БалканМицотакис за железничката несреќата кај Темпи: И јас сакам да ја дознаам вистинатТрагедијата кај Темпи, е колективна повреда и исто така е повреда која, би рекол и мене ми тежи, бидејќи бев премиер кога се случи оваа трагедија, кога млади деца влегоа во возот и никогаш не стигнаа до нивната дестинација.За евентуална кривичната одговорност на грчката железница, во случај да се докаже дека товарниот воз пренесувал нешто сомнително; за преземената политичка одговорност и категоричното отфрлање на веројатноста да си поднесе оставка; за неодговорените прашања; за обвинувањата за „владино прикривање на случајот“, говореше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Алфа“, во однос на железничката несреќа кај Темпи пред речиси две години, а по големите и масовни протести што во неделата се одржаа во цела Грција, јави дописничката на МИА од Атина. - Трагедијата кај Темпи, е колективна повреда и исто така е повреда која, би рекол и мене ми тежи, бидејќи бев премиер кога се случи оваа трагедија, кога млади деца влегоа во возот и никогаш не стигнаа до нивната дестинација, во средство кое требаше да биде безбедно. Мислите дека ова не ме оптоварува, не само како татко, туку и како премиер, да направам сè што можам за да ја дознаам вистината и да направам сè што можам за нашите возови сега да бидат безбедни и европски?, посочи Мицотакис. Во долгото, детално и опширно интервју, грчкиот премиер нагласи дека правдата ќе даде одговори, посочувајќи дека се ближи крајот на процесот и истакнувајќи дека лично тој е „првиот човек по родителите на загинатите, кој сака да ја дознае вистината“ и дека не постои некој кој е „повеќе повреден или тажен или лут во овој случај“ од него. За оставката на српскиот премиер и дали и тој би требало да го следи неговиот пример, Мицотакис категорично одговори негативно, објаснувајќи дека надлежниот грчки министер тогаш, по несреќата веднаш си поднесе оставка, но и дека премиерот во Србија, „во суштина нема овластувања“. -Ја презедов соодветната одговорност, политичката, продолжувам да ја преземам, дури и да постои политичка цена, посочи Мицотакис и додаде дека секогаш е искрен пред грчкиот народ. Со оглед на тоа што извештаите на експертите ангажирани од семејствата на загинатите, покажаа дека околу 30 од 57 загинати, не починале од сударот, туку од експлозиите што следеле и со фактот што самиот Мицотакис, 15 дена по несреќата рече дека во товарниот воз немало ништо сомнително, сега, грчкиот премиер, во однос на тоа што точно пренесувал товарниот воз, посочи дека тогаш не направил грешка, туку ги пренел информациите што тогаш ги имал. Објасни дека тогаш бил апсолутно сигурен, бидејќи такви уверувања добил од инволвираните, од компанијата Hellenic Train, од Противпожарната служба и од грчката железница. - Компанијата Hellenic Train, која е одговорна, ќе треба да одговара и да одговара и кривично – очигледно ова не е моја работа – но да одговара и политички. Затоа што Hellenic Train беше онаа што ме уверуваше, не мене, туку грчкиот Парламент. И потсетувам дека оваа изјава беше дадена две седмици по несреќата. Значи, ако ме прашате дали се каам или згрешив, директно ви велам: очигледно со она што го знам денес, немаше да го кажам тоа што го кажав тогаш, рече Мицотакис. Во однос на информациите дека постоеле интервенции на местото на несреќата неколку часа по судирот и просторот не бил затворен, со што постојат обвинувања дека Владата се обидува да прикрие нешто, грчкиот премиер објасни дека „некои одлуки беа донесени на терен“, а за него лично, грижата во тој момент била да се извлечат и да се идентификуваат телата. - Ако беа донесени некои оперативни одлуки за стабилизирање на теренот, за да може кран да оди и да го крене возот за да види што има одоздола, не знам за тие одлуки и не мора да знам. Но, сигурен сум дека сето тоа беше направено со добра намера. А целта во тој момент не беше да се прикрие нешто. И за ова сакам да бидам категоричен: не постои поголема навреда за премиер и татко од тоа некој да тврди дека во тој момент на болка, тага, гнев, мојата грижа беше да прикријам, да прикријам што точно?, објасни Мицотакис, додавајќи дека ако била направена некаква грешка на терен, тоа ќе го проценат надлежните. На прашањето дали би се согласил за формирање предистражна комисија во парламентот за одредени политичари, одговори позитивно, велејќи дека под услов обвинителот, кој ја има целосната слика, целосно да утврди дека може да има потенцијална инволвираност. За интервјуто на Мицотакис и за изразените позиции реагираа од опозициските партии. Од ПАСОК коментираа дека „во обидот да ја задржи својата фотелја, Мицотакис го демантираше Мицотакис“, а лидерот на СИРИЗА Сократис Фамелос рече дека „Мицотакис е непокаен, неадекватен, исплашен и поразен“. Железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица се случи на 28 февруари 2023 година, а откако во јавноста беа објавени нови докази од истрагата на експертите ангажирани од семејствата на загинатите, во неделата низ цела Грција се одржаа масовни протести, преку кои граѓаните побараа правда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ЗабаваКим Кардашијан во секси фустан оди во шопинг- минувачите во Рим се чудат (ФОТО)Ким Кардашијан ги продолжи прославите на својот 46-ти роденден со патување во Италија. По свечената вечера во Лос Анџелес, ријалити ѕвездата отпатува во Рим, каде што нејзиното појавување во фустан со особено длабоко деколте привлече големо внимание од минувачите и фотографите. Речиси веднаш по семејната прослава во Беверли Хилс, Кардашијан се качи во авион и се упати кон Европа со нејзината мајка, Крис Џенер. Нивната дестинација беше Рим, каде што обиколуваа луксузни бутици, вклучувајќи ја и продавницата за накит „Булгари“, што создаде возбуда кај минувачите и папараците. Иако момчето Луис Хамилтон не ѝ се придружи на патувањето, Кардашијан изгледаше во одлично расположение. Избор на фустан за обиколка на бутикот За обиколка на продавниците, таа избра тесен бел макси фустан со плисови на пределот на стомакот и врзување околу вратот. Деколтето беше толку длабоко што мораше да го држи материјалот со рака кога излегуваше од автомобилот за да избегне несреќа пред собраните фотографи. Изгледот го комплетираше со високи чевли на платформа и црна коса врзана во висока опашка. И Крис Џенер можеше да се види во позадина, како се одлучува за класично розово јакна од Шанел.Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПочна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО) На крајот од денешниот протест, јавниот ред и мир повторно беа нарушени.Во Париз, полицијата за немири користи палки за да ги растера групите маскирани млади луѓе кои ги кршеа прозорците на автосалоните на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Воздухот беше исполнет со густи облаци солзавец, а полицијата исто така интензивно користеше водни топови. Претходно, протестот беше целосно мирен, а повеќе од 100.000 луѓе маршираа по рута што минуваше далеку од центарот на градот. 🇫🇷💥 FLASH | La police charge des manifestants à coups de matraque, à Paris. La situation reste très tendue sur place. https://t.co/9rB2OIAvSM — Cerfia (@CerfiaFR) October 24, 2026 Полиција: 410.000 луѓе протестираа денеска во Франција Вкупно 410.000 луѓе учествуваа во протестите низ Франција во саботата, вклучувајќи 110.000 во Париз, изјави за АФП француското Министерство за внатрешни работи. Излезноста беше малку помала од минатата недела, кога 550.000 луѓе излегоа на улиците. Од друга страна, според податоците на синдикатот што ги организираше пријавените собири, 800.000 луѓе учествуваа во протестите во саботата низ целата земја, од кои 250.000 беа во главниот град. Судири избувнаа во неколку градови, вклучувајќи ги Париз, Лион, Рен, Нант, Бордо, Ница и Марсеј.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 10 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Лазарополе, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Берово, Маврови Анови, 19 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 20 Битола, Велес, Штип, 21 Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, 22 Демир Капија, 23 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини имаше појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладнево ќе се задржи променливо облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38