БалканМицотакис предлага пет правила за зелена транзицијаЕУ се соочува со бројни други предизвици. Енергетската транзиција треба да ја зајакне пошироката стратешка рамка во однос на местото што Европа сака да го заземе во светот. Фокусирање на ефикасно искористување на ресурсите; зачувување на технолошката неутралност; одново посветување на внатрешниот пазар, како и подобро управување со пазарот, се правилата за зелена транзиција, што грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги предлага во колумната за „Фајненшл тајмс“.. Мицотакис пишува дека зелениот договор на Европската Унија се наоѓа на пресвртна точка, дека високите цени на енергенсите не оставаат простор економиите да се оптоварат со дополнителни трошоци, а „во исто време, новата геополитичка реалност ја намали подготвеноста на Европа за нови односи на зависност од горива, минерали или технологии“. - ЕУ се соочува со бројни други предизвици. Енергетската транзиција треба да ја зајакне пошироката стратешка рамка во однос на местото што Европа сака да го заземе во светот. Со оглед на овие предизвици, би сакал да предложам пет едноставни правила за зелена транзиција, пишува Мицотакис. За ефикасното искористување на ресурсите, како прво правило, објаснува дека додека европските земји сè уште согоруваат јаглен во електрани и користат нафта за греење на домовите и во фабриките, се промовира декарбонизацијата на бродови, авиони и на најсложените индустриски процеси. - Овој акцент на истовремено справување со сите емисии е краткорочен. Треба да ја прошириме употребата на технологии со ниски емисии кои се конкурентни, додека паралелно го продолжуваме развојот на оние што сè уште не се конкурентни, но со разумно темпо. Исто така, сè појасно станува дека последните чекори до постигнување на климатска неутралност ќе бидат скапи. Затоа, мораме да се движиме внимателно, да останеме флексибилни и да се осигуриме дека бројките имаат економска логика, пишува грчкиот премиер. Второто правило, според него е да се зачува технолошката неутралност, вели дека „Европа потпишува договори за купување природен гас од Америка, но не поддржува експлотација на гас во рамките на ЕУ“, дека постојат многу ресурси за финансирање на водород како извор на енергија, но многу малку за нуклеарна енергија. Третата и четвртата точка се однесуваат на внатрешниот пазар, коментирајќи дека постојат големи ценовни разлики во Европа, особено во цената на електричната енергија, а малкумина се подготвени да ја споделат својата евтина електрична енергија. Посочува дека е потребно подобро управување со пазарот, кога пазарите на енергија, особено на електричната енергија, „стануваат сè посложени, меѓусебно зависни и нетранспарентни“, што според него е „опасна комбинација кога се работи за нешто што е од суштинско значење за човечкиот живот и за конкурентноста на Европа“. На крајот, како петта и последна точка пишува дека „зелената транзиција не смее да биде единствената цел“. - Со години Европа ја ставаше декарбонизацијата над сè. Другите цели, вработувањата, индустриското производство и стратешката автономија, беа поразени кога се „пресметаа“ со декарбонизацијата. Не можеме да инсистираме за оваа насока. Декарбонизацијата е од витално значење, но не е единствената цел. Ако е потребно да прифатиме одредени емисии малку подолго за да ги спасиме нашите индустрии или да ја одржиме социјалната кохезија, тогаш нека биде така. Овие дискусии мора да се водат искрено. Не можеме да тргнеме од климатската неутралност како единствена почетна точка и да се надеваме дека сè друго ќе заврши со среќен исход, пишува Мицотакис. Грчкиот премиер истакнува дека конкретните пет правила што ги предлага се едноставни, ако сериозно се земат предвид и се смисли стратегија околу нив „постои потенцијал да се обликува многу поинаква агенда за ЕУ“. - Верувам дека тоа ни е потребно во 2025 година. Во спротивно, може да ја добиеме трката за климатска неутралност, само за да откриеме дека сме трчале во погрешна трка. Не можеме да дозволиме ова да се случи, пишува Мицотакис во колумната за „Фајненшл тајмс“. Тагови: Киријакос Мицотакис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
ЗабаваФото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“Списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ секоја година организира ревија на костими за капење во Мајами. Учеснички во програмата се главно ѕвезди од реални шоуа, инфлуенсерки и дами од модната индустрија, така било и годинава. Меѓу многуте убавици кои прошетаа во минијатурно бикини по пистата беше и провокативната реалити ѕвезда Стаси Шредер. Станува збор за поранешната ѕвезда на реалното шоу „Vanderpump Rules“, која ги воодушеви многумина на модната ревија со својот атрактивен изглед и секси одење. Сепак, јавноста на социјалните мрежи не беше задоволна од нејзините вештини, па за кратко време Стаси стана предмет на потсмев и бројни критики. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Шоу бизФото: Секси русокосата не препушта ништо на случајностаАктерката и манекенка Брукс Надер не престанува да изненадува со своите провокативни изданија, а моментално ужива во Франција, од каде што доаѓаат и нејзините најнови фотографии.Моделот и актерка Брукс Надер ужива во топлотниот бран, со неа уживаат и нејзините следбеници кои желно ја очекуваат секоја нова објава на оваа контроверзна убавица. Неодамна таа престојуваше и на Јадранот – ги посети Хрватска и Црна Гора – а нејзините изданија од таму исто така оставија силен впечаток на социјалните мрежи. Сепак, таа подготви нешто ново за Франција, па најпрво позираше во кратки бели шорцеви и ѝ сврте грб на камерата, а иако не е првпат да покаже нешто повеќе, повторно ги воодушеви и изненади сите. Меѓу низата фотографии се најдоа и оние на кои Брукс носи кратки и длабоко деколтирани фустани, па нејзините бујни гради беа главна тема и на овој одмор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВеќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансферДали фудбалерите навистина вредат толку многу? Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер, а Јан Диоманде би можел да биде следниот. Најголемиот трансфер што моментално се подготвува на пазарот е доаѓањето на Јан Диоманде од РБ Лајпциг во Реал Мадрид. Доколку трансферот се реализира, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе се приклучи кон ексклузивната група играчи за кои се платени повеќе од 100 милиони евра. Досега, 21 фудбалер ја достигнале таа вредност, почнувајќи од летото 2013 година, кога Реал Мадрид му плати на Тотенхем 101 милион евра за Герет Бејл. Оттогаш, трансферите со обештетувања од деветцифрени износи станаа многу почести и веќе не предизвикуваат толку многу полемики како порано. Доаѓањето на клубови во сопственост на држави и милијардери дополнително го зголеми бројот на вакви трансфери. Меѓу нив, се издвојува Пари Сен Жермен, кој во 2017 година ги сруши сите рекорди со плаќање 222 милиони евра за Нејмар, активирајќи ја неговата откупна клаузула од договорот со Барселона. Само неколку недели подоцна, ПСЖ го доведе и Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра. Ако има еден клуб што доминира на оваа листа, тоа е Челзи. Во ерата на Роман Абрамович, а потоа под сопственост на Тод Боели, лондонскиот клуб донесе дури пет играчи за повеќе од 100 милиони евра: Морган Роџерс, Енцо Фернандез, Мојсес Кајсед, Ромелу Лукаку и Каи Хаверц. Клубови од Премиер лигата учествуваа во дури 11 од вкупно 22 трансфери вредни над 100 милиони евра. Шпанската Ла Лига, вклучувајќи го и евентуалното доаѓање на Диоманде, учествув во осум такви трансфери. Четири би му припаднале на Реал Мадрид, три на Барселона и еден на Атлетико Мадрид. Франција е претставена од ПСЖ, додека единствениот претставник на Серија А е Јувентус, поради Кристијано Роналдо. Покрај тоа што сè уште е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, Нејмар е и играчот за кого се издвоени најмногу пари во текот на неговата кариера. Барселона и ПСЖ заедно платија речиси 400 милиони евра за неговите трансфери. На второто место е Ромелу Лукаку, за кого клубовите издвоија вкупно околу 370 милиони евра, додека Кристијано Роналдо е трет со 247 милиони. Трансфери над 100 милиони евра: 1.Нејмар – 222 милиони евра (Барселона → ПСЖ) 2.Килијан Мбапе – 180 милиони евра (Монако → ПСЖ) 3.Александар Исак – 145 милиони евра (Њукасл → Ливерпул) 4.Морган Роџерс – 138 милиони евра (Астон Вила → Челзи) 5.Елиот Андерсон – 135 милиони евра (Нотингем Форест → Манчестер Сити) 6.Жоао Феликс – 127,2 милиони евра (Бенфика → Атлетико Мадрид) 7.Флоријан Вирц – 125 милиони евра (Баер Леверкузен → Ливерпул) 8.Енцо Фернандес – 121 милиони евра (Бенфика → Челзи) 9.Филипе Кутињо – 120 милиони евра (Ливерпул → Барселона) 10.Антоан Гризман – 120 милиони евра (Атлетико Мадрид → Барселона) 11.Џек Грилиш – 117,5 милиони евра (Астон Вила → Манчестер Сити) 12.Мојсес Каиседо – 116 милиони евра (Брајтон → Челзи) 13.Еден Азар – 115 милиони евра (Челзи → Реал Мадрид) 14.Ромелу Лукаку – 113 милиони евра (Интер → Челзи) 15.Кристијано Роналдо – 112 милиони евра (Реал Мадрид → Јувентус) 16.Сандро Тонали – 108 милиони евра (Њукасл → Тотенхем) 17.Пол Погба – 105 милиони евра (Јувентус → Манчестер Јунајтед) 18.Усман Дембеле – 105 милиони евра (Борусија Дортмунд → Барселона) 19.Џуд Белингем – 103 милиони евра (Борусија Дортмунд → Реал Мадрид) 20.Герет Бејл – 101 милион евра (Тотенхем → Реал Мадрид) 21.Каи Хаверц – 100 милиони евра (Баер Леверкузен → Челзи)Тагови: милиони Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09