Мицотакис: Од 2027 година минималната плата ќе биде 950 евра - Канал 5

Мицотакис: Од 2027 година минималната плата ќе биде 950 евра

Од 2027 година минималната плата ќе биде 950 евра и со закон ќе биде забрането да се намали.

Мицотакис: Од 2027 година минималната плата ќе биде 950 евра

Како што се обврзавме, перспективата е минималната плата да достигне 950 евра во 2027 година, но денеска разговараме за новиот, постојан систем на нејзино утврдување по 2027 година и за иницијативата со закон да биде забрането намалување, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочи дека станува збор за „клучна иницијатива“, а висината на зголемувањето на минималната плата ќе се одредува според два критериуми, како што рече, од стапката на раст и подобрувањето на продуктивноста на економијата и од инфлацијата.

-Уште еднаш да потсетам дека минималната плата беше 650 евра во 2019 година, веќе е 830 евра и ќе ја исполниме нашата заложба до 2027 година да достигне 950 евра. Тоа е зголемување за речиси 50 отсто. Додека просечната заработка, од 1.036 евра, нашата цел е – и верувам дека ќе ја постигнеме, можеби и ќе ја надминеме – е да достигнеме 1.500 евра во 2027 година, односно подобрена за 45 отсто, истакна Мицотакис.

Обраќањето на владината седница грчкиот премиер го започна изразувајќи поддршка и солидарност за Шпанија по поплавите, посочи дека тоа „уште еднаш нѐ потсетува дека никој не е имун на климатската криза, но и ја истакнува улогата на цивилната заштита, правилното функционирање на бројот 112, превентивните евакуации, европската солидарност, како и заедничките акции во Медитеранот, кој, како што велат научниците е во фокусот на климатската криза“.

Во говорот се осврна и на вчерашната средба на кипарскиот претседател Никос Христодулидис со американскиот претседател Џо Бајден, за која рече дека со оглед на тоа дека е прва по 28 години, е „важен доказ за надградбата на односите на Кипар со САД“.

Мицотакис попладнево во Атина ќе се сретне со Христодулидис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

Николоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство

На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Министерот Николоски истакна дека Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции како значаен двигател на економскиот раст, регионалното поврзување и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.

На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, во духот на традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете земји.

Со почит,

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Најмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. 

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, а според Тошковски, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, продолжува хиперхлорирањето на водоводниот систем. Тошковски вели дека присуство на хлор е регистрирано на сите контролни точки, што е показател дека дезинфекцијата се одвива успешно. Паралелно се испира примарната мрежа, за што упати и апел граѓаните да ги отвораат чешмите за да се исчисти и секундарната водоводна мрежа во домовите.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење.

Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. За споредба, на 18 јули, кога беше врвот на кризата, биле евидентирани 650 прегледи. Според здравствените власти, во овој момент состојбата е стабилна, а бројот на пациенти постепено се намалува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер