Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани
1Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани
БалканМихајловиќ: Вучиќ, Заев и Рама ќе разговараат во Србија за заеднички економски развојСрпската вицепремиерка Зорана Михајловиќ апелираше денес до сите земји од Западен Балкан да создадат стратегија за заеднички економски развој на овие земји.Како што јави дописникот на МИА од Белград, Михајловиќ додаде дека ова ќе биде една од темите на разговорите со лидерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама на почетокот на октомври во Белград, иницирана од српскиот претседател Александар Вучиќ на темата за формирање на таканаречениот Мал Шенген. -Секоја од земјите од Западен Балкан сепак е мала за да привлече глобални инвеститори, без кои е невозможно да се обезбеди одржлив економски раст. Но, заедно можеме да бидеме поконкурентни, како кон ЕУ, така и на другите светски пазари. Ова јасно се покажа и во случајот со отворањето на новата фабрика на „Фолксваген", оцени Михајловиќ во соопштението од нејзиниот кабинет. Таа додаде дека тука не станува збор за создавање на некоја „нова Југославија" или на „голем Балкан", туку спроведување на чиста економска логика, која што може да обезбеди подобар живот за граѓаните. -Она што треба да го направи секој од нас е да ги отстраниме сите внатрешни царински и гранични бариери за транспорт на стоки и услуги помеѓу Србија, Македонија и Албанија, а во тоа можеме да имаме поддршка од Транспортната заедница, чие седиште неодамна беше отворено во Белград, кажа Михајловиќ. Вицепремиерката Михајловиќ, кој истовремено е и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, оцени дека би било добро за сите земји од Западен Балкан да имаат усогласена инфраструктурна политика. -Можеби првиот чекор во оваа насока би можел да биде формирањето на регионална мрежа на полначи за електричните возила, бидејќи станува збор за технологија која е секако иднина, како и единствена наплата на патарина на автопатиштата, која ќе им овозможи на граѓаните на нашите земји да без запирање ги поминат наплатните рампи, изјави Михајловиќ. Таа со ова ја дообјасни вчерашната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ на маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк, најавувајќи дека Заев и Рама доаѓаат во Србија на 9 и 10 октомври на состанок посветен на отстранување на царинските бариери или како што кажа, со нив „ја иницирал идејата за понатамошно отстранување на различните бариери за водење бизнис на територијата на нашите три држави и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги, односно создавање на еден вид „мал шенген". Тој додаде дека тоа ќе биде првиот чекор и дека за Србија ќе биде „важно да ја вклучи и Приштина за да соработка биде на повисоко ниво на економски интеграции, отколку во ЦЕФТА, како и да се привлечат и БиХ и Црна Гора." /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаГерасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓаниГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со Црвениот крст, подели социјални пакети со прехранбени производи на 50 пензионери со минимални пензии.„Солидарноста и грижата за повозрасните граѓани треба да бидат наша секојдневна обврска. Во време кога изостанува потребната социјална грижа од државата, ние како локална самоуправа сме тука да помогнеме. Годинава ја зголемивме еднократната финансиска помош за пензионерите на 5.000 денари, како што и ветивме. Со овие пакети сакаме да им дадеме дополнителна поддршка на нашите пензионери, особено во пресрет на новогодишните празници. Ова е дел од низата хуманитарни активности што ги подготвуваме во овој период“, порача Герасимовски. Со оваа акција Општина Центар ја потврдува посветеноста на социјална поддршка за најранливите категории граѓани. Преку соработката со Црвениот крст, општината продолжува да ја поттикнува солидарноста и хуманоста, затоа што и малата помош може да значи многу за оние на кои им е најпотребна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЗдравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратенНајголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, но се уште не може да се всели во него. Сега е отркиена и сумата која популарниот Чола ја „искеширал“.Пред три години, Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, иако сè уште не се вселил во него. Изградбата на комплексот, кој гледа кон морето и марината, е во тек; се очекува првите две згради да бидат завршени во пролетта 2027 година. Популарниот Чола, го купил имотот во 2023 година, кога становите во комплексот се продавале по цена од приближно 5.500 евра за квадратен метар. Проектот, лоциран на возвишено место над брегот, опфаќа пет планирани згради со вкупно 150 станови. Агенцијата за недвижности задолжена за продажбата соопшти дека становите во првите две згради се речиси целосно распродадени. Сè уште се достапни станови во приземјето со површина од 50 квадратни метри, по цена од 5.800 евра за квадратен метар. За преостанатите три згради, постапката за добивање градежни дозволи е сè уште во тек. Дополнително, во соработка со „Хрватске шуме“ (Hrvatske šume), се подготвува решение за уредување на зелената падина под комплексот. Според проценките на агенцијата, сите пет згради би требало да бидат завршени до 2028 година.Тагови: здравко чолиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМајка во грција продала дете за 3.500 евра Две жени во Грција се под истрага и се соочуваат со обвиненија за незаконско посвојување, откако полициските проверки откриле сомнение дека новороденче било продадено од неговата мајка на друга жена во замена за пари.Според информациите објавени од грчката државна телевизија ЕРТ, 40-годишната мајка се сомничи дека на почетокот на оваа година го предала своето новородено бебе на 32-годишна жена од Аспропиргос, населено место западно од Атина. За продавањето на детето, наводно, добила 3.500 евра, а сомнежите се дека парите ги искористила за да купи автомобил.Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter