓа навивачите (ВИДЕО)

Милвоки Бакс се прости од оваа сезона во НБА со пораз во првото коло од плејофот на Источната конференција од Индијана Пејсерс.

Серијата ѝ припадна на екипата на Индијана со вкупни 4:2, а додека се уште траеше последниот натпревар, кошаркарот на Бакс, Патрик Беверли, на непримерен начин го исфрли бесот и фрустрацијата.

Во последните минути од натпреварот кој отиде на страната на Пејсерси со 120:98, Беверли седеше на клупата за резерви. Тој стана од неа и со топка удри навивачка на ривалскиот тим во глава. Потоа побарал да му ја вратат топката, а потоа со неа го удрил човекот кој му ја фрлил. Играчите на Бакс, стручниот штаб и обезбедувањето ја смируваа ситуацијата.

притисни ентер