Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
2Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
Други спортовиМихајловски: Среќен сум што донесов медал за МакедонијаМакедонскиот кикбоксер Стефан Михајловски со бронзен медал се врати од неодамнешното Европско сениорско првенство во Атина. Тој настапуваше во категоријата кик лајт, + 94 кг и беше блиску до финалето. Македонскиот кикбоксер Стефан Михајловски со бронзен медал се врати од неодамнешното Европско сениорско првенство во Атина. Тој настапуваше во категоријата кик лајт, + 94 кг и беше блиску до финалето. И покрај пропуштената шанса да се бори за златото, Михалјовски во интервју за МИА, како успешен го оцени својот настап во грчката престолнина. 1. Стефан, дали си задоволен со бронзениот медал, и колку фалеше да се пласираш во финалето? Првенствено како посветен спортист во областа на кикбоксот учеството на Европското првенство за сениори како и претставувањето на нашата држава како дел од репрезентативниот тим за мене претставуваше голема чест. Среќен сум што донесов медал за Македонија. Првата борба ми беше против германскиот репрезентативец Стефан Тих во која сметам дека одлично се претставив и прикажав боречки техники постигнати со макотрпни тренинзи и подготовки. Секако дека сум задоволен со освојувањето на бронзениот медал на ова Европско првенство, иако многу малку недостигаше во втората борба со украинскиот репрезентативец Бабенко да влезам во финалето и да се борам за златниот медал. Се работеше за разлика од еден поен согласно одуката на судиите, но сепак резултатот не беше поволен за мене. Иако не влегов во финалето сепак закитувањето со бронзен медал е спортски успех, големо искуство и можност за прикажување на постигнатите спортски вештини. 2. Што треба да се направи за да се дојде до медал на едно ЕП во кикбокс? Учеството на големи натпреварувања како што се светски, европски и балкански првенства пред се бара еден континуитет во спортските тренинзи кои се одржуваат во матичниот клуб каде членуваат спортистите. Постојаното надградување и подобрувањето на спортските вештини во делот на кикбоксот како и унапредувањето во вежбите за зголемување во снагата, издржливоста, координацијата и агилноста се основен предуслов за постигнување на спортски успех кај спортистите. Постигнатите вештини првенствено се прикажуваат на државно ниво преку учество на државните првенства организирани од страна на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, па оттаму постигнувањата на државно ниво се основен предуслов за учество на големите светски, европски и балкански првенства како дел од репрезентативниот тим на нашата држава. Освојувањето на медали на овие првенства пред се зависи од сите горенаведени предуслови, а секако и од моменталните противници и одлуките на судиите пред се кога се работи за тесна борба. 3. Член си на клубот Прокик-Фемили. Раскажи ни како изгледаат твоите тренинзи. Член сум на Клубот Прокик-Фемили веќе години наназад. Еден мој секојдневен тренинг првенствено започнува со основни вежби за загревање на телото како подготовка за продолжување со тренинг како и вежби за подобрување на брзината, моториката и координацијата. Потоа следуваат вежби за стречинг, односно истегнување на екстремитетите на телото, со посебен осврт во делот на нозете и рацете заради намалување на можноста од настанување на спортски повреди за време на тренингот. Во согласност со насоките на мојот тренер тренингот продолжува со практикување и подобрување на кикбокс вештините преку индивидуална работа со тренерот како и преку учество во спаринзи со останатите членови во клубот. Тренингот завршува со вежби за зголемување на снагата и издржливоста на телото. Освен секојдневниот тренажен процес пред учество на првенства по кикбокс секако одреден период претходно воведувам дополнителен тренинг во текот на секој ден заради зголемување на издржливоста и кондицијата за време на борбите. 4. И во минатото имаш успеси на меѓународна сцена. Дали добиваш поддршка од државата? Помага ли федерацијата, со опрема, реквизити, суплементи, обезбедување учество на силни тренинг-кампови со врвни европски кикбоксери? Во досегашното спортување имам постигнато бројни спортски резултати како на државно така и на меѓународно ниво. Изминативе години освен поддршката од страна на клубот во кој што членувам поддршка имам и од државата преку обезбедување на стипендии , систем ваучери и останати финансиски поддршки во зависност од моите претходно постигнати спортски резултати. Секако нашата Кикбокс Маитаи федерација на Македонија несебично ме поддржува во секој поглед, стремејќи се кон се поголема финансиска поддршка која секако пред се зависи од моменталната финансиска можност на самата Федерација. Во однос на овозможувањето на силни тренинг - кампови со врвни кикбоксери кои за нас спортистите би било искуство и можност до идни успеси за жал не сме во можност да го оствариме со оглед на тоа дека за истото освен контакти и соработки со останатите држави потребни се поголеми финансиски средства кои за нас спортистите во овој момент се голем предизвик. Во иднина се надевам дека со новоформираното Министерството за спорт ќе биде продолжена и зголемена финансиската поддршка на спортистите, клубовите и федерациите се со стремеж кон поголеми спортски успеси за нашата држава. 5. Твојот колега Бобан Илиоски стана европски шампион, а има и титула светски првак. Можеме ли и од тебе да очекуваме злато од големите натпреварувања? Твоите планови за понатамошната кариера. Спортски честитки за колегата Бобан Илиоски кој постигна успех кон кој се стремиме сите ние спортистите. Моите планови за понатамошната кариера се насочени кон одржување и подобрување на кикбокс вештините и сите останати потребни вештини преку секојдневни спортски тренинзи во матичниот клуб со мојот тренер, прибирање на нови искуства на сите првенства кои ќе се одржуваат во иднина без оглед на државно или меѓународно ниво со стремеж во иднина кон освојување на нови медали, а секако со надеж кон освојување на златен медал како најголемо постигнување. Се надевам времето ќе покаже дека сум насочен и спремен кон поголеми спортски постигнувања, а она за што сонувам ќе прерасне во моја реалност. 6. Каков е интересот за овој спорт кај младите? Има ли долна граница од кога може да се почне да се тренира со кикбокс? Можам да забележам дека интересот за кикбоксот изминативе неколку години е во постојан раст. Сите сме сведоци на тоа дека се повеќе млади се насочени кон спортот воопшто и кон здравиот живот. Според мене долната граница за да се започне со тренирање на кикбокс сметам дека е шест години, со оглед на тоа дека децата пред се треба да имаат развиена основна координација и моторика која е индивидуална за секое дете како и да бидат спремни за впивање на спортски техники согласно својата возраст. 7. Дали кикбоксот е „машки спорт“ или има интерес и кај понежниот пол. Застапени ли се девојките во вашиот клуб? Не сметам дека кикбоксот е „машки спорт“, туку напротив е спорт за сите без оглед на полот. Изминативе години нивото, развојот и условите во спортот се значително подобрени, па оттаму се поголем е интересот и кај понежниот пол, без оглед дали се работи за рекреативно спортување или спортисти - натпреварувачи. Во нашиот клуб Прокик-Фемили на спортските тренинзи има учество и од понежниот пол, а истите се третирани идентично како и припадниците на посилниот пол. Сметам дека е време кикбоксот да не се дефинира единствено како груб спорт кој не е за понежниот пол, односно да се гледа како спорт од кој што освен изучување на корисна боречка техника може да доведе до раст и развој на координација, моторика , агилност, упорност, истрајност како и дисциплина кои се значајни афинитети за понатамошниот живот на учесниците./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏони Деп за враќањето во „Пирати од Карибите“: Тоа е единственото што го сакам (ВИДЕО)Џони Деп е отворен за враќање во улогата на капетанот Џек Спероу ако франшизата „Пиратите од Карибите“ продолжи, но има специфична причина за тоа.Во разговор за „Ентертејнмент тунајт“, актерот објасни како би можел да биде убеден повторно да ја носи пиратската шапка. Збогум на ликот „Ако работите се одвиваат како што треба во однос на тоа како ќе заврши франшизата... единствената обврска што навистина ја сакам, искрено, е да ги испратам на подобар начин“, рече Деп. Во исто време, тој ја нагласи својата доверба во продуцентот Џери Брукхајмер. „Би направил сè со Џери Брукхајмер утре. Не е важно што е. Ако е Џери, му верувам. Имаме длабоко пријателство“. Деп беше главна ѕвезда во пет филмови од серијата „Пиратите од Карибите“ кои беа прикажани во периодот од 2003 до 2017 година. Планови за нов филм Брукхајмер, продуцентот на сите пет филмови досега, изјави за „Холивуд репортер“ во 2022 година дека се „многу блиску“ до шестото продолжение и дека веќе имаат „многу добро сценарио“. Продуцентот во тоа време забележа дека серијата веројатно ќе има рестартирање бидејќи е „полесно да се организира“ бидејќи „не мора да чекате одредени актери“. Последниот филм од франшизата, „Мртвите не зборуваат“, беше објавен во 2017 година. Заедно со Деп, во него глумеа Хавиер Бардем и Каја Скоделарио, а се вратија и редовните членови на екипата Џефри Раш, Орландо Блум и Кира Најтли. Два проекти во развој Брукхајмер отворено зборуваше за работата на нов филм, чие сценарио го пишува Џеф Натансон. Втор филм, од авторката Кристин Ходсон, исто така беше во подготовка, а Марго Роби требаше да ја игра главната улога. Роби изјави за „Венити фер“ за тој проект во 2022 година: „Имавме идеја и ја развивавме пред некое време, одамна, за да ја направиме приказната повеќе фокусирана на женски ликови. Не е целосно женска приказна, само поинаков вид приказна, која ја сметавме за навистина кул, но не мислам дека сакаат да ја снимаат.“ Сепак, Брукхајмер изјави за „Ентертејнмент викли“ дека планира да направи рестарт и филм со Марго Роби. „Се надеваме дека ќе ги снимиме и двата, и мислам дека Дизни се согласува дека навистина сакаат да го направат оној со Марго“, рече тој. Сценариото и враќањето на Деп Брукхајмер рече дека е задоволен од сценариото на Натансон за рестартирањето. „Мислам дека е погодок. Има неверојатен трет чин. Само треба да ги дотераме првиот и вториот и тоа е тоа. Но, тој напиша одличен, навистина одличен трет чин.“ Продуцентот претходно изјави дека би сакал повторно да го види Деп во улогата и дека разговарал за тоа со актерот. „Тоа е рестартирање, но ако мене ме прашувате, тој би бил во неа“, рече Брукхајмер. „Го сакам. Тој е добар пријател, неверојатен уметник и има уникатен изглед. Тој го создаде Капетан Џек. Не беше запишано; тој внесе малку од Пепе Ле Пју и Кит Ричардс во улогата. Тоа беше неговата интерпретација на Џек Спероу.“Тагови: Џони Деп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаХоландија од следната година ќе мора да прифати баратели на азил од другите држави на ЕУ Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ .Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ оваа година или, наместо тоа, финансиски да придонесе за нивната грижа, објави Европската комисија. Според предлогот на Комисијата, земјите кои примиле надпросечен број баратели на азил оваа година се Грција, Кипар, Италија и Шпанија, а другите членки на ЕУ треба да им помогнат да го споделат миграцискиот товар, објави NL Times. Голем број барања за азил се поднесени во Грција и Кипар, додека Италија е прогласена за земја под „миграциски притисок“ поради непропорционално големиот број мигранти кои пристигнале откако биле спасени на море. Шпанија, од друга страна, се соочи со голем прилив на мигранти ова лето во нејзината северноафриканска енклава Сеута, каде што, според извештаите, десетици илјади луѓе пристигнале по море. Бугарија, Чешка, Естонија, Хрватска, Австрија и Полска, исто така, во принцип треба да прифаќаат баратели на азил, но овие земји можат да побараат од Европската комисија ослободување или намалување на нивните обврски, наведувајќи го високиот миграциски притисок со кој веќе се соочуваат. Сепак, Европската комисија утврди дека Холандија, Германија и неколку други земји-членки на ЕУ немаат право да бараат ослободување од обврската за прифаќање баратели на азил. Комисијата го проценува миграцискиот притисок во секоја земја-членка поединечно, земајќи го предвид бројот на пристигнати мигранти и поднесените барања за азил, како и бруто-домашниот производ (БДП) и населението на секоја земја. Предлогот на Европската комисија наскоро ќе биде дискутиран меѓу земјите-членки на ЕУ, кои на крајот ќе одлучат за конечниот број баратели на азил што секоја земја ќе мора да ги прифати.Тагови: Холандија баратели на азил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
НаукаЛансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“. „Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата. Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети. „Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата. „Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата. Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter