Мицотакис соопшти мерки за економска поддршка на граѓаните во висина од 300 милиони евра - Канал 5

Мицотакис соопшти мерки за економска поддршка на граѓаните во висина од 300 милиони евра

Државна субвенција на дизелот од 16 центи за литар во дистрибутивната мрежа; т.н. Дигитална картичка за гориво за околу три милиони сопственици на возила......

Мицотакис соопшти мерки за економска поддршка на граѓаните во висина од 300 милиони евра

Државна субвенција на дизелот од 16 центи за литар во дистрибутивната мрежа; т.н. Дигитална картичка за гориво за околу три милиони сопственици на возила; поддршка на земјоделците со субвенција за ѓубривото и компензација на поморските компании за да се избегне зголемување на цените на билетите за траектите, се четирите мерки за економска поддршка од последиците од војната на Блискиот Исток, во висина од околу 300 милиони евра, што ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, во видеопораката до граѓаните, посочи дека потребна е поддршка на домаќинствата и бизнисите во услови на меѓународна економска нестабилност, дека „Грција веќе има водечка улога во формирањето на заеднички европски одговор“, но и дека „Владата е решена да дејствува и самостојно, на национално ниво“, во рамките на фискалните можности.

- Денеска најавувам пакет од четири насочени мерки, што ќе важат за месеците април и мај. Вредноста на програмата изнесува околу 300 милиони евра, додека поддршката што ја овозможуваат се однесува на речиси целиот население, рече Мицотакис.

Поконкретно, првата мерка е со цел „да се намали негативното влијание од светското зголемување на цената на нафтата врз синџирот на снабдување, дистрибуцијата на стоки, како и земјоделското производство“ и се однесува на дизелот.

- Државата ќе го субвенционира во дистрибутивната мрежа со 16 центи по литар. Ова значи дека потрошувачите и бизнисите, во конечната цена со ДДВ, ќе имаат корист што ќе достигне до 20 центи по литар. Повторувам: нашата цел е зголемувањето на трошоците за производство да не се пренесе врз цените на производите, објасни Мицотакис.

Втората мерка е за зајакнување на домаќинствата во справувањето со зголемувањето на цените на бензинот при што се воведува „посебна поддршка во форма на Дигитална картичка за гориво“, што ќе може да се користи на бензинските пумпи, во јавниот превоз, како и во такси-превозот.

- Поддршката, просечно пресметано, изнесува 36 центи по литар. Тоа значи дека со просечна месечна потрошувачка од 70 литри, мерката се претвора во 50 евра на два месеца за копнените делови на земјата и 60 евра за нашите острови. Критериумите за издавање на оваа картичка ќе бидат проширени, така што ќе бидат опфатени околу три од четирите милиони сопственици на возила, рече Мицотакис.

Третата мерка се однесува на земјоделците и нивната поддршка за наглото зголемување на цените на ѓубривата, а државата ќе субвенционира 15 отсто од износот на сметките за нивната набавка.

Додека четвртата мерка е за справување со последиците од високите цени на поморските горива, при што се воспоставува посебна компензација за поморските компании, што ќе биде поврзана со задолжителни намалувања на цените на билетите кои компаниите ќе треба да ги применуваат, се со цел цените на билетите за траектите да се задржат на нивото од минатата година.

- И уште нешто. Сметам дека трошокот на оваа иницијатива треба да се покрие не само од јавните фондови, туку и од секторите со зголемена профитабилност, кои имаат помало општествено влијание. Па така, се менува оданочувањето на добивките на играчите на онлајн игри на среќа од типот казино, со цел да се обезбедат 100 милиони евра. Сметам дека ова е праведна интервенција, посочи Мицотакис.

Објасни дека мерките се можни „благодарение на придобивките од позитивниот економски тренд и внимателното фискално управување“ и дека се работи за мерки кои го зајакнуваат општествениот „штит“ во турбулентни времиња.

- Нашата порака е една: Владата е и ќе остане на страната на секоја Гркинка и секој Грк, како што беше во секој тешки момент досега, а нашата татковина повторно ќе ги надмине сите бури предизвикани од настани вон нејзините граници, имајќи ги како секојдневно оружје единството и социјална кохезија. Во неизвесни времиња, татковината има потреба од стабилен компас за својата ориентација, порача грчкиот премиер.

Мерките, на прес-конференција детално ќе бидат објаснети од министерот за национална економија и финансии и од неговиот заменик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка од пеколот: Тримесечното синче било пронајдено мртво со кокаин во организмот, ја осудија на две години

Триесет и шестгодишна жена е осудена за смртта на нејзиното тримесечно бебе во 2022 година, кое починало откако било пронајдено во несвест со кокаин во неговиот организам.

Мајка од пеколот: Тримесечното синче било пронајдено мртво со кокаин во организмот, ја осудија на две години

Бебето, Алистер фон Ли, било прогласено за мртво во болница во Ланкашир, Велика Британија, на 9 август 2022 година, неколку часа откако беше оставено без надзор во автомобил подолг временски период во еден жежок летен ден.

Неговата мајка, 36-годишната Џоана Ли, се изјасни за виновна за злоупотреба на деца, соопшти полицијата во Ланкашир во вторник, 24 ноември, објави списанието „Пипл“.

Истрагата откри ужасно злоставување на кое Ли го подложил детето во деновите пред неговата смрт.

На 8 август 2022 година, Ли нацртала превртен крст со крв на челото на Алистер, а потоа направила фотографии и видеа што потоа им ги испратила на пријателите, соопшти полицијата во Ланкашир.

Полицијата соопшти дека таа се „однесувала неправилно“ тој ден, вклучително и возење со дупната гума и под дејство на кокаин додека Алистер бил во автомобилот.

Го оставила детето само во возилото подолг временски период на жежок летен ден, додека тој бил гладен и плачел, соопшти полицијата.

Рано наутро на 9 август, полицајците пристигнале во домот на Ли по пријава дека Алистер не дише. Ја пронашле Џоан Ли, нејзината мајка, како му дава кардиопулмонална реанимација на детето.

Полицијата дознала дека Ли ја повикала нејзината мајка на Фејсбук и ѝ рекла: „Мамо, Алистер е мртов“.

Детето било прогласено за мртво во болницата околу еден час подоцна.

Властите, исто така, пронашле кокаин во системот на Алистер, за кој веруваат дека бил внесен преку мајчиното млеко. Полицијата вели дека Ли лажела за време на сослушувањето, тврдејќи дека нејзиното млеко можеби било извалкано со нешто и се обидела да обвини пријател.

Полицијата во Ланкашир во вторникот соопшти дека Ли може да биде обвинета само за злоупотреба на деца бидејќи причината за смртта на Алистер не може да се утврди.

Таа е осудена на две години затвор.

„Ова беше длабоко вознемирувачки случај кој за жал доведе до тоа Алистер да го изгуби животот на само три месеци“, изјави детективот полицаец Кон Кили Пауел од полицијата во Ланкашир, додавајќи дека Ли покажала малку каење за своите постапки.

„Ќе продолжиме напорно да работиме со нашите партнери за да ги заштитиме децата како малиот Алистер од злоупотреба, да ги едуцираме и поддржуваме родителите, но пред сè да ги заштитиме децата, да бидеме нивниот глас и да спречиме повторно да се случат овие трагични инциденти“, рече Пауел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мистериозни луѓе- кртови се снимени во Њујорк, петмина излегуваат од канализација (ВИДЕО)

Пет лица биле забележани како излегуваат од канализација на Менхетен во раните утрински часови, што е најновиот во низата мистериозни случаи на таканаречени кртови, соопшти полицијата.

Мистериозни луѓе- кртови се снимени во Њујорк, петмина излегуваат од канализација (ВИДЕО)

Група неидентификувани лица биле забележани како излегуваат од канализација во близина на Втората авенија и Источната 17-та улица околу 5 часот наутро во среда.

Досега нема апсења

Објавените фотографии ги прикажуваат необичните „истражувачи“ со фенерчиња, лопати и работни ракавици кратко откако излегле.

Властите велат дека се верува дека една жена и четворица мажи излегле од канализацијата. Потоа петмината влегле во црвена лимузина, управувана од друга жена, пред да исчезнат.

Сè уште нема апсења, а инцидентот е под истрага, објавува „Њујорк пост“.

Случајот е најновиот во низата сомнителни влегувања во канализацискиот систем на Њујорк во последните месеци, што покренува прашања за мистериозните групи на таканаречени кртови кои го истражуваат подземјето на градот.

„Барале вредни предмети“

Полицијата соопшти дека друга група урбани истражувачи биле забележани како излегуваат од канализациска шахта на Ист Сајд на Менхетен во раните утрински часови на 6 октомври. Не беше веднаш јасно зошто се впуштиле во таква експедиција.

Меѓутоа, во септември, две лица беа уапсени откако беа откриени како истражуваат канализации во истиот дел од градот.

Нивната авантура ги однесе до простор под хотелот каде што престојуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти полицијата и извори запознаени со случајот.

Еден од двајцата обвинети, венецуелски државјанин, им кажал на властите дека влегол во канализацијата „барајќи вредни предмети што биле заглавени во одводите“. Сепак, експертите предупредуваат дека е малку веројатно златото, среброто и другите вредни предмети всушност да можат да се најдат во подземните канализациски системи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисирка не сака да стане вечера за Денот на благодарноста- и полицијата ја брка по автопат (ВИДЕО)

Дива мисирка предизвика брканица на Гарден Стејт Парквеј во американската држава Њу Џерси кога почна да бега од полициско возило, движејќи се меѓу сообраќајните ленти во пресрет на Денот на благодарноста.

Мисирка не сака да стане вечера за Денот на благодарноста- и полицијата ја брка по автопат (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во среда, еден ден пред американскиот празник Денот на благодарноста, а полицијата на државата Њу Џерси објави видео од брканицата на социјалната мрежа X.

Безбедно го напуштила патот

Видеото ја прикажува мисирката како трча по автопатот со четири ленти, додека полициско возило ја следи со вклучена сирена. Во еден момент, птицата дури се обидела да лета во средината на патот.

„Вчера, мисирка одлучила дека не сака да заврши како главно јадење и повела полицаец во необична брканица по Гарден Стејт Парквеј“, соопшти полицијата.

На крајот од видеото, кое трае 22 секунди, птицата може да се види како се оддалечува кон тревна површина покрај патот.

Полицијата соопшти дека мисирката успеала безбедно да го напушти патот и да го избегне сообраќајот, но и да избегне да заврши на празничната трпеза.

Средби со диви мисирки

Ова не е прв пат дива мисирка да биде во центарот на вниманието на патиштата во Њу Џерси.

Во 2009 година, властите речиси се откажаа од обидот да фатат дива мисирка која се населила на крстосницата 14Б на автопатот Њу Џерси.

Вработените во патарината ја нарекоа Тами, а службениците на државната служба за рибарство и див свет на крајот успеаја да ја фатат со мрежа, објави ABC.

Слични средби со диви мисирки се случиле и во други американски држави.

Полицијата на државата Висконсин соопшти дека мисирка во Гранд Шут не покажала страв од полицајците и ги сфатила обидите на полицајците да ја избркаат од патот како предизвик.

Откако полицаецот се обидел да ја тргне со маневрирање со своето службено возило, птицата почнала да ја клука гумата на неговиот автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер