Мила Кунис неодамна ја посетила Украина: „Дел од срцето ми е откорнат“ - Канал 5

Мила Кунис неодамна ја посетила Украина: „Дел од срцето ми е откорнат“

 Американската актерка Мила Кунис е родена во Украина.

Мила Кунис неодамна ја посетила Украина: „Дел од срцето ми е откорнат“

38-годишната актерка е родена во Черновци, западна Украина, а во САД дошла во 1991 година со своето семејство. Таа вели дека иако „секогаш се сметала себеси за Американка“, нешто во неа се сменило по смртоносната инвазија врз Украина од рускиот претседател Владимир Путин кон крајот на минатиот месец.

"Ова се случува и не можам да искажам или да објаснам што ми се случи... Чувствувам дека само ми е откорнат дел од срцето. Тоа е многу чудно чувство", вели актерката.

„Дојдов во САД во 1991 година со моето семејство. И ние бевме последните од семејството што мигрираа“, вели Кунис, истакнувајќи дека голем дел од нејзиното семејство било или во концентрациони логори за време на Втората светска војна или мигрирале непосредно пред тоа.

„Значи, кога дојдовме во Соединетите Американски Држави, имав седум и пол, осум години и секогаш се чувствував како Американка. Никогаш не постоеше дел од мене што луѓето би помислиле дека сум од Источна Европа. Целиот мој живот бев типична личност од Лос Анџелес. И тогаш ова се случува“, изјави Кунис.

Кунис изјави дека таа и нејзиниот сопруг Ештон Качер ја посетиле Украина непосредно пред пандемијата и дури се сретнале со претседателот Володимир Зеленски.

Кунис и Качер, 44, покренаа „GoFundMe“ минатата недела, надевајќи се дека ќе соберат 30 милиони долари за Украина. Парот донирал три милиони долари за „Stand with Ukraine“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција на плантажа со лозје пронајдено изгореното тело на исчезнатата „ТикТокерка“

Работник на нива открил делумно изгорено тело на жена во лозје во јужна Франција, а семејството на исчезнатата инфлуенсерка Соња Белини (29) е убедено дека станува збор за неа. 

Во Франција на плантажа со лозје пронајдено изгореното тело на исчезнатата „ТикТокерка“

Белини, која потекнувала од областа Ним, исчезнала пред девет дена, а јавното обвинителство потврди дека е покрената истрага за убиство, пренесува „Билд“.

Работникот го пронашол телото меѓу редовите со винова лоза во департманот Гар. Надлежните испратиле 40 жандарми на местото на настанот, а истражителите во Сен-Жил – град лоциран на околу дваесет километри од Ним – вршат детална форензичка анализа на локацијата.

Официјална потврда за идентитетот на жртвата ќе биде можна дури откако ќе заврши ДНК-анализата.

Соња Белини имаше околу 260.000 следбеници на TikTok. Таа требаше да го прослави својот 30-ти роденден во септември, а според медиумските извештаи, нејзиното семејство веќе ја имаше организирано прославата. Таа престана да објавува содржини на својот канал во текот на 2025 година.

Таа беше позната по таканаречените видеа со „лип-синк“ (lip-sync) – кратки снимки во кои корисниците ги движат усните синхронизирано со постоечка аудио-снимка, најчесто музика или дијалог од филм.

Овој формат се здоби со популарност преку апликации како TikTok и претставува еден од најчестите видови содржини на социјалните мрежи.

Сè уште не е познато како починала 29-годишната жена. Јавното обвинителство засега не соопштува детали за можни осомничени лица или за мотивот. Нејзината сестра, Миа, за весникот „Миди Либр“ (Midi Libre) изјавила дека Соња имала закажана средба вечерта кога исчезнала. Таа рекла дека нејзината сестра требало да се сретне со маж со кој претходно била во врска. Во меѓувреме, семејството се соочува со гласини и напади на социјалните мрежи, каде што кружат тврдења дека Соња работела како придружничка (ескорт). Поради тоа, тие стапиле во контакт со „ТикТок“ за да побараат отстранување на таквите објави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и одговара со факти, талогот на СДС заробени во сопствениот хаос, лаги и конструкции

ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и одговара со факти, талогот на СДС заробени во сопствениот хаос, лаги и конструкции, разликата е голема.

ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и одговара со факти, талогот на СДС заробени во сопствениот хаос, лаги и конструкции

Пред фактите и доказите пропаднаа обидите на талогот на СДС за конструкции, ширеше лаги и паника поврзани со водата за пиење.

И, наместо да преземат одговорност за кажаните измислици и за тоа јавно да им се извинат на македонските граѓани, од СДС продолжуваат со потполно истата матрица.

Нов ден, нова политичка конструкција и нов обид за создавање хаос. СДС повторно се обидува да наметне политичка тема преку создавање непотребна паника и ширење тврдења кои не се потврдени со факти.

Наместо да се соочи со сопствените пропусти и да понуди одговори за своето политичко дејствување, опозициската партија продолжува со познатата стратегија на политички напади и дневни конструкции.

Кога фактите не им одговараат, СДС создава нова приказна. Кога ќе пропадне една конструкција, следи нова. Но, граѓаните веќе јасно ја препознаваат оваа политика на СДС која произведува приказни и создавање недоверба, и ВМРО-ДПМНЕ која работи и испорачува резултати во интерес на сите.

Од СДС може да покажат трошка доблест и да одговорат каде беше партијата кога на граѓаните во Гостивар им била потребна конкретна помош, зошто не обезбедиле ниту еден пакет вода и зошто не барала одговорност од градоначалникот Валбон Лимани, за кој бараа поддршка на минатите избори.

Дополнително, до кога нивниот политички хаос и неуспех ќе го покриваат со нов спин, лага, дезинформација и нов обид за создавање паника и недоверба кај граѓаните.

Венко Филипче може да ужива на продолжениот одмор со Зоран Заев на милионската јахта во Паљури, но нема да може бесконечно да бега од хаосот и хистеријата кои ги прави партија чиј формален претседател e.

Македонија нема потреба од опозиција која својата неспособност и немањето идеи сака да ги скрие со создавање на хаос, паника и страв, туку на граѓаните им требаат работа, стабилност и конкретни резултати за подобар живот.

Наспроти хаосот на талогот на СДС, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да одговара на обидите за политички манипулации со факти, конкретна работа и резултати и тоа граѓаните добро го гледаат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во градот каде отруја над 5.000 луѓе

Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО славеа во Гостивар.

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во градот каде отруја над 5.000 луѓе

Во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени.

Што славеа? Труењето?

22 дена вода со фекалии?

Пет недели без документ за анализа на квалитетот на водата?
Мицкоски нема ниту трошка морал. Без срам.
Мицкоски рече дека Гостивар нема да биде заборавен.

А сите заминаа на одмор - во средина на труењето и епидемијата. Но „научно-образовната“ екскурзија не можеше да чека.
Тоа е односот на оваа власт кон граѓаните.
Слават таму каде што луѓето лежеа по болници. Се сликаат таму каде што кријат анализи.
Ветија дека нема да заборават - па заборавија штом се отвори патниот аранжман.
Гостивар нема да биде заборавен пред избори - тоа го вели Мицкоски.
Гостивар не заборава.

Граѓаните не забораваат.

Скопје, 19.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер