Милан го продолжува договорот со голманот - Канал 5

Милан го продолжува договорот со голманот

Мајк Мењон ќе остане на голот на Милан и ќе потпише нов договор со екипата. Французинот е во последната година од актуелниот договор. И кога се очекуваше од први јануари да почне преговори со други екипи, се случи промена.

Милан го продолжува договорот со голманот

Управата на Милан во последен момент успеа да го убеди Мењон да остане во клубот и според новиот договор ќе добива 7 милиони евра годишно и со Леао ќе биде најплатен играч во клубот.

Според „Газета дело спорт“ клучната улога голманот да остане на Сан Сиро ја одиграл Максимилијан Алегри. Инаку, Мењон пред извесен период имаше договорен премин во премиерлигашот Челзи, но клубовите не се договорија колку обесштетувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лепенец прекириен со чудна пена, што се влева во Вардар- се бара виновникот

Необична пена го покри вливот на реката Лепенец во реката Вардар во Скопје.

Лепенец прекириен со чудна пена, што се влева во Вардар- се бара виновникот

Пената попладнево беше забележлива и по течението на Вардар.

Каква е моменталанта состојба ја прашуваме Маја Стојановска, која ја имаме повторно во живо.

Маја каква е сликата на вливот на Лепенец во Вардар?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Снег падна на Пелистер среде лето (ФОТО)

Снег на Пелистер и во лето. 

Снег падна на Пелистер среде лето (ФОТО)

Затоа Пелистер е кралот на планините во Македонија. Истовремено е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери со кои сака да ни покажи дека мора да го почитуваме.

Благодарност до сите вработени во пунктот на Национална радиодифузија на Врв Пелистер кои секогаш први не известуваат за сите изненадувања кои ги има Баба Планина, објавија на ФБ од Националниот парк Пелистер..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски направи еколошка катастрофа – Отровот стигна и до Скопје

Прво загадена вода за пиење во Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево и Пласница.

СДСМ: Мицкоски направи еколошка катастрофа – Отровот стигна и до Скопје

Дури и во болница немаше безбедна вода.

Сега бела пена тече низ реката Лепенец во Скопје.

Пената изгледа како да е синтетичка. Видливиот доказ за загадување што се излива директно во реката, токму таму каде што Лепенец се влева во Вардар.

Ова веќе не е инцидент. Ова е системски колапс на институциите под команда на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.

Додека тие отвораат базени, менуваат министри и обвинуваат за „дезинформации“, реките се полнат со пена, а граѓаните не смеат да ја пијат водата од чешма.

Мицкоски ја труе Македонија.

Буквално, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер