Мила Србиноска светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство за хип-хоп

Мила Србиноска светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство за хип-хоп и стрит денс.

Мила Србиноска од клубот „Брејк А Лег“ на Светското првенство во хип-хоп и стрит денс, што се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, ја освои титулата светски шампион во јуниорска категорија, во конкуренција од 174 натпреварувачи.

-Настапот на Србиновска беше фантастичен, полн со енергија, креативност и техничка прецизност, оставајќи го без здив жирито, но и публиката. Оваа победа е доказ за нејзината упорност и работа, и ќе претставува инспирација за сите млади танчери во нашата земја. Македонската репрезентација е меѓу најбројните на шампионатот, а своите учесници на првенството имаат клубовите „Брејк а Лег“, „Аква“, „Еурека“, „Битрикс“, „Ит Да Бит“ и „ Уан Веј“, информираат организаторите.

Во саботата, било официјалното отворање на IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024. Во рамките на Парадата на нации, на танцовиот подиум продефилираа над 1700 натпреварувачи.

-Танцувачи од сите возрасти и стилови се собраа заедно на сцената, носејќи дух на единство и страст за танцот. Отворањето беше збогатено и со настапот на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, кое изведе незаборавен перформанс на народни игри и ора од Македонија, се вели во денешното соопштение.

Мицкоски: Борбата со криминалот подолжува, се работи на десетици случаи

 Премиерот Христијан Мицкоки, во коментар на акцијата на МВР „Адитив“ поврзана со работењето на РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“  најави дека борбата со криминалот ќе продолжи и најави десетици такви случаи во следниот период.  

– Да, ќе продолжи. Ние рековме внимателно, рековме нема да правиме естрада од сето тоа, ќе продолжи. Се држиме до тоа што сме го кажале. Кога ќе се обезбедат докази и основано сомневање за сторен криминал МВР заедно со срамежливото обвинителство влегуваат во акција. Таа акција беше спроведена пред неколку дена, 23 лица се осомничени и два правни субјекта. Во периодот што следи десетици случаи се работат. На македонските граѓани ќе им стане многу јасно што се случувало изминативе години, рече Мицкоски на новинарско прашање, по присуството на поставување камен темелник на фабрика во ТИРЗ Кичево.

Нема да се случува, вели Мицкоски, како што беше во минатото на полноќ или наутро да влегуваат специјални единици вооружени до заби во домовите на лицата коишто се осомничени и сето тоа камера да го снима и слично и да правиме естрада. - Нема да биде тоа, ќе биде вака преку соопштенија, а потоа преку еден фер и транспарентен судски процес очекувам секој да ја докажува својата вина или невиност во целиот случај. Во периодот што следи мислам дека од информациите со коишто располагам ќе има десетици вакви случаи, рече Мицкоски.

Основниот кривичен суд Скопје завчера одреди притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов и на уште седум лица осомничени за криминал тежок 6,5 милиони евра во акцијата „Адитив“.

- Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство и мерки на претпазливост против 23 лица кои утрово беа спроведени во Судот, а поврзани со акцијата од обвинителството означена како „Адитив“, донесоа решенија со кои по произнесување на Јавниот обвинител и приведените осомничени лица, во присуство на нивни бранители, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлозите за определување мерки, за осомничените В.С., П.С., М.С., М.Ј., Д.С., Н.С., Р.С. и П.М. го прифати предлогот на Основниот јавен обвинител и им определи мерки притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од член 165. ст.1, т.1., 2. И 3. од ЗКП, односно Опасност од бегство, Влијание врз сведоци и Околности дека може да го повтори делото, за осомничениот М.С., имајќи ја предвид неговата возраст и преземените дејствија, судот му определи мерка куќен притвор, соопшти Кривичниот суд.

Владата нема да дозволи дефокусирање на јавноста од страна на Демократската унија за интеграција (ДУИ), која сака да го заштити капиталот за кој постои основано сомнение дека е криминално стекнат.

Фокусирани сме за развој на државата и инвестиции, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по поставувањето камен темелник за изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ во ТИРЗ Кичево.

Според премиерот, стратегијата на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција, како што рече, откако стига од секаде од светот потврда за нивното криминално однесување е да се обидат да ја дефокусираат јавноста и да свртат тема која генерално ќе има цел да го поларизира населението, по можност и етнички.

- Тоа нема да го дозволиме како Влада. Стигаат потврдите за криминалното однесување на оваа политичка структура и гарнитура изминатите 20-тина години. Многу случаи се работат поврзани со високи поранешни функционери на ДУИ и јавноста многу скоро ќе види кој е во суштина вистинскиот мотив на актуелното раководство на ДУИ дека најмалку се грижат за тоа што требало да се грижат, повеќе се грижат да го заштитат капиталот за кој постои основано сомнение дека е криминално стекнат, нагласи Мицкоски.

Во однос на барањето на ДУИ за предвремени Парламетарни избори, тој посочи дека за девет месеци ќе почне кампања за локални избори на која граѓаните ќе можат да го кажат својот збор.

-Доколку оваа Влада ја поразат на тие избори, логично е да има предвремени Парламентарни избори после тоа. Да не ни се случува како во 2021 година. Но, доколку оваа Влада ги порази сегашните опозициски политички партии на локалните избори тогаш очекуваме конечно да се посветат на самите себе. Да се реструктуираат кадровски и програмски да се освежат и да може на следните редовни парламентарни избори да излезат со нова програма и нови кадровски решенија, порача Мицкоски од Кичево.

Рохас: Судството треба да ги преземе сите активности за Груби и Беџет

Судството треба да ги преземе сите активности за Груби и Беџети, но и за сите други каде што постои корупција, смета евроамбадарот Рохас.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава Михалис Рокас, денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со американската црна листа на која се ставени поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети, рече дека сега е важно судството во земјава да ги преземе сите можни активности поврзани со овој случај, но и со сите други случаи каде што е присутна корупцијата во државата.

-Соединетите Aмерикански Држави презедоа значаен чекор во борбата против корупцијата, со ставање на поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети на американската црна листа. Меѓутоа, она што е важно е дека судството во државата треба да ги преземе сите активности не само во врска со овој последен случај, туку и сите други видови на корупција кои се присутни, со цел да имаме независно судство, рече Рокас.

Тој додаде дека ЕУ има преземено значајни активности и напори за обезбедување механизми за зајакнување на судството.

-Тука можам да ја споменам оценската мисија на ЕУ, која што издаде 40 препораки за судството во Македонија, така што мислам дека најважно е судството да стане независно тело. Професионално и независно судство останува клучен приоритет за идниот интегративен процес на Македонија во ЕУ. Со постоење на независно судство, ќе се зголеми довербата во општеството и се надеваме дека ова ќе се случи многу поскоро, додаде Рокас.

Прашан за претресите кои се случуваат во Судскиот совет, Рокас рече дека Јавното обвинителство треба да ги направи сите можни пребарувања во случаи кога постојат сомнежи за постоење на корупција во одредена институција.

-Мислам дека канцеларијата на Јавното обвинителство секогаш треба да ја има можноста да ги направи сите можни пребарувања во случаи кога постојат сомнежи за постоење на корупција во одредена институција. Без разлика дали станува збор за индивидуални или општи акти, во едно демократско општество на Јавното обвинителство треба да му бидат ставени на располагање сите механизми за да може да изврши истрага за можна корупција, додаде Рокас.

Евроамбасадорот денеска е во посета на Тетово.

Српските земјоделци протестираат во повеќе градови

Српските земјоделци протестираат во повеќе градови барајќи промени и укинување на пасивниот статус.

Неколку здруженија на земјоделци во Србија денеска ќе протестираат во градовите во кои гравитираат, со барање да бидат сменети премиерот Милош Вучевиќ, ресорниот министер Александар Мартиновиќ и претседателот на собраниската Комисија за земјоделство Маријан Ристиќевиќ поради неисполнети барања од потпишаниот договор.

Меѓу барањата е и укинување на одлуките за ставање на земјоделските стопанства на политички неистомисленици во пасивен статус, со што ќе се изгуби правото на субвенции.

Протестите ќе започнат околу пладне во знак на оддавање почит на загинатите на железничката станица во Нови Сад и во рамки на граѓанскиот протест „Стоп Србија“./МИА

притисни ентер