Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година
1Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година
3Си-Ен Ен:14 руски шпионски сателити се преместија над американската воена база два дена пред нападите на Иран
БалканМицотакис ќе ја посети КанадаПремиерот на Грција, Киријакос Мицотакис на 24 март ќе отпатува во посета на Канада, каде што ќе се сретне со неговиот колега Џастин Трудо и ќе го финализира договорот за купување на седум противпожарни авиони, објави „Катимерини“.Тоа ќе биде прва посета на грчки премиер на Канада по 41 година. Мицотакис в недела во Монтреал ќе се сретне со Трудо и ќе присуствуваат на комеморацијата за Денот на независноста на Грција – 25 март, настан организиран од грчката заедница во Канада. Мицотакис во интервју за канадскиот весник „Глоуб енд меил“ (Globe and mail) истакна дека со Трудо ќе разговара за ситуацијата во Украина и за израелско-палестинскиот конфликт. Предвидено е Мицотакис на 25 март да отпатува за Торонто на средба со бизнис заедницата и со претставници на локалната грчка заедница. Во Канада, Мицотакис исто така ќе склучи договор за купување на седум авиони за гаснење на пожар ДЦХ-515, најновите модели од „Де Авиланд“ (De Havilland). Пет од седумте авиони во грчкото воздухопловство ќе ги купи грчката Влада. Останатите две ќе ги купи Европска Унија за нејзиниот огранок за цивилна заштита, познат како „rescEU“. Двата авиони ќе бидат лоцирани во Грција, но ќе летаат и во други земји за да пружат помош при итни случаи на шумски пожари. Вредноста на набавката е околу 360 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата годинаПрашањето дали македонските граѓани се безбедни е легитимно. Слободно можам да кажам да, но сепак станува збор за едно комплексно прашање. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостувањето на Македонската радио телевизија, говореше за актуелната безбедносна состојба, истрагата за убиството во Чаир и движењето на криминалитетот во првите осум месеци од годинава. Во однос на убиството во Чаир, министерот информираше дека истрагата сè уште е во тек и дека се расчистуваат околностите поврзани со еден од двајцата осомничени, вклучително и прашањето зошто лицето било на слобода во моментот на извршување на делото. Тошковски посочи дека во оваа фаза не може да изнесува дополнителни детали за истрагата и изрази очекување дека осомничените наскоро ќе бидат лишени од слобода. Тој потсети дека и во претходни случаи на најтешки кривични дела осомничените биле обезбедени и против нив биле преземени соодветни мерки. Одговарајќи на прашањето дали граѓаните се безбедни, министерот нагласи дека безбедносната состојба треба да се оценува врз основа на конкретни податоци и споредби, а не само преку поединечни настани. „Прашањето дали македонските граѓани се безбедни е легитимно. Слободно можам да кажам да, но сепак станува збор за едно комплексно прашање. Истото не би можеле да го толкуваме надвор од она коешто би требало да бидат бројки, статистика и реалност“, истакна Тошковски. Според податоците што ги презентираше, во периодот од јануари до август 2026 година е забележано намалување на повеќе категории тешки кривични дела во споредба со истиот период минатата година. Бројот на убиства е намален од 19 на 12, односно за околу 37 проценти. Бројот на регистрирани сторители е намален од 26 на 13, додека бројот на жртви е намален од 20 на 12, што претставува намалување од околу 40 проценти. Особено изразено намалување, од приближно 65 проценти, е регистрирано кај обидите за убиство. Разбојништвата се намалени за околу 40 проценти, а тешките кражби за приближно 30 проценти во споредба со истиот период во 2025 година. „Слободно можам да оценам дека имаме намалување на бројот на кривични дела од овој тип на насилен криминалитет. Кога би говореле за разбојништва, имаме намалување за околу 40 проценти, а кога би говореле за тешки кражби, имаме намалување за околу 30 проценти“, посочи министерот. Тошковски оцени дека овие показатели упатуваат на подобрување на безбедносната состојба во делот на насилниот и имотниот криминалитет, но нагласи дека постојат и категории кривични дела кај кои е регистриран пораст. Една од нив е семејното насилство. Министерот посочи дека зголемениот број регистрирани случаи, според неговата процена, е поврзан и со поголемата охрабреност на граѓаните да го пријавуваат овој вид насилство. Во таа насока, го истакна променетиот пристап во постапувањето, наведувајќи дека во Скопје е обезбедена достапност на дежурен судија кој може веднаш да постапува по барањата на Министерството за внатрешни работи. Втората категорија со значителен пораст е кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Според министерот, во првите осум месеци од годинава се регистрирани околу 2.200 вакви кривични дела, што е приближно седум пати повеќе во споредба со истиот период минатата година. Тој објасни дека зголемувањето е поврзано со измените на Кривичниот законик, како и со примената на системот „Безбеден град“, кој овозможува поефикасно откривање на ваквите дела. „Го имаме ‘Безбеден град’, којшто ни помага и тоа како во овој дел на детекција на кривичните дела, и заради тоа имаме драстично зголемување на бројот на кривични дела, седум пати повеќе од истиот период лани“, истакна Тошковски. Министерот нагласи дека при оценувањето на криминалитетот, покрај статистичките показатели, неопходно е да се земат предвид и промените во законската рамка и начинот на откривање и регистрирање на кривичните дела.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Од среда до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од 16.09.2026 година (среда) до 19.09.2026 година (сабота), во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци .Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од 16.09.2026 година (среда) до 19.09.2026 година (сабота), во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, стои во соопштението од Град Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветСи-Ен Ен:14 руски шпионски сателити се преместија над американската воена база два дена пред нападите на ИранЧетиринаесет руски шпионски сателити се преместија над американската воена база во Саудиска Арабија два дена пред катастрофалниот напад од страна на Иран анализира Си-Ен Ен . Временскиот распоред и секвенцата на вселенските летала им овозможија пристап до широк спектар на податоци кои, според американските претставници и меѓународните разузнавачки извори, му помогнале на Техеран да спроведе некои од своите најпрецизни напади над американсклите базиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter