Михаилов: Се прават заштитни обрачи низ шумите, за нивна заштита од пожари - Канал 5

Михаилов: Се прават заштитни обрачи низ шумите, за нивна заштита од пожари

Вработени во ЈП „Национални шуми“ ги чистат шумите, а потоа со механизација прават обрачи.

Михаилов: Се прават заштитни обрачи низ шумите, за нивна заштита од пожари

Ова се дел од мерките што се преземаат за да не повторат шумските пожари од минатата година, кога изгореа илјадници дрвја, а угинаа дивеч и птици. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека правењето на заштитни обрачи низ шумите, лани се покажа како добра пракса, кога од целосно опожарување спасија неколку села лоцирани во подножјето на планината Серта.

- Во моментот активно работиме на прочистување на патиштата што ги имаме, на шумската патна инфраструктура, отворање нови патишта и средување на веќе постоечките. Тоа значи правење на заштитни обрачи за заштита од евентуални пожари, вели Михаилов.

Тој додава дека владини работни групи се фокусираат на изготвување Национална стратегија за заштита од пожари. Претходно направената анализа укажувала дека ниту една институција во државата соодветно не е подготвена да се бори со пламените јазици.

- Стратегијата вклучува набавка на она што никаде го нема. Значи ниту една институција не е подготвена за заштита од пожарите, вклучително почнувам од нас и сите други останати. Секаде се со дотраени возила, секаде се со опрема што малтене е неисправна и она што го кажав на почетокот, ги начекавме нашите вработени да гасат пожари буквално на влечки, во вистинска смисла на зборот. Ги начекавме со неподмирено здравство беа луѓето, појаснува Михаилов.

Лани во државава изгореа над 94.000 хектари, според податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари, програма Коперник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: „Жешката“ Алесандра Амброзио обожува бикини

Една од нјаубавите жени на светот во последните две децении, шармантната Алесандра Амброзио повторно предизвика вистински  хаос на мрежите.

Фото: „Жешката“ Алесандра Амброзио обожува бикини

Уште од почетокот на сезоната на бикини, секоја нејзина објава на Инстаграм на радост на фановите е токму во таа насока.

Позната по својата совршена става и бразилска убасексапилната Алесандра Амброзио и овој пат успеа да привлече внимание.

Се чини дека оваа убавица веќе некое време ужива во жешките летни денови, кои вклучуваат серија атрактивни бикини.

На Инстаграм, каде што е често активна, ги информира своите обожаватели за актуелните настани во нејзиниот живот, а неодамна покажа како ужива на плажа со својот партнер.

На фотките убавата Алекс гордо позира во бикини кои ги истакнуваат нејзините облини за што доби само позитивни коментари од своите обожаватели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сексипилна водителка покажа како се подготвува за Светското првенство

Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, наскоро доаѓа, а спортските новинари ширум светот ќе имаат полни раце работа.

Фото: Сексипилна водителка покажа како се подготвува за Светското првенство

Италијанските новинарки доминираат во спортскиот свет, а по Дилета Леота, уште една убавица го привлекува вниманието на јавноста.

Станува збор за новинарка по име Елеонора Инкардона.

Се чини дека италијанската спортска новинарка Елеонора Инкардона решила да ги „наполни батериите“ за претстојното првенство, а за тоа морала да отпатува во Египет.

Таа сега објави фотографии од одморот на Инстаграм, а своите верни обожаватели ги почасти со жешки сцени.

На фотките, секси водителка позира во бикини, а во прв план се нејзините облини во мали бикини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан веќе не се крие: Ја објави првата заедничка фотографија со новото момче

Најпознатата американска старлета, Ким Кардашијан и големиот шампион од Формула 1, Луис Хамилтон, повеќе не кријат дека се во врска.

Ким Кардашијан веќе не се крие: Ја објави првата заедничка фотографија со новото момче

По месеци шпекулации за нивната врска, Ким и Луис ја испратија најјасната порака досега - нивната романса стана јавна.

На почетокот на јуни, Ким објави серија фотографии од својот секојдневен живот на својот Инстаграм профил, а посебно внимание привлече еден момент забележан додека вози велосипед низ улиците на Њујорк.

Видеото и фотографиите го прикажуваат како се обидува да направи заедничко селфи со Луис Хамилтон, по што накратко ја губи рамнотежата, што предизвика смеа кај присутните.

Ова е нивната прва заедничка објава на социјалните мрежи, а доаѓа кратко откако за прв пат беа видени заедно на јавен настан. На почетокот на мај, тие заедно присуствуваа на бродвејската претстава „Страв од 13“, а откако го напуштија театарот, фотографите ги фотографираа држејќи се за раце.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер