Мицотакис свечено ја отвори реставрираната Палата на Филип Втори - Канал 5

Мицотакис свечено ја отвори реставрираната Палата на Филип Втори

Мицотакис свечено ја отвори реставрираната Палата на Филип Втори- археолошки локалитет во близина на Вергина.

Мицотакис свечено ја отвори реставрираната Палата на Филип Втори

По 16 години обнова и реставрација, во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во археолошкиот локалитет во близина на Вергина, денеска беше свечено отворена Палатата на Филип Втори, местото каде што бил крунисан за крал Александар Македонски, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Грција го нарекуваат „Партенон на Македонија“, споменик, кој датира од 4 век п.н.е., се простира на површина од околу 15.000 квадратни метри, а од 2007 се работеше на одржување, поправање и реставрација.

Денешното свечено отворање, грчкиот премиер го карактеризираше како „настан од светско значење и од многу широк меѓународен опсег“.

- Морам да ви кажам дека бев длабоко импресиониран од она што го видов пред малку, бидејќи оваа палата е навистина многу посебно архитектонско дело. Уметничко дело, на два ката, со многу мозаици и фрески кои го отсликуваат гламурот и моќта на Филип, рече Мицотакис.

Во неговиот говор на отворањето, грчкиот премиер се задржа на важноста на локалитетот за економијата и туризмот во поширокиот регион, но и на делото на Филип Втори.

-Филип и Александар, на свој начин биле одлични реформатори. Првиот, суштински еволуирајќи архаично општество во општество со поурбани карактеристики, со заеднички, унифицирани институции. А вториот, создавајќи градови, интегрирајќи големи и разновидни популации во империја со невиден обем, истакна грчкиот премиер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска се празнува Мала Богородица: Еве каква ќе биде есента ако на овој ден осамне облачно утро

Денеска, 21 септември, православна црква и верниците ја одбележуваат Мала Богородица, празникот Раѓање на Пресвета Богородица, со кој се поврзуваат бројни обичаи и верувања.

Денеска се празнува Мала Богородица: Еве каква ќе биде есента ако на овој ден осамне облачно утро

Денеска, 21 септември, православните верници ја одбележуваат Мала Богородица, празникот Раѓање на Пресвета Богородица, со кој во македонската народна традиција се поврзуваат бројни обичаи и верувања. Едно од нив е особено интересно во овој период од годината – се верува дека времето на Мала Богородица може да навести какви ќе бидат есента и зимата.

А денешниот ден во Македонија осамна облачно. Утрото го пречекавме под облаци, додека во текот на денот се очекуваат периоди на разведрување и појава на сончеви интервали.

Токму поради тоа, ако се водиме според старото народно толкување, денешниот празник Мала Богородица би можел да се опише како своевидна „мешавина од знаци“. Не нè пречека целосно ведро и сончево утро, но облачноста не значи дека целиот ден ќе остане под облаци. Есента и зимата, фигуративно кажано, денеска „испраќаат порака“ – облачното утро според народното верување може да најави порано заладување, додека разведрувањето и сончевите периоди во текот на денот оставаат простор за верување дека нè очекуваат и уште многу убави и благи денови.

Што вели народното верување?

Според едно од распространетите народни верувања, доколку на Мала Богородица е ведро, сончево и без облаци во поголемиот дел од денот, претстојната есен и зима би требало да бидат благи, без многу студени денови.

Спротивно на тоа, облачното време на овој празник во народната традиција се толкувало како најава за постуден период. Во некои народни преданија се наведува дека особено се набљудувала промената на времето во текот на самиот ден, па смената на облаци и сонце можела да се толкува како најава за променлива есен.

Во минатото, кога немало современи временски прогнози, луѓето внимателно го следеле однесувањето на облаците, ветерот, температурата, животните и растенијата и врз основа на искуството создавале изреки и правила кои се пренесувале од генерација на генерација.

Мала Богородица била важен пресврт во годината

Не е случајно што токму со овој празник се поврзуваат толку многу верувања за времето. Мала Богородица се одбележува во периодот кога летото дефинитивно се приближува кон својот крај, а природата влегува во есен.

Во традиционалниот живот во Македонија, овој празник имал и практично значење – се поврзувал со почетокот на есенските земјоделски работи, орањето и сеидбата на озимите култури, а периодот околу Мала Богородица бил поврзан и со почетокот на есенските свадби.

Затоа, некогаш погледот кон небото на овој ден се сфаќал многу посериозно отколку денес. Времето не било само прашање дали денот ќе биде пријатен за прошетка или работа – од него зависеле земјоделските активности, приносот и подготовката на домаќинствата за постудениот дел од годината.

А според денешното небо, по облачното утро, сончевите периоди во текот на денот оставаат простор за различни толкувања. Ако се протолкува во духот на старото народно верување, есента би можела да биде променлива – со први постудени периоди, но и со доволно сончеви и топли денови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Тродневното гласање на изборите за деветтиот состав на руската Државна дума заврши  со затворањето на избирачките места во најзападниот регион на Русија, Калининградската област.

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија.

„Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на Русија, пренесе „Спутник“.

На второто место се најде Комунистичката партија на Русија со 13,80 отсто од гласовите. „Единствена Русија“, чиј претседател е Дмитриј Медведев, долго време го поддржува актуелниот претседател Владимир Путин.

На третото и четвртото место се „Нови луѓе“ со 7,96 отсто од гласовите, односно „Праведна Русија“ со 5,16 отсто. Според податоците од 20:55 часот по московско време, прелиминарната излезност на изборите за Државната дума до крајот на гласањето изнесуваше 56,66 отсто.

Последниот ден од гласањето, како и претходните два, започна на Далечниот Исток и постепено се поместуваше кон запад. Распоредот се разликуваше во некои региони. На пример, во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), избирачките места останаа отворени до 14 часот по московско време. Републиканската изборна комисија ја оправда оваа одлука со активноста на беспилотни летала и потребата за безбедно доставување на изборните документи по затворањето на избирачките места, пренесе ТАСС. Изборите за пратеници во Државната дума од деветтиот состав се одржаа од 18 до 20 септември.

Жителите на регионот Донбас и на Новорусија за првпат учествуваа на изборите.

На изборните листи за федералната изборна единица беа застапени десет партии: „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“, „Праведна Русија“, Руската партија на пензионерите за социјална правда, „Комунисти на Русија“, „Родина“, Руската еколошка партија „Зелени“ и Партијата за директна демократија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски на состаноци на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMS

Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана.

Мисајловски на состаноци на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMS

Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана во рамки на Централноевропската одбранбена соработка – CEDC со земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) и на состанок на неформалната регионална иницијативата за одбранбена соработка меѓу земји од Централна Европа во формат Грац/Кремс со земјите од Западен Балкан.

Фокусот на годинашните состаноците е безбедносната состојба во Европа, унапредување на регионалната безбедносна и одбранбена соработка преку заеднички проекти и размена на искуства со земјите членки на CEDC, воената мобилност, управувањето со кризи, хибридните закани, заеднички обуки и развој на капацитети и способности и идни активности кои ќе ја зајакнат улогата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантската безбедносна архитектура

Во текот на утрешниот ден предвидено е да се реализира и состанок на земјите членки на Балканските медицински наменски сили

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер