Миќаловиќ била во врска со Ѓоковиќ: Неговата љубов кон тенисот сепак ги разделила (фото) - Канал 5

Миќаловиќ била во врска со Ѓоковиќ: Неговата љубов кон тенисот сепак ги разделила (фото)

Браќата Ѓоковиќ отсекогаш биле мета на припадничките на понежниот пол. 

Миќаловиќ била во врска со Ѓоковиќ: Неговата љубов кон тенисот сепак ги разделила (фото)

Младите згодни и успешни браќа Новак, Марко и Ѓорѓе се обидуваа да водат приватен живот далеку од очите на јавноста, но некои работи сепак не можеа да ги скријат.

Иако сите знаат за долгогодишната љубов на Новак и Јелена, малкумина се сеќаваат дека неговите браќа имаа неколку избранички од јавниот живот. Имено, и братот на најдобриот српски тенисер Марко Ѓоковиќ еден период од животот го градеше својот пат во светот на тенисот. Тогаш неговото срце го освоила актерката Драгана Миќаловиќ, сестрата на Слобода Миќаловиќ.

Драгана во тој период имаше 21 година, а Марко Ѓоковиќ 19, беа неразделен и хармоничен пар. Секогаш кога ќе се појавеа заедно во јавноста, се држеа за раце или беа прегрнати. Тие делуваа како да се на чекор од брак.

Меѓутоа, нивната љубов се растури како кула од карти. Пред 13 години, кога тие ја градеа својата врска, Марко се обидуваше да се избори за своето место во светот на тенисот, па често патуваше, додека Драгана беше врзана за Белград поради нејзината кариера, која тогаш тргна по нагорна линија. И покрај тоа што имале силни емоции, во јули 2011 година решиле да се разделат.

Потоа, секој тргна по својот пат. Марко денес живее во Марбеља и е прилично изолиран од медиумите, додека Драгана својата среќа ја гради во Белград. Ниту еден од нив никогаш јавно не зборуваше за оваа љубов која се чинеше дека е вистинска и ќе трае засекогаш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акција за отстранување на хаварисани возила низ Карпош

Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, вчера спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа.

Акција за отстранување на хаварисани возила низ Карпош

Акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка.

Целта на оваа иницијатива е ослободување на јавните површини, како и подобрување на квалитетот на здравата животна средина. Општина Карпош апелира на совесно однесување на граѓаните, во насока на заедничко дејствување за почист Карпош.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЕРМС организира свеченост по повод денот на рударите

По повод денот на рударите, во организација на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска  ќе бидат доделени пофалници и признанија на најуспешните рудари за нивниот ангажман, посветеност и придонес во текот на 2025/2026 год.

МЕРМС организира свеченост по повод денот на рударите

Со овој настан, како што нагласуваат од ресорното министерство се оддава признание на трудот и посветеноста на рударите, како и на нивната значајна улога во развојот на рударскиот сектор и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување

Во изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани биле  вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои, како што соопштија од Центарот за управување со кризи,  три се се уште  активни, четири се под контрола, а 24 се изг

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување

Пожарот кој вчера избувна на кавадаречката депонија и набрзо се проширил и надвор од неа, доцна синоќа како што соопшти првиот човек на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Англеов, бил делумно изгаснат и започнало затрупување на депонијата за да се запре чадењето. Градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев на социјалните мрежи напиша дека пожарот, според нивните првични сознанија и начинот на неговото избивање покажува индиции дека е подметнат и ги повика надлежните да го истражат случајот до крај. А доцна синоќа изгаснат бил и пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер