3Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
БалканМицотакис најави ново зголемување на минималната плата во Грција Ново зголемување и усогласување на минималната плата, за кое ќе биде одлучено на владина седница кон крајот на март, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешниот состанок на Владинот совет за економска политика.Во воведното обраќање, Мицотакис е осврна на важноста да се продолжи со динамиката на економски раст и стабилно да остане над европскиот просек, но и да продолжат, како што рече, „многу позитивните резултати на пазарот на трудот, со дополнително намалување на невработеноста со цел да се достигнат историски најниски нивоа“. - Централна цел, секако, останува и справувањето со упорниот проблем на високите цени. Верувам дека со создавањето на Независната управа за потрошувачите правиме важни чекори за подобро разбирање на тоа што навистина се случува денес на пазарот, со можност за насочени интервенции онаму каде што Управата ќе оцени дека е неопходно. Во однос на општата фискална политика, мислам дека доследното спроведување на буџетот, со постигнување на целите за примарните суфицити и за намалување на јавниот долг, е рамката што создава позитивна макроекономска средина за спроведување на останатите политики, посочи Мицотакис. Дополнително, од кабинетот на вицепремиерот на Грција Костис Хаѕидакис соопштија дека, освен одржувањето на макроекономската, фискалната и финансиската стабилност, во фокусот биле и главните приоритети за 2026 година, односно: повеќе инвестиции и поттикнување на бизнис активноста; конкурентноста и продуктивната трансформација со зајакнување на динамичните и извозно ориентирани сектори на економијата; дополнување и завршување на инфраструктурата во Грција и мерки за поддршка на приходите на домаќинствата и намалување на трошоците за живот за сите. /МИАТагови: Киријакос Мицотакис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57
СветТрамп најави нов фронт: По Иран нашите бродови ќе тргнат кон Куба (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп го искористи предизборниот митинг во Флорида, каде што кубанските Американци се значајна изборна единица, за да вети дека ќе се обрати на Куба откако ќе се реши ситуацијата со Иран.Во 90-минутниот говор во Форт Мајерс, Флорида, Трамп повтори дека може да има нова воена акција против Иран додека се обидува да се справи со причините за наглиот пораст на цените на нафтата - ситуација што ги стави републиканците во дефанзива пред изборите на 3 ноември. Обраќајќи се на постарите Американци што живеат во Флорида, Трамп објави план за инвестирање 250 милиони долари за вработување најмалку 5.000 нови медицински сестри и техничари во домови за стари лица низ САД. Трамп: Ќе го испратиме Марко Рубио да ја заврши работата Бидејќи нема крај на конфликтот со Иран на повидок, Трамп зазеде цврст став кон Куба, продолжувајќи да врши притисок врз комунистичката влада таму по соборувањето на лидерот на Венецуела претходно оваа година, според Ројтерс. Трамп, кој освои 68 проценти од гласовите меѓу кубанските Американци во Флорида, рече дека американските поморски сили, кои моментално се вклучени во војна со Иран, ќе застанат на Куба на пат кон дома. „Еден од бродовите ќе застане на околу 50 јарди од брегот. Ќе ги кренат рацете во знак на предавање, а потоа ќе го испратиме Марко Рубио да ја заврши работата“, рече тој. Државниот секретар Рубио, поранешен американски сенатор од Флорида, во голема мера беше шеф за политика на администрацијата на Трамп за Куба. Митингот на Трамп имаше за цел да ги зголеми изборните изгледи на републиканскиот претставник од Флорида, Бајрон Доналдс, кој се кандидира за гувернер против демократот Дејвид Џоли. САД воведуваат ембарго за нафта врз Куба Трамп го зголеми притисокот врз Куба во својот втор мандат. Во септември, тој ја нарече Куба „пропадна држава“ на Генералното собрание на ОН и рече дека „слободата ќе дојде на Куба“, што предизвика напуштање на кубанската делегација. Трамп отворено изјави дека неговата цел е фундаментално да ја промени кубанската влада. Ембаргото за нафта наметнато од САД ја стави земјата под голем притисок додека се бори со недостиг на гориво и прекини на електрична енергија, влошени од влошената инфраструктура.Тагови: Доналд Трамп куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСрбин е уапсен вчера на Табановце- во јули возел со 166 км/час кај Демир КапијаЛишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 166 км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80 км/ч .На 23.10.2026 во 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(39) од Србија. При проверка на патничко возило „баик“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 15.07.2026 на автопатот Гевгелија - Демир Капија, М.П. го управувал возилото со брзина од 166 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен и задржан во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57
МакедонијаМанасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?Пред дебаклот во Брвеница на предвремените локални избори, Венко изјави дека ќе обзнани анкети во кои СДС имал голем рејтинг и граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ.Две недели по таа изјава на Филипче, ниту трага и глас од анкетите. Го прашуваме Филипче, каде се тие негови анкети во кои СДС има голем пораст во рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ пад? Зошто не ги покаже во јавноста? Зошто ги крие? Дали тие анкети се направени во штабот на СДС? Додека Филипче ветуваше анкети, во реалниот свет, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница со 4 спрема 1, поддршката на Филипче во СДС е на завидно ниво, кој стигне му бара оставка, но ние како ВМРО-ДПМНЕ му даваме целосна поддршка. Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски имаат најголема поддршка од граѓаните, а СДС полека но сигурно со Филипче станува маргинална партија. Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче. Граѓаните ја ценат работата, посветеноста и вистинската грижа која ВМРО-ДПМНЕ ја пружа. Затоа Филипче не сака избори, затоа што ќе доживее дебакл, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57