Мицотакис на средбата со земјоделците: Очекувам суштинска дискусија за да се стави крај на периодот на голема тензија - Канал 5

Мицотакис на средбата со земјоделците: Очекувам суштинска дискусија за да се стави крај на периодот на голема тензија

Мицотакис денеска ја прими делегацијата од 25 претставници и шестмина набљудувачи одредени од земјоделците од 62 блока од цела Грција, а на почетокот на средбата посочи дека според Владата „оваа средба требаше да се одржи порано“.

Мицотакис на средбата со земјоделците: Очекувам суштинска дискусија за да се стави крај на периодот на голема тензија

Надеж дека ќе имаат продуктивна, отворена, суштинска и искрена дискусија, со цел да се стави крај, на како што рече, периодот на голема тензија, изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на средбата со земјоделците кои протестираат веќе 52 дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис денеска ја прими делегацијата од 25 претставници и шестмина набљудувачи одредени од земјоделците од 62 блока од цела Грција, а на почетокот на средбата посочи дека според Владата „оваа средба требаше да се одржи порано“.

- Немам очекување да се согласиме за сè, но верувам дека ќе имаме суштинска дискусија за да се стави, би рекол, крај на еден период на голема тензија, што, мислам, на крајот не им послужи ниту на вашите оправдани, но и бројни барања, ниту на општеството, кое во оваа фаза, мислам дека бара да одиме напред, справувајќи се со барања што се оправдани, но истовремено јасно беше кажано од наша страна што од она што го барате може да се реализира и што не може, рече Мицотакис.

Објасни дека веќе се преземени иницијативи за прашањата што континуирано ги покренуваат земјоделците.

Како пример ги спомена интервенциите во цената на електричната енергија за земјоделците и можноста за враќање на специјалниот данок на потрошувачка за горивото, кое, како што рече, се во можност да го исполнат и за кое ќе разговараат детално.

Земјоделците според најавите, на средбата ќе покренат 14 барања меѓу кои договорот Меркосур, поевтина електрична енергија и гориво за сите земјоделци, обесштетувањата за сите болести кај животните, но и за природните опасности, како и за надоместувањето на изгубениот приход.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, со блокади на автопатишта, патишта, гранични премини, а тракторите и понатаму се на улица, паркирани во една коловозна лента.

Грчкиот премиер во вторникот се сретна со претставници на околу 18 земјоделски блокови од целата земја, односно со оние кои уште од минатиот месец се одвоија од останатите земјоделци и побараа дијалог со владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Реконструкција на влада – тепачка за фотелји

Во тендер коалицијата владее хаос. 

СДСМ: Реконструкција на влада – тепачка за фотелји

Партијата ЗНАМ повеќе не постои. Преостанати се само двајца - Максим Димитриевски и Горан Минчев.

ВМРО стои зад Минчев, додека Максо си бара подобра позиција за себе.

Сите знаат дека им преостануваат уште само неколку месеци за тендери, пред Мицкоски да распише избори.

Состојбата во ВМРО не е подобра. Министерот за внатрешни работи е во отворен судир со други министри. Секој сака да остане во својата фотелја.

Деновите се бројат до празната државна каса, па сите брзаат со своите тендери.

Додека на јавноста ѝ се претставуваат „добри резултати“, зад затворените врати на Белата палата се води тепачка за позиции и лична добивка.

Ако резултатите се толку добри на оваа Влада, зошто тогаш реконструкција?

Додека граѓаните гледаат во празните паричници и фрижидери, зад ѕидовите на власта се води борба за уште тендери и уште лично богатење.

Вака изгледа кога на власт е организирана криминална група. Кога шефот на бандата Мицкоски ја води политиката, настануваат војни меѓу криминалните кланови.

Ако не се договорат за позициите, ќе има измислен изговор за избори.

Буџетот е празен, а тие брзаат да се задолжат уште повеќе. За само две години натоварија 2,5 милијарди евра нов долг врз грбот на народот.

Стотици тендери и стотици милиони завршија во џебовите на овие криминалци со бугарски пасоши и државјанства.

Во меѓувреме, обичниот народ чека по 10 часа на граница, младите размислуваат за заминување, земјоделците се борат да преживеат, работниците тешко врзуваат крај со крај, а пензионерите имаат помалку пари од месец во месец.

Наскоро ќе дојде време на вистина и правда. Враќање на европскиот пат, кога сите до еден ќе одговараат.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ја продолжи вонредната состојба за Западен Балкан

Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан, потег што останува на сила поради, како што се наведува, заканите за националната безбедност и надворешната политика на САД.

Трамп ја продолжи вонредната состојба за Западен Балкан

Според објавата во федералниот регистар, мерката се однесува на лица и групи кои поддржуваат екстремистичко насилство во регионот, како и активности што го попречуваат спроведувањето на мировните договори во Босна и Херцеговина, Косово и Македонија.

Вонредната состојба првпат ја прогласи американскиот претседател Џорџ Буш 2001-ва година, со извршна наредба која овозможува замрзнување на средствата на поединци и организации што ја загрозуваат стабилноста на регионот. Во документот се споменува и Охридскиот рамковен договор, кој беше вклучен во дополнителните мерки преку измените на извршната наредба од 2003 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Гевгелија

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Гевгелија

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

20 Гевгелија, 14 Претор, 4 Тополчани, 3 Скопје Петровец, 1 Охрид, Струмица, Штип, Кавадарци.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер