Мик Џегер скршен по веста за смртта на неговата девојка - Канал 5

Мик Џегер скршен по веста за смртта на неговата девојка

Првите фотографии од Мик Џегер откако тој ја дозна веста за смртта на Лорен, ги објави Дејли меил. Фотографиран е на синоќа излегување од ресторан во Перт, Австралија, каде се наоѓа на турнеја со Ролинг Стоунс.

Мик Џегер скршен по веста за смртта на неговата девојка
Шокантна информација го дочека синоќа Џегер во Перт, каде тој по 8 години со Ролинг Стоунс замина на турнеја. Лорен Скот, неговата долгогодишна девојка, си го одзела животот! Тој изгледаше блед и скршен од болка!

In shock: Mick Jagger is seen leaving Coco's Restaurant in Perth, Western Australia, just moments after hearing the news of girlfriend L'Wren Scott's death

- Беше расположен и уживаше во вечерта, додека една жена не влета во ресторанот и го замоли веднаш да излезат надвор. Таму му ја соопштила веста - велат вработени од ресторанот во Перт.

Дизајнерката Лорен Скот со која Мик Џегер беше во врска 12 години, која на своите кредитори им должела 7 милиони долари, беше пронајдена мртва, обесена на квака.


Jagger and Scott in their last known picture together in December last year

Преку својот портпарол Џегер соопшти дека е „комплетно шокиран и скршен“. На прашањето дали Џегер и Лорен уште биле во врска неговиот портпарол одговорил - се разбира, и информациите на New York Post дека раскинале ги нарече 100% неточни.

- Тоа е сосема неточно. Тоа е ужасно оговарање во време кое за Мик е трагично и му паѓа многу тешко - изјави неговиот портпарол за „JustJared.com“.

Извор за „The Mirror“ изјави дека Џегер секогаш финансиски ја поддржувал Лорен. Извор од американската модна индустрија за Дејли меил вели дека секој што ги познавал Мик и Лорен е шокиран од веста.

- Тие не пиеја, не се дрогираа, и беа навистина вљубени. Немаше никаков знак за проблеми во нивната врска - вели изворот.




Ролинг Стоунс го откажале планираниот концерт во Перт. И ќерката на Мик Џегер, Џорџа Меј Џегер која требаше да учествува на модна ревија во Мелбурн, се откажа по трагичната вест. 22 годишната манекенка чија мајка е Џери Хол, била многу блиска со Лорен Скот и често ги носела нејзините креации.



Но не само Џорџа Меј - блиска пријателка на Лорен беше Никол Кидман која на прашањата на новинарите изјави дека не е во состојба ништо да коментира од огромна тага. Бјанка Џегер, дизајнерот Марк Џејкобс, Бет Мидлер и многу други изразија сочувство, зборувајќи за Лорен како за извонредно талентирана и инспиративна жена.

Лорен Скот имаше 49 години. Не оставила никаква порака пред самоубиството, само на својот асистент му пратила смс „да помине до кај неа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер