Милан претстави ретро дрес во чест на 125-годишнината на клубот

Милан претстави ретро дрес на официјалната веб-страница во чест на 125-годишнината на клубот.

Дресот е со широки црни и црвени риги, шорцевите се бели. Навивачите го избраа овој модел со гласање.

Ќе бидат произведени вкупно 1.899 парчиња во ретро стил, секое со единствен сериски број и ексклузивно пакување.

Милано е основан на 16 декември 1899 година. Во текот на својата историја, клубот стана 19-кратен шампион на Италија, 5-кратен победник на Националниот куп, како и 7-кратен победник на Европскиот куп/Лига на шампиони, 5-кратен победник на УЕФА Суперкупот и победник на Светското клупско првенство.

Ким до севернокорејските војници во Русија: Доживеавте борбени победи

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун им се заблагодари на војниците распоредени да се борат за Русија во војната против Украина и ги охрабри во неговата новогодишна порака до војниците, се вели во извештајот на „Вашингтон пост“.

„Вашингтон пост“ објави извештај за рачно напишаните пораки испратени од Ким Џонг Ун на 31 декември и 1 јануари во кој се наведува дека пораките можеби биле испратени до војниците кои се борат на страната на Русија од Пјонгјанг или напишани од севернокорејски војници кои ги слушале нивните команданти како гласно читаат пораки од Ким, објавија јужнокорејските медиуми.

Во едно од писмата, со датум 31 декември, рачно напишано со сино мастило и потпишано од Ким, се наведува дека не може да најде зборови за соодветно да ги охрабри и изрази благодарноста за посветеноста и неуморните напори на војниците.

Писмото го пронашле украинските специјални сили кај севернокорејски војник во областа Курск во Русија, пишува „Вашингтон пост“.

-Доживеавте трогателни жртви и радости од скапите борбени победи, многу благородни борбени искуства, бесценето чувство на вистинско другарство и патриотизам, сето тоа далеку од вашата татковина, се додава во писмото.

Покрај тоа, на војниците им се посакува добро здравје додека нивната воена мисија не заврши со победа и се повикуваат да ја удвојат својата храброст во борбата.

Се проценува дека Северна Кореја испратила околу 11.000 војници да ја поддржат Русија во нејзината војна против Украина, соопштија јужнокорејските медиуми. /МИА

Трамп: Почнува златното доба на Америка

Златното доба на Америка почнува токму сега, рече американскиот претседател, Доналд Трамп во своето инаугуративно обраќање.

- Повторно ќе се избалансира вагата на правдата. Злобното, насилно и неправедно вооружување на Министерството за правда и владата ќе заврши, рече Трамп.

Тој истакна дека се враќа како 47-ми претседател „уверен и оптимист дека сме на почетокот на возбудливата нова ера на национален успех“.

Трамп додаде за време на неговото инаугуративно обраќање „плима на промени ја зафаќа земјата“.

- Сончевата светлина го прелева целиот свет и Америка има шанса да ја искористи оваа можност како никогаш досега, рече Трамп.

Трамп изјави дека земјата моментално е во пад, критикувајќи го системот за образование и здравствена заштита. Тој вети дека ќе донесе промени „многу брзо“.

- Сето ова ќе се промени почнувајќи од денес и ќе се промени многу брзо, рече Трамп.

- Моите неодамнешни избори се мандат за комплетно и целосно поништување на ужасното предавство, и сите овие многу предавства што се случија, и да им се вратат на луѓето нивната вера, нивното богатство, нивната демократија и, навистина, нивната слобода. Од овој момент, падот на Америка заврши, нагласи Трамп.

Во своето инаугуративно обраќање, Трамп потсети и дека многу луѓе ги загубија своите домови во шумските пожари што беснееја низ Лос Анџелес во последните недели.

Противпожарните екипи се борат со силните ветрови кои побрзо ги шират пожарите и ги комплицираа напорите за запирање на огновите.

- Тие беснеат низ куќите и заедниците, дури и влијаат на некои од најбогатите и најмоќните поединци во нашата земја, од кои некои седат овде во моментов. Тие веќе немаат дом, рече Трамп.

- Тоа е интересно. Но, не можеме да дозволиме тоа да се случи, додаде тој.

Новиот претседател на САД во неговото инаугуративно обраќање остро ја критикуваше администрацијата на Бајден, додека поранешниот претседател Џо Бајден седи неколку чекори од Трамп, за неуспехот да „менаџира едноставна криза дома“.

- Сега имаме влада која не може да управува со едноставна криза дома, а во исто време континуирано се сопнува на катастрофални настани во странство, рече Трамп.

Американскиот претседател, исто така, се осврна и на имиграцијата, главен фокус на неговата нова администрација, велејќи дека владата „не ги штити нашите величествени граѓани кои го почитуваат законот, туку обезбедува светилиште и заштита за опасните криминалци“.

- Имаме влада која одобри неограничено финансирање за одбрана на странските граници, но одбива да ги брани американските граници или, уште поважно, сопствениот народ, рече тој.

Официјално 47-от претседател на САД, Доналд Трамп во моментов го држи својот инаугуративен говор./МИА

Бајден превентивно ги помилува и неговите двајца браќа и сестра му со семејствата

Претседателот Џо Бајден денеска издаде превентивно помилување за неговите браќа Џејмс и Френк, заедно со неговата сестра Валери, и нивните сопружници.

„Моето семејство беше подложено на немилосрдни напади и закани, мотивирани исклучиво од желбата да ме повредат - најлошиот вид на партиска политика. За жал, немам причина да верувам дека овие напади ќе завршат“, рече Бајден во изјавата.

Тој додаде дека верува „во владеење на правото“ и е „оптимист дека силата на нашите правни институции на крајот ќе надвладее над политиката“.

Меѓутоа, додаде тој, „неоснованите и политички мотивирани истраги предизвикуваат хаос по животите, безбедноста и финансиската сигурност на напаѓаните поединци и нивните семејства. Дури и кога поединци не направиле ништо погрешно и на крајот ќе бидат ослободени од обвинението, самиот факт дека се под истрага или кривично гонети може непоправливо да им наштети на нивниот углед и финансии“.

Оваа објава дојде во последен момент откако минатиот месец претседателот го помилува својот син Хантер Бајден, кој се соочи со казна за неплаќање федерални даноци и пресуда за поседување илегално оружје./МИА

притисни ентер