Мик Џегер во среда ќе наполни 80 години, најавува голема забава - Канал 5

Мик Џегер во среда ќе наполни 80 години, најавува голема забава

Мик Џегер, најстарата британска рок-ѕвезда, во среда го слави својот 80-ти роденден, но изгледа дека годините на фронтменот на Ролинг Стоунс не го задржуваат бидејќи тој не покажува знаци на стареење или забавување.

Мик Џегер во среда ќе наполни 80 години, најавува голема забава

Тој има намера да го прослави роденденот како што треба: со организирање голема забава во југозападниот дел на Лондон, пишуваат британските таблоиди.

Лошо момче, врвен секс симбол, неспоредлива рок-ѕвезда: Мик Џегер со децении е на насловните страници, меѓу провокации, ексцеси и освојувања и продолжува да ја освојува публиката со своите настапи. Тој неодамна беше на турнеја низ Европа со Ролинг Стоунс за да ја прослави 60-годишнината на бендот. Турнејата заврши минатата година, првпат без тапанарот Чарли Вотс, кој почина во 2021 година.

Иконата на контракултурата од 60-тите беше подложен на операција за замена на срцевиот залисток во 2019 година, но енергичниот шоумен одржува витка линија и одлична форма со својот режим на трчање, кик-бокс, возење велосипед и јога. Со песни како Jumpin' Jack Flash, Gimme Shelter, Sympathy for the Devil и Not Fade Away, бендот на Џегер помогна да се активира културната и социјалната експлозија од 1960-тите.

Харизматичниот фронтмен изгради репутација за поместување на границите, целосно искористувајќи ја сексуалната револуција во ерата и рекреативната употреба на дрога.

YouTube video

Мајкл Филип Џегер е роден на 26 јули 1943 година во Дартфорд, јужно од Лондон, во семејство од средна класа. Тој започна да свири со пријателот од детството Кит Ричардс во 1960 година, откако ја открија взаемната љубов кон блузот и ги формираа Ролин Стоунс во 1962 година, кои ќе станат Ролинг Стоунс во 1963 година, со Бил Вајман и Чарли Вотс.

Џегер се откажа од Лондонската школа за економија во потрага по слава, а во 1965 година бендот го имаше првиот голем хит (I Can't Get No) Satisfaction. Следеа низа големи хитови во текот на пет децении, вклучувајќи ги Brown Sugar, Honky Tonk Women и Paint It Black.

Бендот стана исто толку познат по нивните ескапади на сцената како и надвор, помеѓу употребата на дрога и неконтролиран сексуален живот. И покрај неговиот имиџ како субверзивна фигура, Џегер подоцна во животот стана столб на општеството. Тој стана Сер Мик во 2002 година откако кралицата Елизабета Втора. го прогласи за витез.

Во 2016 година рокерот стана татко по осми пат кога американската танчерка Мелани Хемрик, неговата сегашна партнерка, роди син. Тој веќе имаше седум деца од четири претходни врски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЖСПП: Првичните резултати за пената во Вардар се во границите на дозволеното

Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до МЖСПП од Град Скопје, се во границите на дозволеното, конечните анализи се очекуваат на 4 август.

МЖСПП: Првичните резултати за пената во Вардар се во границите на дозволеното

Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности.

Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои се под државна надлежност. При надзорите не беа евидентирани законски нерегуларности, односно субјектите постапувале согласно пропишаните услови во еколошките дозволи за управување со отпадните води. Важно е да се напомене дека квалитетот на водите во овој појас е под влијание на повеќе различни фактори, вклучувајќи ги комуналните и атмосферските води, како и активноста на бројните деловни субјекти во околината, поради што сите надлежни органи дејствуваат координирано.

Со цел прецизно утврдување на состојбата, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје изврши земање мостри од водата на спорната локација и до Министерството за животна средина и просторно планирање го достави прелиминарниот извештај од 29 јули, според кој анализираните физичко-хемиски параметри на примерокот не ги надминуваат граничните вредности за испуштање во површински води.

Дополнително, по барање на ДИЖС, земени се мостри и од акредитирана лабораторија, чиј финализиран извештај ќе биде доставен до Инспекторатот и до Министерството за животна средина и просторно планирање во вторник, 4 август 2026 година, по што јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана за конечните резултати.

ДИЖС и понатаму ќе дејствува бескомпромисно преку редовни и вонредни надзори, со цел да се обезбеди целосна заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Министерство за животна средина и просторно планирање

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промовирани нови 53 офицери на воената академија

На свеченоста се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во армијата им порача дека нивната промоција е нова дополнителна енергија и инвестиција во иднината на македонската армија и во безбедноста на државата.

Промовирани нови 53 офицери на воената академија

Во воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска се одржа свеченост на која беа промовирани 36 питомци од 26. класа и 1 питомец кој дипломираше на воената академија „Вест Поинт“ во САД, во прв офицерски чин – потпоручник и 16 слушатели од курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на армијата во чин –поручник.

На свеченоста се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во армијата им порача дека нивната промоција е нова дополнителна енергија и инвестиција во иднината на македонската армија и во безбедноста на државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Законот за Скопје-европска престолнина на културата 2028 е изготвен согласно праксата на ЕУ

Законот за Скопје - европска престолнина на културата за 2028 година ќе оди на јавна расправа, за да не се остави било каков сомнеж околу транспарентност на овој процес, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Законот за Скопје-европска престолнина на културата 2028 е изготвен согласно праксата на ЕУ

Додаде дека се работи за закон кој треба да се донесе во рамки на приоритетите на овој проект и дека тој е изготвен согласно препораките и праксата во Европската унија

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер