Мицотакис: Сè додека Турција продолжува со „casus belli“, Грција нема да одобри вклучување во програмата САФЕ - Канал 5

Мицотакис: Сè додека Турција продолжува со „casus belli“, Грција нема да одобри вклучување во програмата САФЕ

Генералниот секретар на НАТО ме праша какво е мислењето на Грција за ова прашање. Бев апсолутно јасен и апсолутно категоричен:

Мицотакис: Сè додека Турција продолжува со „casus belli“, Грција нема да одобри вклучување во програмата САФЕ

Позицијата дека Грција нема да се согласи Турција да биде дел од европската програма САФЕ за финансирање на одбранбени проекти, доколку продолжи со „casus belli“, односно закана за војна, му ја изразил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на генералниот секретар на НАТО Марк Руте на нивната средба во Копенхаген, јави дописничката на МИА од Атина.

- Генералниот секретар на НАТО ме праша какво е мислењето на Грција за ова прашање. Бев апсолутно јасен и апсолутно категоричен: сè додека Турција продолжува да го поставува на маса прашањето за „casus belli“ (закана за војна), сè додека Турција продолжува директно да го оспорува суверенитетот на грчките острови преку теоријата за „сиви зони“, Грција нема да се согласи Турција да се приклучи на програмата САФЕ, рече Мицотакис на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот на Европската политичка заедница, во Копенхаген.

За заедничкиот одбранбен проект за ѕидот против дронови, Мицотакис посочи дека доколку постои европска програма, „сигурно е дека таа ќе биде опфатена заеднички“, но и нагласи дека без оглед на европските приоритети, Грција самата се грижи да се заштити од такви опасности, односно како што рече „едноставно кажано, ние веќе го направивме тоа“.

Грчкиот премиер, одговарајќи на новинарско прашање се осврна и на миграцијата, нагласувајќи дека „Европа ја промени својата миграциска политика во последните години, главно како резултат на систематската работа што ја изврши Грција“.

Објасни дека Европа е построга во чувањето на надворешните граници и акцентот веќе е на враќањето на мигрантите, изразувајќи надеж дека европски партнери ќе ги поддржат иницијативите на грчката Влада „кои се засноваат на многу едноставна логика: ако дојдете нелегално во нашата земја и немате право на азил, тогаш ќе бидете лишени од вашата слобода и ќе бидете вратени назад во земјата од која сте дошле“, додека пак за оние кои имаат право на азил, објасни дека Грција ќе им го додели.

-Задоволен сум бидејќи многу строгиот став што го зазеде нашата Влада со привременото суспендирање на азилот, како и контактите што ги имавме во Источна Либија, се чини дека донесоа резултати. Во изминатиот период имавме значително намалување на брановите. Но, очигледно потребна е не само грчка, туку и европска упорност за да можеме да се справиме со проблемот во неговиот корен, порача Мицотакис.

Додаде дека Грција и понатаму работи на сите нивоа за искоренување на мрежи на криумчарите во источниот дел на Егејското море како и во јужниот Медитеран, во делот помеѓу Крит и Либија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск

 Полската полиција добила информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Кошнјак-Камиш, соопшти  портпаролката на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Полската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск

Оваа информација е објавена откако полските власти го подигнаа нивото на тревога поради бранот на насилство во училиштата, кој заврши во четвртокот со смртта на еден училиштен домар.

„Откако полската полиција доби информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск, како и врз вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, министерот за внатрешни работи Марчин Кервињски и министерот-координатор за специјални служби Томаш Семоњак наложија преземање соодветни мерки во овој случај“, напиша портпаролката Каролина Галецка.

Како што таа најави, во недела во 11 часот ќе се одржи состанок на претставници на Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), како и на службите што работат во рамките на Министерството за внатрешни работи и администрација – полицијата и Службата за државна заштита (SOP).

Јацек Добжињски, портпарол на министерот и координатор на специјалните служби, исто така извести за заканите на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Босанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – Скопје

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Босанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – Скопје

Вчера (10.10.2026) во 15:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лицето, на патниот правец Катланово – Скопје, управувал патничко возило со брзина од 164 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер