Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“
1Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“
3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
БалканМицотакис: Сакаме најдобри можни односи со сите наши соседиСакаме најдобри можни односи со сите наши соседи, а меѓу овие соседи вклучена е и Албанија, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун.Сакаме најдобри можни односи со сите наши соседи, а меѓу овие соседи вклучена е и Албанија, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун, додека пак за односите со Турција посочи дека има позитивни придобивки од подобрената клима, јави дописничката на МИА од Атина. На традиционалната прес-конференција што се одржува веднаш по свеченото отворање на саемот, грчкиот премиер говореше за актуелните теми од внатрешната и надворешната политика во земјата. Во делот поврзан со дипломатијата, одговорајќи на новинарско прашање за Албанија, особено по случајот со Фреди Белери, посочи дека поминаа тежок период на билатерално ниво, истакна дека сакаат добри односи, но тие „поминуваат низ почитување на правата на грчкото малцинство во Албанија“, додавајќи дека прашањето со правата на сопственост е сè уште актуелно и „тоа е неопходен предуслов за да може земјата да оди напред на европскиот пат“. За грчко-турските односи, нагласи дека никогаш немал илузии во пристапот со Турција и секогаш пристапувал со реализам, се осврна на позитивните придобивки од подобрените односи, како пример споменувајќи дека нема нарушувања на воздушниот простор во Егејското море, постои подобро управување во миграцијата и соработката со Турција, но посочи дека „јадрото на турскиот ревизионизам не е променето“. Соработката со Турција ја повтори и во делот за мигрантското прашање, велејќи дека и покрај разликите во миграцијата соработуваат на задоволително ниво. Посочи дека „резултатите на терен се позитивни“, истакна дека Грција ги штити своите копнени и морски граници „со апсолутно почитување на меѓународното право и вредноста на човечкиот живот“, нагласувајќи дека е од големо значење да се имплементира пактот за миграција и азил на европско ниво. На прашањето за новиот грчки комесар во ЕУ, Апостолос Ѕиѕикостас и кој ресор ќе го добие Грција, Мицотакис рече дека нема да говори за портфолијата, бидејќи тоа ќе го соопшти претседателката на ЕК, но посочи дека земјата ќе добие „важен ресор“. Паралелно додаде дека изборот на Ѕиѕикостас за еврокомесар, кој е префект на областа централна Македонија, е „почит кон Македонија“ и „порака до Брисел дека не мора сите комесари да бидат технократи“, а изрази увереност дека новиот грчки комесар ќе работи за Европа и Грција и ќе и помогне на земјата. Грчкиот премиер уште еднаш ги демантираше сценаријата и шпекулациите дека има амбиции за добивање европска позиција, повторувајќи дека е избран премиер на земјата со целосен четиригодишен мандат, кој има намера да го исцрпи до пролетта во 2027 година. Денешната прес-конференцијата во рамките на Меѓународниот саем во Солун траеше нешто помалку од два и пол часа, Мицотакис одговори на речиси 40 прашања, а портпаролот на грчката Влада коментираше дека биле многу повеќе прашања од лани. Грчкиот премиер говореше за приоритетите и целите до 2027 година, односно до крајот на мандатот, ставајќи го акцентот на зголемувањето на платите и подобрувањето на националниот здравствен систем, говореше за прекумерниот труизам за кој рече дека не е структурен проблем за Грција, а се осврна и на сите останати актуелни темите во внатрешноста на земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаСлавески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“Зголемен неделен лимит и целосна исплата на идните приливи, најави гувернерот Славески на попладневната прес конференција поврзана со привремената администрација на банката од страна на Народната банка..Повеќе детали околу новите три олеснувања за располагање на средсствата за клиентите на банката повеќе од Маја Стојановска.. Маја кои се новите олеснувања што ги соопшти Славески? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен режим на сообраќај утре во Скопје поради тркаНа 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар .На 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар насловена како „Centar Night Run“, со траса на движење од ул.„Орце Николов“ (кај општина Центар), десно по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“, назад по бул.„Илинден“, лево по ул.„Франклин Рузвелт“ се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по бул.„Св.Климент Охридски“ (коловозна лента во насока север – југ) се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад во истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, се до крстосница со бул.„Илинден“, назад по истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по ул.„Наум Наумовски Борче“, лево по ул.„Михаил Цоков“, повторно лево по ул.„Михаил Цоков“ и десно по ул.„Орце Николов“ до целта. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Црна хроникаУапсен е гостиварец, кој ја принудувал својата 80 годишна неподвижна мајка на питачење Лишено од слобода лице кое ја принудувало својата мајка на питачење, поднесена кривична пријава за „трговија со луѓе“.На 06.11.2026, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Во текот на 2025 и 2026 година, Н.Н. делото го сторил со цел стекнување противправна имотна корист, на начин што ја искористил ранливоста и зависната положба на неговата мајка З.С(80) од Гостивар, како и нејзината физичка неспособност, (истата се движи со инвалидска количка и не ги извршува самостојно секојдневните активности), и ја принудувал на питачење. Имено Н.Н. својата мајка подолг временски период во континуитет ја носел на локација во Гостивар, и ја изложувал на трудова експлоатација по пат на питачење, додека за целото време бил присутен во нејзина непосредна близина, ја надгледувал и контролирал нејзината активност, по што насилно и на дрзок начин и ги одземал паричните средства, кои потоа ги користел за свои потреби. Врз основа на издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, на подрачје на Гостивар извршен е претрес во дом и други простории кај Н.Н., при што лицето е лишено од слобода. Од извршениот претрес пронајдени и привремено одземени се мобилни телефонски апарати и парични средства кои потекнуваат од извршување на кривичното дело, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00