Мик Џегер: Родителството не е како возење велосипед - Канал 5

Мик Џегер: Родителството не е како возење велосипед

Таткото на осум деца, Мик Џегер сподели дел од лекциите што ги научил за родителството.

Мик Џегер: Родителството не е како возење велосипед

80-годишниот пејач призна дека неговиот пристап кон татковството се менувал со текот на годините во неодамнешното интервју за The Guardian.

Неговите деца се на возраст од 52 до шест години. Тој го доби својот најмлад син Деверо во 2016 година со неговата сегашна девојка Мелани Хемрик.

„Малку излегуваш од пракса, тоа не е како возење велосипед“, рече тој.

Фронтменот на Ролинг Стоунс истакна дека уживал да ги гледа неговите деца како развиваат нови страсти додека растат. Сепак, тој призна дека имало неколку моменти во животот на неговите деца кои ги пропуштил поради напорната кариера.

„Децата имаат свои личности и можеш да ги обликуваш до одреден степен, но гледаш што им се допаѓа и што не им се допаѓа и ги охрабруваш да го прават она кон што гравитираат. Забавно е да имаш деца, на која било возраст. Но, ако работиш и си отсутен, не можеш да уживаш толку многу“, додаде тој.

Џегер вели дека најмногу можел да му се посвети на своето најмало дете, особено поради изолацијата поради која две години не правел ништо со бендот.

Покрај Деверо, Џегер има седум деца од претходните врски. Во 1970 година го доби своето прво дете, 52-годишната Карис, со актерката Марша Хант. Следната година неговата поранешна сопруга Бјанка Џегер ја родила ќерката Џејд (51). Тој ги дели ќерките Елизабет (39) и Џорџија Меј (31) и синовите Џејмс (38) и Габриел (25) со актерката Џери Хол. Во 1999 година, тој и манекенката Лусијана Гименез Морад го добија синот Лукас (24).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мал формат / МиниАртура“ на ДЛУМ во КИЦ

Во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ, на 16 ноември во Културно- информативниот центар –КИЦ, Скопје, во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат / МиниАртура“.

„Мал формат / МиниАртура“ на ДЛУМ во КИЦ

Во рамки на „Мал формат“ ќе бидат претставени 37 автори со 64 дела, а во „МиниАртура“ 27 автори со 47 дела.

„Мал формат“ го насочува вниманието кон уметничкото дело со ограничени димензии, но со неограничен простор за визуелна, концептуална и емоционална интерпретација. Малата површина овозможува концентрација на ликовниот јазик и ја нагласува важноста на секој потег, линија, боја, форма и текстура. Претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева –Чупоска укажува дека во рамките на оваа изложба се среќаваат различни авторски пристапи, техники и поетики кои покажуваат дека форматот не ја ограничува идејата, туку може дополнително да ја засили нејзината експресивност. „Делото со помали димензии често создава непосредна и интимна комуникација со набљудувачот, барајќи поголемо внимание и поблизок контакт. „’Мал формат’“ , вели таа, е простор во кој малото станува значајно – како концентрација на мислата, чувството и личниот уметнички ракопис. Изложбата ја потврдува разновидноста на современото ликовно творештво и можноста во мал простор да се создаде силен и целосен визуелен исказ“.

За изложбата „МиниАртура“ Манева -Чупоска ќе рече дека ја претставува уметноста на прецизноста, концентрацијата и вниманието кон деталот.

„Минијатурниот формат создава специфичен ликовен простор во кој секој елемент има своја функција и значење, а малата димензија станува предизвик за уметникот и можност за исклучително концентриран визуелен израз. Во ‘МиниАртура’ големината на делото не ја определува неговата содржинска или естетска вредност, напротив, ограничениот простор отвора можност за суптилност, прецизност и истражување на формата, линијата, бојата, светлината и текстурата“, вели меѓудругото . претседателката на ДЛУМ.

Особената вредност на изложбата „Мал формат“ според проф. д-р Маја Рауник Кирков, претседателка на уметничкиот совет на ДЛУМ, произлегува од коегзистенцијата на различни авторски сензибилитети, техники и поетики. „Мал формат 2026“ е афирмација на уметничката мисла, креативната слобода и способноста на визуелниот говор преку минимална физичка форма да презентира комплексни естетски, емотивни и концептуални содржини. Вистинската вредност на делата на оваа изложба се наоѓа во капацитетот одлично да ги презентираат моќта на ликовните идеи и нивните ликовни артикулации“, вели меѓудругото Рауник Кирков. Таа смета дека изложбата „МиниАртура“ претставува специфичен простор на уметничка концентрација. „Физичката присутност на ликовните дела со минијатурни димензии го менуваат ритамот на гледање, поттикнуваат побавно набљудување, приближување и откривање на визуелните слоеви што не секогаш се откриваат при првиот поглед. Овие ликовни дела бараат внимание и посветеност, но за возврат нудат богатство од значења, асоцијации и естетски доживувања. Во нивните ограничени димензии често се отвораат неограничени простори на имагинацијата. Разновидноста на авторските ракописи и ликовните решенија ја потврдува способноста на современата минијатура да ги надмине конвенционалните претстави за размерот, обемот и монументалноста на уметничкото дело. Минијатурата станува простор на истражување во кој малото не значи ограничено, туку интензивно, промислено и содржински богато. Оваа изложба ја афирмира уметноста на суптилното присуство – онаа што не ја наметнува својата големина, туку ја освојува вниманието со својата внатрешна комплексност, поетичност и изразна моќ“, потенцира претседателката на уметничкиот совет на ДЛУМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во Гевгелија

Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски денеска присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржa во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run, и изрази поддршка за учесниците и за организаторите.

Министерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во Гевгелија

Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека. Настанот создава простор за рамноправно учество и ја поттикнува инклузијата и достапноста на спортот за сите.

„Вистинската вредност на спортот е во можноста секој да учествува, да биде прифатен и да се чувствува како дел од заедницата. Токму таа порака ја испраќа инклузивната трка „Run Together 2026“, настан кој преку спортот ги обединува сите луѓе со добра волја. Ми претставува особено задоволство што Министерството за спорт ја поддржува оваа прекрасна иницијатива, која покажува дека спортот е многу повеќе од натпреварување – тој е заедништво, еднаквост, почитување и можност за сите“ - истакна Огњеновски.

Во трите досегашни изданија трката обедини над 2.250 учесници и поддржувачи од целата држава.

Спорт достапен за сите во целата држава е една од целите и заложбите на Министерството за спорт што се реализира преку програмата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура и поддршка за спортските и рекреативните настани кои значат промоција на спортот и на спортските вредности.

Со почит,

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 13.11.2026 во 23:10 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(29) од Скопје. 

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, извршен со наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер