Мицотакис: Нашето оружје се храбрите реформи - Канал 5

Мицотакис: Нашето оружје се храбрите реформи

Мицотакис рече дека во првиот мандат се соочија со континуирани кризи, додека пак сега, во вториот, треба да се соочат со последиците

Мицотакис: Нашето оружје се храбрите реформи

Нашето оружје ќе бидат храбрите реформи, со храбри промени. Нашата стратешка определба мултидимензионална модернизација, координирани интервенции на сите полиња од јавниот живот, за да се подобри секојдневието на граѓаните, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на состанокот на политичкиот комитет на Нова демократија, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека во првиот мандат се соочија со континуирани кризи, додека пак сега, во вториот, треба да се соочат со последиците, истакнувајќи дека имаат „политичка волја и партиска сила да ја водат битката“, но, пред сè, дека ја имаат довербата од грчкото општество, „запечатена на последователните избори“.

-Навистина станува збор за наградување на конзистентната политика. Сепак, ќе повторам дека добиените 41 отсто не е еднакво на бланко чек. Тоа е еднакво на зголемена одговорност. Тоа не е алиби за грешки, порача Мицотакис.

Потсети дека земјата одново го доби инвестицискиот степен, „бележи една од највисоките стапки на раст во Европа, со рекорден извоз и постојано ги намалува невработеноста и јавниот долг“.

Се осврна и на претстојните европски избори што ќе се одржат на пролет, велејќи дека од една страна треба да се одржи политичката стабилност на земјата, а од друга, Грција треба да избере членови на ЕП, кои ќе имаат европска ориентација, „кои ќе го зајакнат националниот глас, кои ќе ја зајакнат националната интервенција во тешките односи во заедницата“.

-И во двата случаи еден е одговорот: чиста победа на Нова демократија, порача грчкиот премер.

Во однос на ситуацијата на Блискиот Исток, Мицотакис рече дека „четири точки ја дефинираат националната позиција за трагичните неодамнешни настани“.

Прво дека Израел има право на самоодбрана, второ дека Израел како демократија мора да реагира во рамките на меѓународното право и особено во рамките на меѓународното хуманитарно право, одвојувајќи ја терористичката Хамас од палестинскиот народ.

-Трето, ја изразуваме нашата длабока загриженост за ескалирачката реакција на Израел и многу големите загуби на животи во Појасот Газа. Цивилите мора да бидат заштитени и мора да има олеснување со итни прекини на огнот и хуманитарни коридори на солидарност за лекови и храна. Сакам да ви кажам дека Грција во оваа дискусија беше присутна од самиот почеток, истакна Мицотакис.

Додаде дека четвртата точка се однесува на цврстиот став на грчката надворешна политика дека конечното решение треба да биде политичко, а не со воена доминација. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Апелациониот суд во Скопје донел ослободителна пресуда за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во предметот „Меѓународен сојуз“. Со оваа одлука е преиначена првостепената пресуда со која Јовановски беше осуден на пет години затвор.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој го застапуваше Јовановски во судската постапка.

„Ете, правдата е спора, но достижна! Апелациониот суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од пет години!“, напиша Дуковски.

Адвокатот во објавата изрази задоволство од одлуката и оцени дека таа е резултат на недостатоците во обвинението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Средношколци и студенти денеска повторно организираа блокади и протести во повеќе француски градови, меѓу кои Париз, Рен, Марсеј и Тулуз додека полицијата интервенира за да ги деблокира училишта.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Во Нант рано утрината беа уапсени и приведени тројца ученици од средно училиште, кои се задржани во полиција во рамките на истрагата за пожарот што избувна во тоа училиште минатиот месец.

Протестите на средношколците и студентите во Франција почнаа кон средината на септември поради недостигот на наставен кадар, лошите услови во училиштата и незадоволството од состојбата во образовниот систем. На демонстрациите минатата сабота учествуваа повеќе од 300 илјади луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД избираат нов Конгрес – анкетите сугерираат дека републиканците на Трамп можат да ги загубат и двата дома

Околу 250 милиони Американци со право на глас денеска избираат нов конгрес на среднорочните избори кои се сметаат за своевиден референдум „за“ и „против“ политиката на Трамп..

САД избираат нов Конгрес – анкетите сугерираат дека републиканците на Трамп можат да ги загубат и двата дома

Се избираат сите 435 претставници во Претставничкиот дом и 35 сенатори во Сенатот, каде што републиканците во моментов имаат тесно мнозинство.. Последните анкети покажуваат дека соперничките демократи можат да ги освојат и двата дома на Конгресот и да ја одредат траекторијата од остатокот на мандатот на Трамп, чиј рејтинг падна на рекордно ниско ниво.

Дел од истражувањата покажаа дека демократите имаат предност во пет од седумте клучни сојузни држави, вклучително и во Канзас, каде што демократите не победиле речиси 100 години.. Во завршниот говор во Вашингтон, Трамп обвини дека демократската партија номинирала најекстремна и најопасна листа кандидати во американската историја..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер