Милан му понудил 15 милиони евра на Сантос за 18- годишен играч - Канал 5

Милан му понудил 15 милиони евра на Сантос за 18- годишен играч

Актуелниот шампион на Италија, Милан, во остатокот од сезоната влегува со осум бода помалку од лидерот Наполи.

Милан му понудил 15 милиони евра на Сантос за 18- годишен играч

Раководството на клубот на Сан Сиро бара начини да го засили тимот и да доведе играчи кои веднаш би можеле да му помогнат на големиот Португалец Рафаел Леау.

Угледниот француски весник Л'Екип тврди дека Милан испратил понуда за 18-годишното крило на Сантос, Анхел Габриел од 15 милиони евра и дека сака да го доведе играчот оваа зима, но не е сигурно дали клубот на големиот Пеле и Нејмар ќе ја прифатат понудата за својата млада надеж.

Анџело Габриел е висок 173 сантиметри и е левак, поради што најчесто игра десно крило од каде може да се прилагоди на посилната нога и да влезе во средината. Во неодамна завршената сезона од бразилската Серија А ја доби најсериозната сениорска минутажа досега.

На 27 настапи за Сантос, кој заврши на 12. место на табелата, постигна еден гол и постави седум. Трансфермаркт го цени на 13 милиони евра, а договорот му истекува во летото 2024 година, во кој Милан ја гледа својата можност да го доведе по намалена цена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ден на жалост во Непал, потрагата по преживеаните продолжува

Непал денес одбележува ден на жалост во спомен на загинатите во поплавите од 26 август, при што владините канцеларии ги спуштаат знамињата, а членовите на семејствата ги завршуваат ритуалите за жалост.

Ден на жалост во Непал, потрагата по преживеаните продолжува

Денес е 13-тиот ден од поплавите во кои загинаа повеќе од 1.300 луѓе во Непал и Тибет, а околу 5.000 се водат како исчезнати, вклучувајќи странци, според агенцијата за управување со катастрофи на Непал, објавува Асошиејтед Прес.

Во Непал, каде што Хиндусите го сочинуваат мнозинството од населението, периодите на жалост траат 13 дена, во кои блиските членови на семејството остануваат дома, а роднините ги посетуваат за да им оддадат почит.

На последниот, или 13-ти, се одржуваат ритуали за молитва за душите на починатите.

Неколку лица чии членови на семејствата сè уште се водат како исчезнати одржаа симболични погреби со ритуали за жалост.

Владата претходно го прогласи понеделникот за ден на официјална жалост и сите канцеларии ќе ги спуштат знамињата на половина копје.

Во Катманду, членови на семејствата се собраа во близина на канцелариите на премиерот и клучните министерства за да побараат од владата да го забрза спасувањето на стотици луѓе кои работеле во хидроелектраните и биле однесени од реката Ботекоси или закопани под урнатините.

Потрагата сè уште е во тек

Потрагата по стотици луѓе кои сè уште се водат како исчезнати продолжува.

Спасувачите извлекоа еден Кинез од електраната во саботата, а двајца непалски работници беа спасени од електраната во петокот.

Спасувачките напори се повеќе се фокусираат на 12 хидроелектрани, каде што околу 900 работници се водат како исчезнати, а се верува дека околу 500 се заробени во различни тунели, соопштија властите.

Специјализирани спасувачки тимови од Индија, Кина, Јужна Кореја и САД пребаруваат низ урнатините, оштетените згради и тунелите, надевајќи се дека ќе пронајдат преживеани.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Трета економија во Европа, а задолжување секоја недела

Мицкоски ќе ја задолжи земјата со 4 милијарди евра за две години.

СДСМ: Трета економија во Европа, а задолжување секоја недела

Мицкоски може да продолжи со своите бајки за трета економија и да кажува што сака.

Само што ситуацијата не е за смеење - туку за плачење.

Внуците ќе ги враќаат кредитите на Мицкоски. Со генереации.

4 милијарди евра во криминални партиски тендери за 2 години.

Оваа Организирана криминална група нема граници.

Додека премиерот се фали со раст и „трета економија“, реалноста е сосема друга:

• Ново задолжување од 1,3 милијарди евра.

• Вкупно околу 4 милијарди нов долг за само две години.

• Јавниот долг се движи кон 12 милијарди евра – над 65 % од БДП.

• Каматите скокнаа на 350 милиони евра годишно (од околу 120 милиони претходно).

• Буџетот е празен, а парите одат во тендери.

• Потошувачката кошничка се покачи за 10.000 денари за две години и сега е 90.000 денари со кирија.

• Цените се покачени до плафон.

Мицкоски може да се смее колку сака на своите бројки.

Статистиката не ги полни фрижидерите. Граѓаните најдобро ја гледаат во своите празни паричници.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер разговараа во Киев за начините за завршување на војната, очекувањето во Киев е дека борбите ќе продолжат

Американските специјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер разговараа  во Киев за начините за завршување на војната во Украина. 

 Виткоф и Кушнер разговараа  во Киев за начините за завршување на војната, очекувањето во Киев е дека борбите ќе продолжат

Подоцна им се придружија и некои европски советници за национална безбедност, вклучувајќи го и советникот за национална безбедност на Велика Британија, Џонатан Пауел пренесува Би-Би-Си. Но според медиумот фундаменталните разлики остануваат. Американските претставници дојдоа брзо од Москва, каде што Владимир Путин им кажа дека Русија прави „опиплив напредок“ на бојното поле. Приказната што ја слушнаа од Украина беше поинаква, всушност спротивна. Украинските власти тврдат дека во август добиле повеќе територија отколку што изгубиле, а Русија претрпе 42.000 жртви, мртви или ранети. Путин, исто така, им кажа на американските претставници дека мора да се решат корените на конфликтот, неговите стратешки барања украина да отстапи територија, да се откаже од надежите за приклучување кон нато и да ја намали големината на својата армија.по разговорите, Зеленски инсистираше дека Украина ќе бара „силни и јасни“ безбедносни гаранции, вклучително и силна армија тој не даде никакви знаци дека е подготвен да се откаже од која било територија во источниот регион донбас, прашање што го опиша како „тешко“. Виткоф инсистираше дека е постигнат напредок и дека постојат состојки за спогодба. Но, тој призна дека обете страни ќе мора да направат компромиси за да ги намалат разликите меѓу нив. И во моментов, тешко е да се замисли дека која било од страните ќе го стори тоа. Значи, засега, очекувањето во киев е дека борбите ќе продолжат и дека ќе се соочат со тешка зима.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер